Friday, April 04, 2014

Сидикални лакрдии

Сојузот на синдикатите на Македонија ќе завземел неутрален став во однос на изборите и политичките партии. Алелуја! Зарем е возможно? Вакава нормална постапка да се случи во нашава држава?! Навистина чудно. Дури и ме вознемирува ваквата нормална реакција на посочената, по многу нешта абнормална, структура. Губењето на апетитот за власт на ССМ е сериозно нарушување на биоритамот на бирократскиот организам. Слабее општествената хипокризија. Дали анемичниот електорат ќе може да го поднесе тоа? Нуму да ни колабрира...
Изгледа ССМ има облечено два конфекциски броја помала кошула во преговорите со владата. Ем се гуши, ем ракавите кратки. А и пукаат шавовите, процепи на сите страни. Во налетот на еуфоричното предизборно расположение, великодушното делење мандати од премиерот, насликаната отворена врата кон ЕУ на студениот ѕид (ко во цртаните филмови,де) и синдикатот залета, доби крила. Му лета паметот сал, инаку сеуште е тука (за жал или нежал-ма,кежуал мисли). Наместо да се грижи политиката да не се замеша во спроведувањата на правата на работниците, синдикатот реши тој да се замеша во политиката.
Најавата за вклучување на ССМ во изборите со свои кандидати за претставници во парламентот ги демистифицира неговите амбиции и залагања. Членови на синдикатот се сите работници. Без оглед на пол, возраст, вера и политичка определеност или неопределеност. Е сеа...сакале или не, работниците ќе се трансформираат во членови на политичката партија ССМ. Наместо да организираат штрајкови – ќе организираат митинзи. Па, ионака нема некоја голема разлика, де. Група народ собрана на купче, затворен сообраќај, извикување пароли, транспаренти, говори на лидери......ем ќе се избегне опцијата преговори. Нема да има потреба од преговори за трошки од власта , ќе се оди на крупно – на освојување на самата власт!
Слушам сме поминувале успешно по филмските фестивали низ светот. Како и нема. Сите структури на системот ни се филмаат. Во сите жанрови.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 5 Мај, 2006 - 15:03

Коментари:
  • бато,шо е оксиморон?,морон на блог...?незнам па си прашувам?:) (Shankure2 6 Мај, 2006 - 21:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ако батино, прашај си ти, не се срами од незнаење. Како ќе научиш ако не прашуваш? Љубопитноста е одлика на интелигенцијата Eye-wink
    Оксиморон е стилска фигура која означува спротивност на самиот себе, парадоксална дијагонала на два сосем спротивни поими. Јинг и јанг во едно. Светол мрак. Остроумна глупост. Врело студенило. Среќна тага. И...ко шо забележа и самиот - морон на блог Smiling
    (oksimoron 6 Мај, 2006 - 21:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • бато ке ме извиниш,ама стварно немав благе везе,ја бато за по пичиња ме бива,за друго јок...!(фала за објаснувањето)искрено! (Shankure2 6 Мај, 2006 - 21:41 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment