Сама дома. Седам пред компјутерот и си листам блогови - кој што напишал, кој што коментирал... занесена, сконцентрирана до максиум. Одеднаш, ѕвони телефонот. Станувам набрзина и се сопнувам од кабелот на слушалките кој ми се заплеткал околу ногата. Како зачекорувам - го откинивам. Токму на местото каде што се регулира јачината на звукот. Куп жички ме гледаат насмеано во неколку бои, а мене мислите ми се мешаат у акварел. Леееј, си велам, дечките ќе ме убијат кога ќе забележат. Како да се вадам сеа? Се вртам наоколу и размислувам.
Да ги залепам со лепак и да се правам на триипол? Божем, појма немам зошто не работат? Ма, ќе забележат дека се лепени. А, да го наместам кабелот под ногарката од масичката, па демек се истенчил од тежината? Не, нема да пројде. Неможе кабелот сам да се пикне под ногарката, пак јас ќе бидам крива. Да купам нови неможам - недела е денес, се е затворено. Хм... а да го обвинам сопругот? Тој ѕвонеше и го предизвика цело ова. Нека ја превземе вината сега. Ма, нема да успее ни тоа. Тој никогаш не признава дека е виновен за нешто. Дури и кога Е виновен. Секогаш смислува некоја паметна приказна во која јас сум виновникот. Знам. Еве, и сеа кога ме праша дали киснам пак пред монитор, а јас му реков „не“ - тој не поверува.
Што да правам.... што да правам.....?! Ќе се вратат наскоро, ќе седнат да играат некоја игра и ќе ги стават слушалките. А тие расипани. Готова сум. Ќе ме стрелаат со поглед и ќе ме обвинат за невнимание и негрижа. А може да помислат и дека намерно сум ги расипала. Кој би ми верувал дека беше случајнот? Кој уште денес верува во случајности?! Крива сум и готово. Не им е гајле како и зошто. А бе, може да има и последици ова. Ќе се исфрустрираат и по 20 години, легнати на некој кауч ќе раскажуваат како мајка им ги расипала слушалките додека биле деца. А личноста со дебели цвикери и пенкало во устата - ќе клима со главата во знак на осудување. Бррррр! Се стресов!
Морам да смислам нешто. Морам да најдам излез од ситуацијава во која влегов со еден лош чекор. Мисли, жено, мисли! Не ти е главата само за фризура. У ствари, коа веќе станува збор за тоа... не би било лошо да си исечам шишки. Не би ми стоеле лошо. Да. Ама, прво да го решам овој проблем со слушалките.... хм....
Ми текна!
Ќе го расипам компјутерот.
Ха! Тоа е право решение. Така нема да се забележи дека слушалките не работат. Ма, кој ќе ги мисли тогаш слушалките, де. Сите ќе се прашуваат како се расипал комјутерот. А да се најде причина за тоа не е тешко денес - од толку вируси што хараат низ нетот, некој дошол кај нас на гости. И ете - вирусот ќе биде крив за се! Утре ќе го однесам на поправка и истовремено ќе купам нови слушалки. Ни лук јал, ни на лук мирисал. И волкот сит и овците на број. (ама ми одат ова поговорките, бреј)
Така. Арно ми текна. Па, јас сум била генијалец! Утре, откако ќе го земам компјутерот од поправка (со нови слушалки), ќе отидам и ќе се зачленам во СДСМ. Со ваква генијалност таму може да догурам до преЦедател на држава.... ахм... И тој се води од истава девиза - Само голема глупост може да покрие мала глупост. Генијална девиза!
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 9 Април, 2007 - 20:39
Коментари:
При секоја криза во Македонија, кога ќе се загрозеше фотелјата на БиЦи или позицијата на кумровчаните, секогаш се влошуваа меѓуетничките односи. Случајно или намерно не знам, ама симптоматично сигурно. (GoodBytes 9 Април, 2007 - 21:23 | логирај се за да пишуваш коментари) БЦ за да се прикрие себе си - посегнува по системот у државата. Плус, ова слушалки... прислушкувања.... па, предимензионирање на проблемите на државно ниво... човеков е генијален од ништо нешто да направи (у негативна конотација ова, де ) (oksimoron 9 Април, 2007 - 21:48 | логирај се за да пишуваш коментари) (Бунка 9 Април, 2007 - 22:30 | логирај се за да пишуваш коментари) ;- 000 (ХулаХопа 9 Април, 2007 - 22:38 | логирај се за да пишуваш коментари) а бе, Бубо од К-15 арно кажа у еден скеч... претседател на држава не е професија туку дијагноза, бре! (oksimoron 10 Април, 2007 - 09:35 | логирај се за да пишуваш коментари) `Е, ти што дремеш по цел ден на тоа блогот, тоа блог `пријателчињата` ти пратиле некој вирус, де... многу те сакаат...`, а после на мажот ти: `Тато, тато, ај да гласаме повеќе мама да не седи на компјутер, те молам, еве сега и во политичка партија ќе се зачленувала, те молам тато, не смее да се информира повеќе и да прислушува државни разговори... ` (seelenluft 10 Април, 2007 - 12:36 | логирај се за да пишуваш коментари) ти лиии...море шо си ти... мислиш лесно е да се биде моја ќерка. А, да си ми - има ко кукле да бидеш, а не тука заговори да ми правиш. Ко Рада пред Бранко. Ќе гласале... а бе, ќе ве надгласам. 103,7 % (по системот на Амди Бајрам) Зашто - треба да знаеш, треба да умееш Заборавив да напоменам (а требаше изглеа) - Сите ликови и настани се измислени. Секоја сличност е случајна. Намерно. (oksimoron 10 Април, 2007 - 13:27 | логирај се за да пишуваш коментари) Прај се на триипол (Леонова 10 Април, 2007 - 13:37 | логирај се за да пишуваш коментари) (dr. Max 10 Април, 2007 - 23:40 | логирај се за да пишуваш коментари) кога се правам јас на триипол, они одат на шестипол и ме фаќаат на кривина Џабе ми е ------------------------------------------- dr. Max, а бе, не ти е лоша идеата, ама јас од струја појма неам. А за расипување компјутери сум махер Шо е сигурно, сигурно е. ------------------------------------------------------ ГораздАРТ, карикирав можеби повеќе отколку што треба, но твоето уметничко око ги гледа сите детали. Поздрав ------------------------------------------------------ Верверичке, а бе, може и сценарио да напишеме. Со описите во заградите - (се почеша со раката зад увото, го накриви вратот и ја подигна левата веѓа изговарајќи)- Така значи. (потоа нишна со главата замислено и замина со бавен чекор). Алегоричниот израз им дава боја на настаните. И можност од нијансирање Поздрав ------------------------------------------------------ estarahelamu, а бе, лесна работа - кажи и на пријателката дека на улица те застанале некои археолози и ти ја конфискувале токата во име на науката, како артефакт од минатиот век Поздрав и не се секирај ------------------------------------------------------ Кликер, а бе што е многу, многу е. У право си. До тука (со рака покажувам крај челото ) ми е дојдено од претседателувањето. Да се вратиме на берзата со зборовите (oksimoron 11 Април, 2007 - 21:48 | логирај се за да пишуваш коментари) лево стапало зад деснато... благ наклон... десно зад левото... пак наклон... насмевка ------------------------------------------ вилоетова, хм...нормалноста секогаш ми била сомнителна како поим (oksimoron 12 Април, 2007 - 11:45 | логирај се за да пишуваш коментари) (Martina... 13 Април, 2007 - 07:51 | логирај се за да пишуваш коментари) понекогаш е потребно да се има доза фантазија за да се сфати реалноста Поздрав ----------------------------------------------------- Ненад, м‘чи не лафи....тешко ми е и кога замислувам ----------------------------------------------------- Lollypop, како да не го фати човек страв - сите ние сме ТИЕ деца ----------------------------------------------------- Томба, Колку повеќе се обидува човек да се „извади“ од некоја глупост - толку подлабоко тоне И, кој рече дека е исплатливо, де?! ----------------------------------------------------- macedonia, А бе, Кавадарци не е сал твојата фамилија. Излези, шетни, помауабети и со други.... ќе видиш дека не се сите така затуцани, де А за гомната.... не се одолева, бе. СДСМ ги приготвува најдобро. Специјалитет на нивната кујна се. И, да - боле газот после нив. Веројатно од лутите зачини. Ама, ти тоа веќе го знаеш, нели? (oksimoron 21 Април, 2007 - 19:56 | логирај се за да пишуваш коментари) симптоматично е тоа што баш Табановце го спомнуваш како правец на движење надвор од Македонија (веројатно крајна дестинација е Европа,така?) , а не Ново село или Богородица (каде излезот е директен). Е, па... откако ќе го поминеш Табановце, не си направил ама баш ништо посебно ако не продолжиш преку Батровци, Бајаково и преку Брегана А немој да се секираш за туѓите газиња, глеај пази го своето На крај на краиштата...сите серат p.s. ме вадиш од хибернацијата, бе.... баш бев решена да одмарам од Блогерај извесен период (oksimoron 23 Април, 2007 - 10:16 | логирај се за да пишуваш коментари) ко.. да дувале од тој лепакот горе.. (Амидон 23 Април, 2007 - 10:24 | логирај се за да пишуваш коментари) инвентивно окси, доста инвентивно „Само голема глупост може да покрие мала глупост“ WOW!!!! (Ki 28 Мај, 2007 - 10:21 | логирај се за да пишуваш коментари) |
No comments:
Post a Comment