Friday, April 04, 2014

Шах-мат


Ете, влезе и Бугарија во Европската Унија. Уште еден дел од Македонија стана европски. Лека, полека...ни се наближуваат. Сериозна е работава. Ќе не освојат, еј! Ма колку ние и да даваме отпор смислувајќи дневно-политички глупости, ма колку и да се инаетиме со реформите и да се закачуваме со ноктите (очајни обиди за спас) во национализмот, суверенитетот и малограѓанштината..... тие ни идат се поблиску и поблиску. Ни дишат у врат. Не заобиколуваат, ја стеснуваат јамката околу нас.
Ни играат тешка партија шах овие од Унијата. Знаат дека сме заебан играч. Непредвидлив, недоверлив и ... непресметан. Учен недоучен, ама со манипулаторски перформанси и талент за смислување алтернативни методи (да не речам за девијантни дејствија, де). Најлоша комбинација. Затоа ни смислија изглеа посебна стратегија. Егејска Македонија одмна ни ја колонизираа преку Грција. Сеа еве и Пиринска си ја зедоа под свое. Ете, и Хрватска им е скоро земена, ќе ни стават коњ таму, да не дебнат у ГЕ позиција. Ловецот ќе го стокмат у Косово, а по се изгледа и Србија пред нас ќе ја освојат, па ќе биде тоа директен напад. Шах - мат!
Дајте, да почнеме троа повешто со (ш)пиуните, да ги позиционираме ловците, топовите пропаганда да ги исфрлиме напред, кралските манири на штрек, коњи имаме доволно за сите 64(овај, 27) полиња да ги покриеме ....мораме да ја добиеме партијава! Мораме да ја победиме Европа и да ја освоиме пред таа да ни го направи тоа.
„Народе македонски....со какви идеи си ти....
доста беше, разбуди се....свести се, не спиј ти...“



п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на  4 Јануари, 2007 - 20:48

Коментари:
  • Чувствувам дека поради оваа реченица,
    -Уште еден дел од Македонија стана европски.,
    постов ќе доживее наезда од благонадежни бугари и остроумни историски ВИСТИНИ. Eye-wink
    (Бунка 4 Јануари, 2007 - 20:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • постов ти е феноменален!и моите размисли се така некако! (КIМI 4 Јануари, 2007 - 21:53 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • За србите има веќе една издувана финта – Зошто србите не играат шах? Затоа што Кралот им е во Англија, топовите на Косово а шаховницата во Хрватска. Е сега пандан на ова – Зошто македончето не игра шах? Затоа што никогаш не научи дека бела кралица се поставува на бело поле, црна црно, па стално ја меша со кралот при позиционирање на фигурите. Окси, ние одамна сме матирани не во три туку во два потега, зошто не знаеме како се местат фигурите а камо ли како се играат. Дури и кога некој ни суфлира коњот многу не буни со то Г, не знаеме дали е на латиница или кирилица, па понекогаш полукружно го движиме. Поздрав се читаме. (Мечето Ушко 5 Јануари, 2007 - 11:41 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Я го обясни това велико постижение на мисълта: "благонадежни бугари"?
    Предварително благодаря!
    (банско 5 Јануари, 2007 - 11:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еј работава е навистина озбилна.
    2/3 ни освоиа.
    (Spartak 5 Јануари, 2007 - 12:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Па що само 2/3? А се сетих другата третиня е албанска , нели? Eye-wink
    (rustcukMK 5 Јануари, 2007 - 12:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Русчук ,тук малко не си прав.Другата третина оште не е усвоена 100%,ама както гледам на там отиват работите.За това един совет кон нашите братиа-да бранат това което им е останало все оште и да не гладат сас злоба в чуждиа двор,наче и другата третина им отива . (levski 5 Јануари, 2007 - 12:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка, многу си ми нешто чувствителен, де :-П
    Кими'с,
    фала
    Мече,
    а бе, шахот е комплицирана игра, а ние немаме толку време за мислење.....затоа секогаш набрзинка губиме, ама пак заштедуваме време (знаеш...она време за чекање прием...го имаме на претек
    Спартак,
    а бе, велам ја сериозна е работава, остај што ние сме несериозни Smiling
    банско и рустцукМК,
    ако продолжите со националистички препукувања и закачки во вашиот познат стил ....а бе, ќе ве бришам, ич не ви се ;удам ни минутка. Да си знаете. Каква демократија, каква слобода на говор - тоа кај мене не пали. Не е ова Стразбур, па да ми исправате криви дрини Laughing out loud
    (oksimoron 5 Јануари, 2007 - 13:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • одамна една партија шах не ме болела волку многу..
    ама, како стојат работиве, за да излеземе негибнати од оваа ситуација, ќе ни требаат две шаховски постави. Smiling
    (frustrislava 5 Јануари, 2007 - 13:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Опс....ми се зачерви едното ухо! Ке те съдя у Стразбург за спукано тъпанче..... Smiling
    Не се коси! Срекен Божик!
    (rustcukMK 5 Јануари, 2007 - 13:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • дамин
    или кралев гамбит ...
    или дамина индиска ...
    или александрова одбрана ...
    или ХулаХоп-овска
    Smiling
    (ХулаХопа 5 Јануари, 2007 - 13:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, прво, Среќна Нова.
    Второ, честито нов дизајн...
    Трето и најважно - постов ти е закон!
    Стратешки треба да размилуваме,
    А бугарите веќе жалат што нема веќе колење прасиња по дома за Нова Година, јагниња за 1ви Мај...па за варење ракија муабет да не правиме Eye-wink
    Али затоа им се нуди и сервира европеиско пиле Smiling
    (Леонова 5 Јануари, 2007 - 13:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • епа вака..јас чуствувам потреба да се вмешам у муабетиве. Не дека нешто wow сум за политика, ама бар ме интересира и сум постојано да не речам Обколена со истата...
    бек он ту д сабџект, колку и да играме ние шах, секогаш ке не поразуваат. Незнаеш дали сме прости или лукави. Се прават такви сплетки, и пак ништо. Само паѓаме се подолу и подолу. Се спремаме за влез во европа, ама што, од Европа ни Е! Албанциве ке влезат побрзо од нас. Донесуваат некои глупави закони, па незнам си ова, она, лустрација....и што...абе, дури некој не се свести и не си ја чукне главата ни пиуни ни шпиуни не не спасуваат.
    пзодрав, СРЕЌНА НОВА ГОДИНА
    (Ki 5 Јануари, 2007 - 14:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, па ние немаме крал!
    Матирани сме уште пред да почнеме Shocked
    (iacovibus 5 Јануари, 2007 - 14:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Го читам постот,ги читам и коментарите и не можам да поверувам оти така неписмени луѓе се обидуваат на така суптилна тема да мудруваат,сугерираат и ,сериозна загриженост’ да манифестираат.А бре (окси)МОРОНИ вие ,ваквите џаболебари им дадовте легитимитет на македонските идиот-политичари а ваму сте ми нешто мнооогу насекирани.
    Туку ајде ,не може никој да ви го земе правото да тртљате ама треба да знаете дека сепак вие сте малцинство(за што зборува се помалиот одзив на изборите за ова -она).Него,кога и вие најмрзливите почнавте да се занимавате со темата ШАХ(привилегија на мислечките луѓе) без оглед на идиотизмот со кој ја толкувате партијата ете ќе речам дека надежта станува се поопиплива.
    п.с. Единствено малку ме загрижува присуството на Спартак и неговото согласување со постот и коментарите.Него, признавам, го сметам(в) за тро побистар ама -секој има право на лош ден.
    (VUJKO-VLADIKA 5 Јануари, 2007 - 14:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • frutislava,
    нема негибнати - коа сме влегле у играва...има да играме Smiling
    --------------------------------
    rustcukMK,
    ама ич не се косам Eye-wink
    --------------------------------
    Хулахопа,
    хулахоповски му е мајката Smiling
    --------------------------------
    Леонова,
    фала многу Smiling
    а пилето европско.....одамна ни ги исколва очиве
    --------------------------------
    кристинче,
    а бе, чукнати сме одамна во главите, ама...изглеа уште малце ни фали Eye-wink
    Фала и поздрав
    --------------------------------
    iacovibus,
    аааа неаме...иаме, иаме - крал на подземјето! Сите (ш)пиуни работат за него Eye-wink Smiling
    --------------------------------
    Вујко Владика,
    Smiling Smiling Smiling Smiling Smiling
    Срц, у право си - секој има право на лош ден. Знам, те разбирам, сочувствувам со тебе...ама.....не можам да ти помогнам. Низ некои работи човек мора да мине сам, за да ги надмине. Така и ти со твојов лош ден.
    (oksimoron 5 Јануари, 2007 - 17:38 | логирај се за да пишуваш коментари)



  • No comments:

    Post a Comment