Friday, April 04, 2014

На отстрел


На третиот ден од Божиќ, започна нова ловна сезона. Лов на премиер. Тимот подготвен. Најпрво Ѕвездан фрла камења у грмушки. Во сите кои ќе се најдат на видикот. Оти, не се знае зад која може да биде притаен пленот. Прави обид да го изнесе на чистина. Потпевнува: „Дојди пиле, дојди мое пиле...незнам зошто од мене те скриле...“ Потоа настапува Фрчко . Тој заобиколува од лево. Во полукруг со осврт на десно. Малце ги сплеткува нозете, ама сепак...држи рамнотежа, де . И укажува на правецот - „Натаму отиде, еј, натаму!Држ го!Фати го“. Од заседа доскокнува и Жаре. Тој е на спротивна страна од Фрчко, ама сепак следи правец со погледот. Со раката на челото го избиструва погледот и ја сокрива мислата - „Јас, јас ќе го фатам, тргате ми се од видикот вие двајца“. А на сред поле, поле широко, рамно (ко авионска писта) со стара партизанска капа (со петокрака на чело), нишани Коља. На чело му мисла, во око му влага, и првиот чекор по меката трева е бескрајно бавен, со задржана тага. О, тешкото! Тешка артилерија од зборови фрла. Дал некој од нив ќе погоди? Бар...случајно?! Ма, тешко, ќорци се....пукани, препукани...
Кој би претпоставил дека овие ловци колумнисти ќе делуваат вака тимски? Смисол за организација, поставеност на теренот, стратегиско позиционирање, ориентација во простор и време ... тоа,тоа...пу-пу машала! Им се сплеткаа јазиците во еден, заеднички. Гордиев јазол. Кај е Александар Македонски да пресече....
А пленот го нема. Ни траг од него. Сал глас. Бил отаде ридот. Ловел и тој. У негова ловна сезона. Овојпат, го пресекол патот на нарко-мафијата. Ја урна урбанистичката мафија, ја прекина терапијата на фармацевската, здравствената ја стави во карантин, тутунската попуши....у сред битка со мафиоманијата, не гледа ни лево, ни десно. Сал повремено назад, ама тоа колку да не изгуби правец за напред. И роне трошки леб зад себе...голема е шумава...
Имаше една тема од Џафер .....
„Разбуди се, немој да запиеш,
ова е трка во еден правец,
некој е ловец, а ....некој мамец!“


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 9 Јануари, 2007 - 20:09

Коментари:
  • Ништо ново во стратегијата Окси...мануфактурата сеуште постои кај нас...
    (Бунка 9 Јануари, 2007 - 22:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • п.с. Потребен е отстрел на мануфактуристите, и на едните и на другите, што побрзо тоа подобро...
    (Бунка 9 Јануари, 2007 - 22:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    на дострел се Eye-wink
    (oksimoron 9 Јануари, 2007 - 23:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ТОООО Окси пукај. Да ти изразам првин честитки за толку прочитани текстови. Јас го прочитав само текстот на Коља,за другиве немав сила. Очаен е посебно во анализите за јапиевци и пази молим те за малиот Влатко.Ај јада, со што ли се бави Коља наш, па како човеков пишува критики за електролит живти мајка.И тоа го прочитав Коља за прв пат, малку патетично нели ако се земе дека човеков одамна пишува, ама не ми посегнала раката по утрински весник а кога го линкам тешко ми оди читањето. Ми се мешаат буквите.Мислам дека 2007 ќе изобилува со вакви текстови.Нема основа, нема основа СТВАРНО.:) (Мечето Ушко 10 Јануари, 2007 - 13:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Колумнисти?! Интелектуалци!?Дневни, неделни, вакви или накви!? Каде беа 1991, 1998, 1999, 2001.... Драга Окси, шалабајзерите, “нутриционистите“, локалните рурални елементи и глобалистите не заслужуват никаков коментар. А особено плагијаторските квази-блогови на кавадаречките сончогледи.... Ама...Еден убав ден... Еден стварно убав ден... П.С. Дури сега забележав: 8 СЕПТЕМВРИ!!! Н Е З А В И С Н О С Т ! ! ! ДА!!! ЗАВИСНОСТ ОД НЕЗАВИСНОСТА!!! (marjantod 10 Јануари, 2007 - 23:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мече,
    а бе, јас ги почитувам посочениве колумнисти, имаат талент за пишување, интелектуален израз и специфични стилови (секој за себе). Но, премногу тенденциозно ми делуваа со последните свои колумни. Многу сихронизирано Smiling Изненадувачки, зар не?!
    Марјан,
    Ма, не можев да одолеам а да не коментирам на тој плагијаторски (сончогледски) блог Smiling
    И, да - родена на денот на независтноста Smiling
    (oksimoron 11 Јануари, 2007 - 12:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Гарант си се јавиле по телефон да договорат за што да пишуваат, а ете после и си се цитираат меѓусебно мамицата! Знам јас, се' е завера, завера против македонскиот народ- против името александрово, гарант го напраиле ова за грчка виза да добијат. (hazel figurine 11 Јануари, 2007 - 18:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Хазел,
    ова „гарант“ од извори блиски до ....хм... ВИЗАистите?!
    Од прва рака, а ? Smiling
    Знам, знам...завера за невера Eye-wink
    (oksimoron 11 Јануари, 2007 - 21:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Возам лидо и брзо во трката и би ги прегазил за миг дури и на црвено. чао (error 12 Јануари, 2007 - 20:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Од вакви ловци никој не се плаши.Прочитани се одамна не ги ни читам веќе не ги читајте ни вие! -) (SLaCk 13 Јануари, 2007 - 17:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Од сите наведени најшупак беше Коља. Внимавајте, тој во владата 1998-2002 ја гледа најлошата власт во Македонија во последните 130 години. Значи, ни турско, ни грчко, ни прво српско, ни прво бугарско, ни второ српско, ни второ бугарско, ни Тито и Лазо, ни Бранко, Хари и Буч, туку баш таа влада беше најлошата??? Човек да се фати за глава и да помисли во себе - Мајко моја, каков морон! Не би било убаво и ова да го кажам, ама ќе го кажам. Секогаш кога ќе се спомне Коља ми текнува на стереотипот за интелектуалец што владее меѓу обичниот народ. Обичен народ - често полуписмен и без разум, ама во случајов е во право. Стереотип за интелектуалец - думите му се од шупливо во празно, користи безброј цитати ( колку е тој начитан ), секогаш напреден и против заостанатоста на обичните и најважно, секогаш пука кај што на нормален човек нема да му текне да пука. Се надевам дека со прочистувањето на македонскиот медиумски простор, што неминовно мора да уследи ( лустрација и други процеси ), таквите типови како Коља ќе го изгубат дадениот простор по медиумите, а на нивно место ќе дојдат многу поасални. (кнсис15 Јануари, 2007 - 01:52 | логирај се за да пишуваш коментари)




  • No comments:

    Post a Comment