Friday, April 04, 2014

Општествена физика


Времето е релативна категорија. Пет минути тешкотија ти се чинат подолги од цел час удобност. Така вели Ајнштајн. Е па, изгледа ги имаме нашите пет минути. Тоа што нас ни се чинат 15-16 години е чиста илузија. Фикција. Тешкотијата прави да ни изгледаат така. Еве, да не примеа веднаш во ЕУ и НАТО, да имавме 100% вработеност, ниски цени а високи плати, задолжително високо образование.... ќе ни летнеше времето, немаше да го сетиме! Ќе го изгубевме без да го почувствуваме. А вака, го доживуваме секој момент во полн интензитет.
Понесени од привилегираното чувство на интензивно доживување на релативноста, долги години правевме обид да се заштитиме од надворешните влијанија кои би можеле да ни ги расипат моментите. Влечевме политички потези кои градеа решетки околу нас. Сметавме дека во кафезот ќе бидеме сигурни. Дека надворешните струи нема да делуваат на нас т.е. ќе минат преку решетките без да не допрат. Изгледа успеавме во тоа. Силни решетки создадовме. Ја релативизиравме дури и релативноста. Ја свртивме во наша корист. На ограничените умови секогаш им е удобно. Им годи релативноста. И, упорно се борат да останат во кафезот.
Фарадеј гомна да јаде.
И Ајнштајн исто така.



п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 27 Јануари, 2007 - 22:48

Коментари:
  • ..да имаше баба мочало..
    дедо ќе беше..
    ..за Фарадеј кафезот..
    затоа ли не (не) удира "гром" во коприва..
    ..Ајнштајн зборува за закривување..свиткување..извивање..
    исто како нашите грбови..
    Фарадеј гомна да јаде.
    И Ајнштајн исто така.
    (vasiot sosed 27 Јануари, 2007 - 23:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Некој спомна коприва Smiling
    Бај д веј, окси камо штафетарење од тебе!? Ја ти ја давам ти не ја земаш Sad
    (dr. Max 28 Јануари, 2007 - 01:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Релативноста е сепак, релативна работа. Зависи како од ситуацијата, околностите и настанот, така и од човекот кој сите тие работи ги набљудува... Искрено, не можам нас Македонците да не замислам во состојба на 100% среќа, вработеност... таа физичко-агрегатна состојба би морало да се нарече надреален македонизам, затоа што народ кој е среќен само кога некој друг му ги решава проблемите е нешто што не припаѓа во можните ситуации кои би се одвивале во светов... во која и да била реалност... (Leto II Atreides 28 Јануари, 2007 - 03:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • соседу,
    таа релативноста не дотепа...башка кафезот...
    ---------------------------------------
    dr. Max,
    фала за штафетата, ќе ја земам кога ќе почувствувам потреба да кажам нешто повеќе за себе Eye-wink
    --------------------------------------
    Leto II,
    правилата и теориите у физиката ни предизвикуваат општествени девијации...паралелни светови...ограничениченоста не е секогаш заштита...ама нас ионака се ни е релативно Eye-wink Smiling
    (oksimoron 28 Јануари, 2007 - 19:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • убаво текстче, ама идејата со кафезот на фАРАДЕЈ не ми се бендисва, знаеш ли дека колку посилни решетки создадеш, надворешното влијание е посилно? ок, безвезе е забелешката ама ми падна во очи, :) (2manyfreaks 28 Јануари, 2007 - 19:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • 2manyfreaks,
    ни се допаѓало тоа или не, во кафезот сме. Цврстината на решетките го засилува надворешното влијание и прави посилен притисок. Кон дното. А ние - релативизираме....
    (oksimoron 28 Јануари, 2007 - 22:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • јасна ми е твојата поента и ми се допадна идејата како ја склопи... но алудирав на физиката на Фарадеј и неговиот кафез... твојата симболика на нашето пропаѓање не се совпаѓа со споменатата физика... :) (2manyfreaks 29 Јануари, 2007 - 14:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • 2manyfreaks,
    знам на што алудираше ти , и се согласувам со тоа, но токму затоа и се пцовките на крај од постот - оти општеството низ призмата на физиката не ги почитува законитостите на посочените теории. Eye-wink Всушност, и самиот наслов „општествена физика“ е оксиморон Eye-wink
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 29 Јануари, 2007 - 16:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ... и уште влечиме решетки.
    Не ни е крива латиницата, ами многу глаголиме и уште повеќе гргориме, а малку твориме дури не се затвориме ...
    во сопствената зандана.
    пс: Туку, за малку само што не дотрчав во саботата. Арно што скршив еден солза муабет и разбрав Eye-wink. Поздрав
    (RIBARO 31 Јануари, 2007 - 00:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, не ми го чепкај Фарадеј!
    (iacovibus 31 Јануари, 2007 - 13:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Рибару,
    нека тоа, туку и падежите кои ги немаме во нашата граматика - ни делуваат во творештвотоEye-wink
    п.с. ќе биде, ќе биде Smiling
    ------------------------------------
    iacovibus,
    Гомна да јаде Фарадеј Sticking out tongue Laughing out loud
    (oksimoron 31 Јануари, 2007 - 13:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А јас само ќе тодадам; Не ги губите живците поради тешките луѓе. чао (ерор 1 Февруари, 2007 - 16:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • eror,
    додаток на додатокот - зачин C :
    а бе... ги губиме луѓето заради живците...
    Sticking out tongue Laughing out loud
    (oksimoron 1 Февруари, 2007 - 18:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • хахахахахахахахаха (Ronin 1 Февруари, 2007 - 21:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Зачин Ц... хахахахах
    (dr. Max 3 Февруари, 2007 - 01:35 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment