Friday, April 04, 2014

Во боите на виножитото


Во својот пост „Избори-не гласај!“ Насти повикува на апстиненција и бара контра став зошто би гласал. Мојот коментар таму го приложувам тука како почеток на постов -
„....Ајде ја јавно барам да изнесе некој спротивен став, сакам причина која би ме разубедила.Зошто на наредниве избори да гласам?, за кого да гласам за кретени или за идиоти?! ....“
Еве ти даам контра став Eye-wink
Ако не излезеш на гласање и не се обидеш да дадеш свој допринос кон креирањето на државната власт, значи залудно критикуваш дека истата не чини. Зашто, со што би допринел ти да се смени она што не чини?! Со плукање?!
Ја мислам дека им е доста и на ВМРО и на СДСМ да освојуваат мнозинства од пратеници. Сеа треба да се гласа масовно за помалите партии и да се добие досеа сал декларираниот плурализам(а уствари беше дуализам). Видовме дека немаше многу аир и од „владата на СДСМ“ и од „владата на ВМРО“. Затоа сеа да се погрижиме идната влада да биде народна влада, т.е. формирана од повеќе мали партии, при што секоја од нив ќе се грижи за одреден сектор. Секоја од нив да си се труди да даде максимум во секторот за кој одговара, а премиерот сал да ја координира нивната меѓусебна усогласеност на дејствијата.
Еве, ја лично ќе гласам за Земјоделската Народна Партија. И сакам таа партија да раководи со секторот за земјоделие у РМ.
Секоја партија да се сконцентрира и професионализира кон одредена област, со што би дала најдобри резултати. А не, ко шо иаме сеа - сезнајковци од сите области распраснати на сите страни , а никаде резултати. Smiling ....“
Сметам дека времето за доверба на само една мнозинска партија за формирање на влада, досега се покажа како неуспешно и нефункционално. Се остава простор така за малвезации и организиран криминал. Прејака концентрација на моќ е тоа. Да се има контрола врз сите значајни сектори во институциите на системот од само една гарнитура. Тоа не е демократско туку партиско владеење. Овие 15 транзициони години имаме искуство на ваквото владение и гледаме до каде тоа не доведе. Станавме партиски поделена држава, која транзитира помеѓу желбата за власт и неспособноста за практикување на истата од двете најголеми партии. Наместо плурализам имаме дуализам.
За да излеземе од овој транзиционен круг, потребни ни се радикални мерки. Не сметам дека апстинирањето од избори е таа радикална мерка. Така само ќе покажеме незаинтересираност за иднината на нашата држава и чист, бришан простор за манипулација од партиите кои имаат цврста организациона структура. Потребно ни е масовно гласање за помалите партии. Да се создадат услови за формирање на влада во која ќе партиципираат повеќе учесници. Секој во одредена област, за која нуди најдобри решенија за проблемите. И секоја партија ќе си носи одговорност за успешноста на својот сектор. Кога ќе бидат тие насочени кон усовршување на една област, ќе постигнеме резултати во сите сфери на општеството.
Сите на кои им е доста од едните или од другите, не е Македонија црно-бел свет. Си имаме многу бои, многу нијанси, многу идеи и програми. Ајде да ја обоиме нашава држава во боите на виножитото. Повикувам на гласање за новите, мали партии.
Жал ми е што не го забележав порано постот на Панта Реи со една интересна теорија која на многу добар начин ја опишува мојата идеа за децентрализација на владата и зошто мислам дека учеството на повеќе мали партии во истата е добро за нас.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 4 Јуни, 2006 - 16:05

Коментари:
  • има една изрека..не трчај по виножитото..никогаш не можеш да го дофатиш..секој си има право на избор..јас го баталив засекогаш.. (anaveno 4 Јуни, 2006 - 16:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Имроко, не е поентата да се фати виножитото, туку да се создаде за да се ужива во него.
    Исто, староримската изрека вели - „По дождот сонце“. Ја би додала и виножито Eye-wink
    (oksimoron 4 Јуни, 2006 - 16:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ај ни по мое..ни по твое..мене вино_жито..тебе (anaveno 4 Јуни, 2006 - 16:35 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • Излегувам да гласам 100%. И тоа најверојатно за мала партија. Па ѓе има избор бе луѓе ако не ви чини нема смисла да не гласате. Гласајте за некој десетти. А за тоа дали сите влади до сега биле исти...епа сеа не е баш така ама генерално не чинеа и не ги исполнија ветувањата. (SLaCk 4 Јуни, 2006 - 16:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси гледаш...., многу луѓе се изреволтирани, и незадоволството го искажуваат преку негласање онка по некој автоматизам, твојот предлог, односно твојот став е доста интересен, и е погоден за дебатирање, меѓутоа незнам реално колку е остварлив.Факт е дека док постојат СДСМ и ВМРО, како целина тешко дека ќе се оствари твојата замисла.(nasty69 4 Јуни, 2006 - 16:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • НАДЕЖ МОЖЕБИ ПОСТОИ (ОПТИМИСТИЧКА ВАРИЈАНТА)...НО СЕПАК ОВА КЕ БИДЕ МОЈОТ ПОСЛЕДЕН ПАТ ДА ГЛАСАМ - ДЕФИНИТИВНО.... (sting EYE 4 Јуни, 2006 - 16:43 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • И повторно ја погодуваш целта...
    Демократијата најлесно може да се воочи преку избирање на трета страна во диаграмот. Нешто како философијата на „неврзаните“ на дедо Тито.
    (iacovibus 4 Јуни, 2006 - 21:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • да бидам искрен ми звучи малку утопистички, барем во моментов.. „знам“само дека малите партии ќе ги решат изборите годинава, а тоа е донекаде она што го наговараш...кај нас сеуште големата вода ја голта малата...имаме уште за учење...за жал (RIBARO 5 Јуни, 2006 - 01:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мали, големи, средни партии. Тоа и не е најбитниот момент. Најбитниот момент треба да е % на излезеност на изборите. Малите партии ќе имаат многу поголема шанса за успех ако излезат поголем број луѓе на избори. Ниското ниво на излез само ќе ги охрабри постојниве табори. Како што се склони на вадење погрешни заклучоци и во тој случај ќе си заклучат дека тоа е добро за нив, дека луѓето се задоволни од понудата и не се интересираат за избори. Обратно голем број гласачи и гласови распоредени на сите страни ќе ги замислат самонаречените “големи играчи“. (Jakov 5 Јуни, 2006 - 07:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Токму на тоа и мислев Јаков.
    Наместо да се апстинира, да се излезе во што поголем % и на изборното ливче да се заокружи било која партија освен СДСМ и ВМРО Eye-wink
    (oksimoron 5 Јуни, 2006 - 13:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Како што велат Propagandhi..... АКО СИ ТОЛКУ ШУПАК И ГЛУП ДА ИЗЛЕЗЕШ ДА ГЛАСАШ, ТИ СИ ИСТО ТОЛКУ ШУПАК И ГЛУП ДА ИМ ПОВЕРУВАШ!!!! Едноставно не играш н тоа што они ти го сфират.....Незнам, ама неможам да се сватам јас и сите други околу мене, како можеме да го дозволиме ова да се случува....Седиме ги глеадаме како се мисират на ТВ и молчиме, поминуваме покрај нивните билборди и пак молчиме, ги примаме нивните упаљачи пенкалца коа ќе ни дојдат на врата.... О_о (MSV 6 Јуни, 2006 - 08:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • нема ништо лошо во тоа да гласаш.. за Вистинска Марихуана Расте Ообилно - Самурајската Партија на Анархисти и Левичари за Независност на Аљаска.. или за Ѓорѓе Марјановиќ, кој некаде вети легализација..
    (Shepard 6 Јуни, 2006 - 08:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ВМРО-СПАЛНА, а? Smiling)))
    У ствари...коа може СДСМ-КУЈНА, оти да не ?! Sticking out tongue
    А бе, убаво предложи Жаре да си формираме ние блогерска партија. Бар немаше сеа да бидеме у дилема дали и за кого да гласаме Eye-wink
    (oksimoron 6 Јуни, 2006 - 09:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Без двојба луѓе, на избори треба да се излезе. Идеална, за граѓаните, поделба на власта, би била кога на изборите, од прилика пропорционално, столчиња освојат сите. Не е добро некој сам да владее. Таков случај имавме кога ВМРО се одкажа, а СДСМ, без опозиција направи голема беља. Беља направи и Л.Георгиевски тогаш, името да не му се повтори. Заслужуваат внимание 2-3 ца, кои подолго време се опозиција на власта, но и сопствената партија. Кога би можел да бирам, тогаж исчистената ДПМНЕ, Поповска, Петковски и Ѓорчев, со неизбежните албанци, би биле идеална комбинација. (OGI SINKO 6 Јуни, 2006 - 10:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А додека гласаш можеш малце и да се натртиш за да биде пенетрација подобра.... ;)(MSV 6 Јуни, 2006 - 17:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • MSV, не знам дали коментарот ти беше наменет за Оги, или за сите гласачи, ама... претеруеш, бе дете Smiling
    Вакви вулгарности обично бришам, ама еве тебе ќе те остаам за пример Smiling
    Знам дека уште си дете и немаш право на глас, затоа - не се трти многу за џабе Sticking out tongue
    (oksimoron 6 Јуни, 2006 - 18:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • На мое огромно жалење, а ваше разочарување.... Да, сеуште сум дете ама имам право на глас!!! ;) (MSV 6 Јуни, 2006 - 19:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, темата која ја почна е одлична- ама не заборавај на еден многу важен постулат на демократијата- "и да не излезеш на избори- ти го остваруваш твоето право- право на апстиненција"- затоа не се согласувам со тебе дека мора да се гласа. Ги спомнуваш помалите партии- гледаш ние овде во нашата ни мила држава имаме еден проблем- кај нас се множат партии, но не се множат и политичари- сите се тоа истите луѓе- еве конкретен пример кој ти го спомна- Земјоделската партија- па зарем претседател на таа партија не е истиот г- дин Маријан Ѓорчев кој во владата на ВМРО ДПМНЕ беше министер токму за земјоделие?? Зарем тој човек да можеше нешто да направи тогаш немаше да го направи?? Дали бил репресиран или потиснуван од неговите сопартјци и колеги министри можеби?? Или да ги земеме другите мали партии како пример- НСДП- Тито Петковски, човек чија партија истера 3 мандати (вклучувајќи го и овој), или г-ѓата Лилјана Поповска, чија партија исто така истера 3 мандати??? тажна е реалноста- луѓето се исти, нашиот глас повторно ќе мора да го дадеме на некој кој веќе го има добиено, и не знаел да го искористи- зошто мислиш дека сега ќе биде поинаку??? Рака на срце, има до сега само една мала партија која немала шанси да се докаже Лигата за демократија на Маријановиќ- а колку се тие луѓе спосбни- не знам, ама сепак мојата одлука е да го искористам своето демократско право на апстиненција- и тоа не значи дека помалку се грижам за мојата држава од било кој друг кој ќе излезе да гласа. (Dzandarot 6 Јуни, 2006 - 20:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Затоа праиме кампања-"Пиши си го сопственото име и презиме на ливчето и заокружиго"-така сигурно нема да згрешиш.Или шо вика .аНТИ не гласај, политичарите би можеле да дојдат на власт ако гласаш. (nasty69 6 Јуни, 2006 - 21:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Џандар,
    точно е дека и апстинирањето од избори е демократско право, се согласувам. Во Македонија редовно апстинираат околу 30% од населението. Што од незаинтересираност, што од незадоволство.
    Но, јас верувам дека кога тие би излегле да гласаат, битно би се сменила политичката карта на Македонија. Зашто, тоа се луѓе кои мислат со своја глава, не ги заведува популизмот. И знаат да изберат личности, а не да бидат понесени од предизборната бура. Eye-wink Затоа и апелирам за поголема излезеност на гласачите.
    Големите политички партии како СДСМ и ВМРО си имаат стандардно гласачко тело. Ако не излезат неопределените и не го дадат својот глас за некоја од помалите партии - повторно ќе надвладеат овие двете со своите востановени структури. Дури и ако се гласа како шо предлага Насти - со трансформирањее на гласачкото ливче како невалидно (оти коа ќе допишеш и заокружиш по автоматизам станува неважечко), тие изборни ливчиња ќе се поништат и ќе останат само оние кои уредно се заокружени. Како што гласаат партиските структури. Smiling Плус, ќе им се овозможи % на излезеност дури иако самите немаат доволно гласачи, за сето тоа да биде најрегуларно Smiling Не го дозволувајте тоа.
    Гласањето на избори е единствениот момент кога народот има прилика сам да одлучи. Ако не го стори тоа - ќе ги трпи „благодетите“ од својата неодлучност следните 4 години. И никој нема да му биде крив, зашто самиот „одлучил“ така.
    Што се однесува до кредибилитетот на личностите кои формираа нови партии...точно е дека тие веќе имаат искуство во политиката. Но, имаат и храброст да дејствуваат кога мислат спротивно од партијата на која и припаѓале. Најсвеж пример е Поповска со своето делување за референдумот, а исто и Петковски. Што се однесува до Марјан Ѓорчев - тој е единствениот министер за земјоделие на кој се сеќава народот дека бил министер за земјоделие во последниве 15 години!!! Тоа кажува дека тој работел, допринел за развој на својот сектор, бил успешен. Дали ти сега знаеш кој е министер за земјоделие, како се вика и што работи, кои проекти?! Или, се сеќаваш на друг мин.за земјоделие у последниве 15 години? Ај, подумај и кажи ми име - речи тој и тој направи тоа и тоа за земјоделието. Верувај, од сето мислење ќе ти се вртат низ глава субвенциите кои ги додели Ѓорчев како министер, каналите за наводнување, минихидроцентралите, хидросистемите, Фондот за земјоделие кој го формира, бесплатните лозови насади, премиите за млеко и тутун, премијата од 2 денари по килограм грозје, пласманот на раноградинарските култури и јагнешкото на пазарите низ Европа.... Можеби сум пристрасна во поглед на состојбите во земјоделието, но верувај одамна ги следам состојбите зашто живеам и работам во регион каде од земјоделието зависи егзистенцијата на голем % од населението. Затоа и јавно си кажав за кого јас ќе гласам.
    (oksimoron 7 Јуни, 2006 - 00:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси ти баш се трудиш.Како мислиш дека ке биде поделбата на колачот, ако трите, условно кажано, мали партии ја освојат власта. (OGI SINKO 7 Јуни, 2006 - 02:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оги,
    каква и да биде делбата...у секој случај сметам дека ќе биде тоа благ
    колач наместо солен ко досеа Smiling
    Мене ми е жал што не го забележав постов порано, но
    Good Bytes има
    изнесено една теорија која во целост се поклопува со мојата замисла за
    идна влада создадена од повече помали партии кои ќе работат сите
    заедно, независни една од друга а сихронизирани. Eye-wink
    Прочитај го тој текст, многу добро е аргументирана потребата од
    децентрализација во повеќе сфери, па зошто да не ја децентрализираме и
    владата?! Министерство по министерство. Верувам дека така ќе биде подобро за сите нас. Smiling
    (oksimoron 7 Јуни, 2006 - 03:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси,
    што се однесува до министрите за земјоделие- потполно си во право- не памтам никој друг освен Марјан Ѓорчев, ама искрено, ниту пак него не го памтам по нешто позитивно (немој да ме разбереш погрешно, не велам дека правел нешто лошо, туку или јас не сум бил доволно заинтересиран за земјоделието во тој период, или пак тој во мои очи не постигнал ништо до толку вредно за да го запаметам по тоа), туку едноставно го паметам како човек кој често се појавуваше на телевизија, а за волја на вистината, во таа влада на ВМРО ДПМНЕ ретко кој министер не го знаев најмногу поради војната во Македонија, и пост воената состојба- па по цели денови сите министри ги имаше на сите вести. Значи зборувам само за перцептивна меморија, паметење по видување, а не по дела, не по нешто посебно. Ја спомнуваш Лилјана Поповска со нејзиниот став за референдумот, и ги нарекуваш луѓе кои имаа смелост да се кренат против своите матични партии- јас тоа го нарекувам политички трик- не мислам дека Тито Петковски се има басш одвоено од СДСМ, ниту пак Ѓорчев од ВМРО- ама на Љубчо, она народното- она што особено ме иритира е тоа што на сите нив им требаше повеќе од еден мандат за да увидат дека нивните партии не се во право, и да сватат дека разликите кои ги имаат со раководството и со идеологијата на тие партии се толку големи што веќе не можат да бидат ни фракционери во самите партии (кое го сметам како многу поздрава клима за разво на идеи, токолку потолно отцепување од матичната партија) туку чувствуваат неопходност да формираат свои партии и да ја спасат Македонија до големите. Зборувам во свое име- едноставно, не можам да верувам во тоа, многу повеќе би му дал шанса на некој човек кој до сега не бил на власт, па макар не бил воопшто ни во политика- отколку на политичари од типот на Тито, Лилјана или Ѓорчев (за Бранко, Никола, Бучко воопшто не ни помислувам) кои имаат и тоа каков товар на себе, кој јас го сметам за претежок за да можам да им прогледам низ прсти.
    А кога сме кај апстиненцијата- не се согласувам дека партиите имаат толку големо гласачко тело за можат да добијат процент на излезеност на избори за да изборите се прогласат за важечки- оној принцип на излегување на гласање и поништување на гласачкото ливче е најлош- затоа што така тоа ливче влегува во вкупниот број на излезени граѓани, иако самото ливче е неважечко- тука веќе стапува на сцена сценариото кое ти го спомна- но доколку сите тие луѓе кои не мислат дека имаат за кого да гласаат, едноставно воопшто не излезат на избори- шансите за манипулација и валкани игри се многу помали. Мислам дека е време да престанеме да гласаме за помалото зло, ако некој не е сигурен дека има некој кандидат вреден навистна да го добие неговиот глас- според мене, апстиненцијата е вистинскиот избор- треба да се покаже дека нашите гласови се премногу вредни за да ги дадеме на било кого и само поради тоа шо мислиме дека некој друг е помалку лош (а не подобар) од другиот.
    (Dzandarot 7 Јуни, 2006 - 08:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мали партии, големи партии? Неможе да се очекува дека преку ноќ ќе се смени состојбата на политичката сцена кај нас. Нормално е малите/новите партии да ги формираат и водат луѓе кои веќе биле активни во политиката. наивно е да се очекува дека појавата на некој анонимус може да предизвика реакција кај гласачите и тој да собере многу гласови. Од таму појавата на нови лидери а стари фаци како Петковски, Поповска, Ѓорчев итн е нормална. Еве годинава има и еден целосно нов лидер, Рамковски. Баш добро мерило за тоа дали може или не да се направи нешто од позиција на аматер. Тој е аматер на полит.сцена кај нас. Она што мене ми е интересно и мислам дека треба да биде најголема придобивка од овие избори е нешто друго. Појавата на нови партии и евентуалното разбивање на монополот на СДСМ-ДПМНЕ без разлика кој и како ќе го подели колачот, треба да создаде нова атмосфера кај луѓето. Треба конечно да почне да се развива сваќањето за промени. Можеби не секоја смена и промена ќе донесе нешто позитивно, но мора да ги има промените. Само така ќе им се разбие чувството на непроменливост на полит.гарнитури. Денес Тито, утре Лиљана, по неа Велија, па некој нов, па некој друг...тоа е начинот да се излечат лидерите од чувството на вечност во својата партија или власта. Ако 15 години ги имавме Бранко, Љубчо,Бранко, Љубчо и по малку Киро, сега(последниве години) се појавија нови фаци. Значи нешто се менува. Во таа смисла и победата на Груевски би била позитивна. Едноставно ќе добиеме нова фаца за премиер(6та по ред, ама најбитно 3та за две години). Сетете се на 2002 година и враќањето на Црвенковски. На заситеноста од истите две фаци кои се менуваа на магарето. Евентуалниот поразот на СДСМ, би бил добар ако предизвика и смена на партиското кормило(независно кој би бил наследникот). Едноставно им се скратува рокот на траење на политиците ни, што мислам дека е единствен начин да почнеме да мрдаме малку побрзо и да се движиме кон површината(наместо придвижувањето кое го имаме 15 години наназад). (Jakov 7 Јуни, 2006 - 09:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сакам да кажам дека во Македонија нема систем на општествени вредности кои ќе се базираат на организирано граѓанско општество, па затоа имаме само институции kои поради отсуство на системот делуваат реактивно и реактивно реагираат. (blogenius 8 Јуни, 2006 - 11:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • За Џандарот, Насти, МСВ и сите кои заговараат апситирање од изборите....
    Апстиненцијата не е начин. Ако не се излезе на гласање, изборите ќе мора да се повторат. Така да „кучињата ќе лаат, караванот ќе врви“ Eye-wink Имавме пример за неизлезеност на гласачите пред некоја година у Србија. Сетете се на случајот.
    Освен тоа... македонскиот народ еднаш послуша повик за апстиненција од гласање. За референдумот (кога се носеше законот за територијална поделба). Видовме со што резултираше таа апстиненција. Не дозволувајте некои грешки да ни се повторуваат. Секој човек греши еднаш за нешто, но ако двапати згреши за иста работа .... тогаш...не е проблемот во проблемот, туку во обидот за неговото решавање Eye-wink Sticking out tongue
    А гласачкото право на секој од нас е граѓанско право за формирање на граѓанско општество и можност за директно учество во неговото креирање. Самите ја создаваме државата и нејзиното уредување. Преку избори, преку гласања. Верувајте, иако цело време се труби за Евроинтегрирање, нема од Европа да дојдат и да ни изгласаат влада, ние самите мора да го сториме тоа, а тие да го прифатат нашиот избор. А со апстиненција и олеснуваме на досегашната олигархија и сите промашени досегашни избори.
    (oksimoron 9 Јуни, 2006 - 13:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • гледам вино`ито во боите на револуцијата!!! (blogenius 13 Јуни, 2006 - 12:07 | логирај сеза да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment