Friday, April 04, 2014

Граматички

Имам визија за иднината на Македонија. Уметничкото име на мојата визија е Ревизија. Знате, РЕ како ревитализација, реорганизација и реафирмација. Другите имаат три Е, или три НЕ, се нудат и три МЕ, а богами и БЕ (овие се многу скапи, баталете). РЕ му е мајката. А и музикално е. До – ре – ми. Многу ујгун место има на скалата. Значи, го минуваме досадното долго досега и одиме кон мирна мисловна мисија. А бе, песна ќе ни биде!
Во пресрет на изборите, заинтересираните странки во тој вечен спор презентираа граматички перформанс. Членуваа, расчленуваа и најдоа конкретни синоними за апстрактните антоними. Пејоратив за неуспешноста. Граматичкото дејство го сконцентрираа единствено во пцовките. Ни ебаа мајката. Додека ги обработуваа општите именки за сметка на личните, до израз дојдоа заменките. Оние, присвојните. Граматиката им овозможи и наплата на визиите. Со префикс ПРО. Промовираните прогресивни провизии предизвикаа репресивни реперкусии од ревизии.
Суфиксот на префиксот е .... фикс идеа. Од толку идеи, некој ќе помисли дека ни е идеално. И ни е. Ги уживаме благодетите на непостоечкото. Идеалното, де. Чудна нација сме. Во хибернација. Ама имаме најубава, најлесна, наједноставна, најпривлечна ... ма суперлатив граматика!

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 21 Март, 2006 - 18:58
Коментари:
  • Музичарите викаат „ре, ре, ре“, револуционерите „Че, Че, Че“, вунените травојади „Беее, бееее, беееее“ (Или „Меее, Мееее, Меееее“), шегаџиите (хе, хе, хе), невработените „Ле ле ле ле...“, а африканските муви (це, це) :) (Ерос 23 Март, 2006 - 01:23 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment