Saturday, April 05, 2014

Независност?

Знам дека со текстов ќе предизвикам гнев кај добар дел од вас, но одредена доза на гнев е сепак добра како движечка сила.  Гневот е една од фазите, веднаш после неверувањето, а пред тагата во процесот на прифаќање и надминување на немилите случувања.
Денес славиме 18 години од одлуката за независност на граѓаните на Република Македонија. Претходните 46 години, пред таа одлука, бевме во федерација со уште шест други републики. Периодот пред таа федерација е исполнет со потчинетост на бројни окупатори, со повремени искри од неколкудневни прогласувања на независност како резултат на востанија во обид за ослободување. Треба да копаме навистина длабоко низ историјата за да наидеме на артефакти за слободата и независноста на овие простори и овој народ. Но, вештината за ископување не ни е доволно совладана, па со секое копање земјата си ја фрламе на грб и истовремено се закопуваме себе си. Не, не станува збор за прашање на техниката туку на логистиката. Процесот е комплексен а ние искомплексирани.
Значи, денес славиме независност. Точно е - имаме сопствена држава со сопствен парламент и  влада, сопствена војска и полиција, сопствена валута, сопствено образование, сопствена царина, сопствена економска политика (хм...), сопствени закони,  сопствен суд.... но, дали и покрај толкава сопственост сме навистина независни?
Излеговме од една федерација која имаше заедничка валута, заедничка војска и полиција, заедничка царина, заедничко судство, заедничко образование (предавано на соодветен јазик во соодветните републики), заедничка економска политика, заеднички парламент и влада во чиј состав беа претставници од засебните (сопствени) влади..... и се стремиме кон влез во унија со друга заедничка валута, заеднички воен сојуз, заедничка меѓусебна бесцаринска политика, заеднички закони и принципи на образование, заедничка економска политика, заеднички европарламент....  А таа аспирација за влез во новото заедништво не прави толку многу зависни, до степен што почнуваме сите НАШИ одлуки да ги правдаме со НИВНИТЕ стандарди. А ваму, независни сме...
Во првото заедништво бевме секогаш потценети и искористени, а во второво уште не влезени самите си го правиме истото. Копнееме за интегрирање како употребена  гума за џвакање фрлена на улица што копнее да се интегрира во нечиј ѓон.
Знам, ќе речете - не можат да се споредуваат овие два вида на заедништво, различен принцип на организираност имаат. Точно е. Но заедништво е заедништво – обврзува и одредува заеднички правила! 
Единствена независност на која можеме да се повикаме е периодот помеѓу излезот од едно заедништво и влезот во друго. Нашето „сега“. Минатото нека го зад нас, иднината уште не е дојдена. Сегашноста е наша. Но апсурдно, и таа независност е исполнета со куп зависности – зависни сме од мислењето на соседите, зависни од дневно-политички настани, зависни од партиската поделеност, зависни од невладините пари, зависни од фондовите и грантовите, зависни од бенчмаркови, зависни од преплатените медиуми, зависни од мислењето на евро претставиците, зависни од аспирацијата за влез во унијата, зависни од модерните перачи на мозоци, зависни од.... ма, зависно независни сме од независноста!
Каква-таква, наша си е независноста која ја имаме и нека ни е честита!

П.С.Дали ако еден ден станеме дел од таа унија и истата по одреден период се распадне ќе славиме нов ден на независноста?
До следната независност – среќно! 


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 8 Септември, 2009 - 19:16

Коментари:
  • Баш така! Откако ја добивме независноста за која вековно сме се залагале, со сите сили се трудиме да се отарасиме од истата! Толку ни пречи независноста што не можеме да дочекаме да ја снема! Убаво велиш не е исто, ама само семантички. Во суштина, исто #$@@%! различно пакување! Smiling
    (Внукот 8 Септември, 2009 - 19:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • честит празник
    и
    Smiling среќен ти роденден/личен/ Smiling
    (hemicarot 8 Септември, 2009 - 19:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оксиморон независни сме од српски канџи. А зависноста која ја спомнуваш од европските фондови со самото членство во ЕУ ако некогаш го стекнеме, вештачки се создава од домашните мега криминалци. Како први така втори, трети, се до ден денес 18 години, власта народот го држи под стеги за да неможе да види како светот живее и за да може да си го работи како бавча да му ја молзе последната какпа пот.
    Поздрав и нека ти е честит празникот и среќен роденден Smiling
    (INSOMNIA... 8 Септември, 2009 - 19:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ова најповеќе ми се допадна.
    ``Дали ако еден ден станеме дел од таа унија и истата по одреден период се распадне ќе славиме нов ден на независноста? ``
    Нема да славиме нов ден на независноста,ама барем ќефот ќе ми се направи ако до тоа дојде.Европската куртизана и нејзините дволични критериуми ми се веќе одвратни.Позз Smiling
    (Effo 8 Септември, 2009 - 19:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • зависни од некоја уште поголема независност, а не сме свесни дека независноста е позади ѕидот кои сами го дигаме во недоглед
    (seelenluft 8 Септември, 2009 - 19:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Логично размислување на еден логичен и рационален ум...нема што.
    Мојот омилен политичар(ова мора да го истакнам затоа што всушност не почитувам ниту еден политичар...тоа е најлошата професија после адвокатската)Хенри Кисинџер има кажано во една своја книга(сега не ми текнува насловот).
    Парафразирам...ќе го распаднеме источниот блок со кока кола мики маус и левис фармерки. Тоа и се случи!!!
    Додека овие продаваа филозофија за комунистичка независниост и праведност...империјалистите ја протнаа нивната илузија за независност и слобода.
    Така иде тоа од векови па наваму.
    Или што би рекол за крај ... и во рајот историјата се повторува.
    Поздрав и секое добро.
    П.С
    Заврши ли гроздоберот ... дај некоја фото сторија.
    (Meceto Usko 8 Септември, 2009 - 21:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во потполност се слагам со сите блогери што го дадоја своето мислеeњ, но сепак каква и да е таква и наша си е оваа независност...па и да влеземе во ЕУ...и следниот ден да се распадне барем дотуркавме до некаде и покажавме на некои...па ако треба и тогаш ке славиме...белким...нема да не парчат...не дај боже историјата да се повторува е тогаш нема да славиме, но без мрачни сценарија...овој ден е убав убаво да го завршиме...убав ти е и тебе ДРАГА...и за многу години и едниот и другиот роденден..Smiling
    (leonastefani 8 Септември, 2009 - 21:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во потполност се слагам со сите блогери што го дадоја своето мислења, но сепак каква и да е таква и наша си е оваа независност...па и да влеземе во ЕУ...и следниот ден да се распадне барем дотуркавме до некаде и покажавме на некои...па ако треба и тогаш ке славиме...белким...нема да не парчат...не дај боже историјата да се повторува е тогаш нема да славиме, но без мрачни сценарија...овој ден е убав убаво да го завршиме...убав ти е и тебе ДРАГА...и за многу години и едниот и другиот роденден..Smiling
    (leonastefani 8 Септември, 2009 - 21:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • „Копнееме за интегрирање како употребена гума за џвакање фрлена на улица што копнее да се интегрира во нечиј ѓон.“
    Риспект за мислава. Ја испечатив на лист со големи букви и ја закачив на ѕид.
    П.С: Среќен роденден Smiling
    (Нено Богдан 8 Септември, 2009 - 21:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ставив линк до овој натпис, ама нешто не се појавува
    (interpreter 8 Септември, 2009 - 21:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оксиморон,можеш да натераш да се замисли дури и човек како мене Eye-wink
    Сепак битно е да славиме,да имаме причина да наздравиме,дали ќе биде за независност,за независност од независност или зависност од независност,независно...
    Оние кои не ни дозволуваат да бидеме тотално незавсни се зависни од тоа...
    Најважното го кажав на друго место!
    (novajlija 8 Септември, 2009 - 22:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ...среќен роденден... Smiling
    (Virtuella 8 Септември, 2009 - 22:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • глупОсти (лавам 9 Септември, 2009 - 06:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ... размислава потикната демек за гнев ... Puzzled ... ??? ...
    ... Оксичка ... катастрофа анализава ... веќе не е празник ниту време на премолчување ...
    ... Да бевме во „ ДРУГ СИСТЕМ НА ВРЕДНОСТИ “ во кој интелигенцијата заврши на голи оток ...
    ... оттаму излеговме со радост Smiling ... се сеќавам Smiling ...
    ... Да ... трагаме во историјата и воопшто не се закопуваме , туку откопуваме факти и сведоштва од минатото ...
    ... и да ... на многумина од соседите тоа не им се допаѓа , но нивното мислење си е нивно право А МОЈАТА СЛОБОДА НЕМА ЦЕНА !!! ...
    ...за минатиот систем во кој не тепаа имаш право ... тие србијанците на секој можен начин не омаловажуваа ...
    ... но ... за ЕУ и НАТО ... освен поединци кои се немакедонци ... негледам САМОПОНИЖУВАЊЕ ...
    ... ЈАС СУМ МАКЕДОНКА ОД МАКЕДОНИЈА ... без разлика дали тоа им се допаѓа на соседи и обединети држави ...
    ... жално ... што некои поединци сакаат да ме понижат со ваков пост за МОЈОТ ДРЖАВЕН ПРАЗНИК ...
    ... дали твојата размисла предизвика гнев кај мене ...
    ... дали мојот коментар предизвика СРАМ КАЈ ТЕБЕ !? ...
    (gocajaska 9 Септември, 2009 - 07:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оксиморонка ми е ептен селска фаца у секој поглед (сека 9 Септември, 2009 - 08:09 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • “... сопствена држава со сопствен парламент и влада, сопствена војска и полиција, сопствена валута, сопствено образование, сопствена царина, сопствена економска политика (хм...), сопствени закони, сопствен суд....“ - констатација од остварени придобивки на независноста ...
    “... но, дали и покрај толкава сопственост сме навистина независни?“ - тука го постави прашањето кое сите си го поставуваме ...
    „... зависни сме од мислењето на соседите, зависни од дневно-политички настани, зависни од партиската поделеност, зависни од невладините пари, зависни од фондовите и грантовите, зависни од бенчмаркови, зависни од преплатените медиуми, зависни од мислењето на евро претставиците, зависни од аспирацијата за влез во унијата, зависни од модерните перачи на мозоци, зависни од....“ - тука ги даде дел од одговорите на горното веќе поставено прашање во истиот пост ...
    Како и да е честита “зависна-независност“ ... “транзициона-независност„ ... или “контролирана-независност“ ... ако има потреба ке ги образложам поседните два термина ...
    (Моја Македонија 9 Септември, 2009 - 11:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ај да не тупам, нека ти е среќен роденденот! Smiling
    (partik1 9 Септември, 2009 - 12:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Независноста во голема мерка е условена од економската развиеност.
    Во време кога цветот се повеќе се испреплетува економски, културно и на многу други начини оригиналната односно теоретската замисла за независност на една држава е невозможна. Во светот не постои целосно независна држава. Како и да е се согласувам дека можеме и требаме (а со Господ напред)и ќе бидеме помалку зависни од некои организации и од други држави.
    (SLaCk 9 Септември, 2009 - 12:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Внукот,
    Ни тежи независноста ептен, незнаеме што со неа па бараме чаре Smiling
    А пакувањето денес има поголема улога од содржината Eye-wink
    Хемичару,
    Благодарам, честито и тебе Smiling
    Insomnia,
    Турбо фолкот кој ечи од секој агол не остава впелаток дека сме ослободени од српските канџи баш.... физичкото ослободување нема некој голем ефект доколку психички сеуште сме во кафезот Eye-wink
    А и европските фондови имаат улога на сиренцето кое мами внатре во стапицата.
    Изгледа дека и народот не гледа подалеку од власта, сиве овие 18 години....
    Благодарам за честитките, поздрав и се најдобро Eye-wink
    Ефо,
    Можат да ни бидат одвратни нејзините критериуми, ама сепак не не одвратуваат – упорно ги исполнуваме Eye-wink
    Поздрав
    Sееленлуфт,
    ѕидовите во нас ги претвораме во зидови околу нас Eye-wink
    Мечето Ушко,
    Создади им илузија на сонувачите, мало парче стакленце кое светка да ја разгори фантазијата... и потоа можеш да го насочиш пламенот на нивниот сон во правец кој ќе го избереш, без оглед дали се тоа куќите на истите тие сонувачи...
    Историјата постојано ни се повторува, само географијата постојано ни се менува – имаше еден афоризам Smiling
    п.с. заврши Гроздоберот, фото сториите чекаат на ред Eye-wink
    Поздрав Мече
    Леона Стефани,
    и јас не верувам во мрачни сценарија мила, посебно кога мракот трае толку долго. Сценаријата во главно се прават пократки Eye-wink
    Благодарам за убавите желби, прегратки од мене Smiling
    Нено,
    Чекаме некој да не згазне и така да не понесе со себе Smiling
    Благодарам, се најдобро Eye-wink
    Интерпретер,
    Незнам зошто така.... поздрав Smiling
    новајлија,
    Од слава преку слава, до слава за слава Smiling
    Да, знаеш ти да го погодиш местото Eye-wink
    Поздрав
    Виртуела,
    Благодарам Smiling
    Гоцајаска,
    Криво ми е што токму ти се се најде „погодена“ од текстов кој најмалку имаше намера да вознемири луѓе со ставови како твоите (досега толкупати јавно изразени на блог). Очекував да реагираат оние на кои членувањето во ЕУ им е врвен приоритет, поради кој се подготвени на разединување заради владеење, оние кои ја фрлаат земјата од ископувањата врз грбот на ископувачите, кои го прифаќаат мислењето на соседите како аксиома при пресметката на задачите за исполнување на приоритетот (ЕУ), оние кои ја отфрлаат Македонија зашто поставуваат лажна дилема „или Македонија или Европа“, зависниците од потчинетост, ..... Гебелсовите ученици кои во сите други го гледаат него, како во свет на огледала.....
    Не, не ме засрами твојот коментар. Само ме замисли дали јас лошо се имам изразено, или ти лошо ме имаш разбрано.... може да се и двете по малку Eye-wink
    Сека и (лавам,
    Ова се потпишуваш со разни никови свесно заради создавање на впечаток дека сте повеќемина или навистина станува збор за повеќекратна личност?
    Кога изборот се сведува на селска фаца или градски паразит, за мене е комплимент твоето восприемање. Благодарам Smiling
    Другпат, кога вака несебично делиш комплименти – потпиши се со своето блогерско ИД. Не е белким дека се срамиш од сопственото мислење?!
    Вака - јас знам кој пишува, ти знаеш дека јас знам ама ќе си играме рингишпил за да не дознаат и другите Smiling
    Моја Македонија;
    одлична сублимација Eye-wink
    додади и „манипулирана зависност“ и терминологијата ќе биде комплетна Smiling
    поздрав
    Партик;
    благодарам за честитките Smiling
    slack,
    зависноста е економска точно е Eye-wink
    но, наместо да работиме на економијата – ние работиме на зависноста. Тука е проблемот Eye-wink
    поздрав
    (oksimoron 9 Септември, 2009 - 18:55 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment