Saturday, April 05, 2014

Последната линија на отпорот


Зелениот нилски коњ се изјази по дрвото, забивајќи ги своите канџи во стаклената кора на стеблото. Кога стигна до пластичниот плод, една риба силно го клоцна со копитото па падна во песокливата трева. Од своето подземно дувло излезе штркот и го гризна за увото затоа што му го извалкал крзното со потресот од падот. Нилскиот коњ се налути и одлета до дното на морето. Таму, на својот дрвен триангл го затруби највеселиот блуз.

Се прашувам  како тоа одредени личности немаат ништо против (дури и заговараат) менувањето на името на нашата држава заради прием во ЕУ, но затоа пак се згрозуваат и урлаат на сиот глас против прохибицијата и социјалните мерки кои се правило во таа иста ЕУ?!  Значи, името го даваме ама алкохолот не! 
Ха! Незнаеле каде да не чепнат овие од ЕУ досеа, па да видат што е револт. Можат да не шиканираат, да метат подови со нас, да не прекрстуваат како сакаат, 17 години им храбро одолеваме на провокациите, ама.... алкохолот да ни го забранат??! Има да отидат у три лепе материне, бре!!! До тука се трпат! На нога сите! Да видат они што е отпор, да видат дека и ние имаме нешто свето, нешто преку кое не можеме да поминеме. Со чашата во една и шишето во друга рака, да станеме и ние, страдалници од век! 

И тогаш Езоп му рече на Андерсен - „Грдото пајче не порасна, оти кисело било грозјето“. А браќата Грим климнаа со главите во знак на согласност, додека ги вртеа трите прасиња на раженот. Продавачката во соседната продавница не им дозволи да купат вино. И бајките веќе не се тоа што беа..... 


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 16 Септември, 2008 - 19:22

Коментари:
  • Е токму така. Се испревртено.
    Ние сме жив пример за таква работа.
    Но, со причина.
    (Маат 16 Септември, 2008 - 19:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • аман бре ви од тј крај доле,ептен сте се засекирале немој гројзе да ви остане непродадено!!!!
    (interpreter 16 Септември, 2008 - 19:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Алкохолот е вкоренет во традициите на овој народ... со него се славело, со него се „залечувале“ раните, а во периодот на едноумието, на народот му се продаваше евтина ракија и им беше достапен на сите, за да се засладува животот...зашто со негова асистенција и најгрдата жена изгледа како убавица.
    И сега, ако на овој народ му се одземе тоа средство, што му помага да се чувствува лажно среќен, ќе сфати колку всушност е несреќен. Ќе мора да ја гледа вистината, а таа е грда.
    (partik1 16 Септември, 2008 - 19:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Државите се рушат и се обновуваат. Како и законите како и власта.
    Но, желбата човек за момент да избега од реалноста преку алкохол или друг некој друг порок е вечна и непроменлива.
    (aleks.bukarski 16 Септември, 2008 - 19:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • воу само каква мисла од големиот мозок на малото Букарче. се здрвив :-) (lejdi eVaaa braun 16 Септември, 2008 - 20:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • lepotani единствен начин да добиеш орален секс е пичето со паштета да го намачкаш за да ти го лижат шарпланинци. (aleks.bukarski 16 Септември, 2008 - 20:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, пишувај глобално, размислувај локално. Ние барем можеме да си консумираме и после седум Eye-wink
    Голема бура се крена околу алкохолот, текстот ти е на место, ме изнасмеа Smiling
    (KLIKER 16 Септември, 2008 - 20:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • МААТ,
    испревртените приказни се нашиот шаблон за секојневието Eye-wink
    Интерпретер,
    ма, ние кавдарчаните ич не сме загајлени. Грозјето си го обравме и си го продадовме. Сета ни е наредена нас. Не гајлат само другите што се гајлат загајлено... не збунува цело тоа гајле, де Eye-wink Smiling
    Партик1,
    до толку ни е „вкоренет“ алкохолот, што кога не чепкаат таму - ко да ни чепкаат у нашата интима, идентитетот (убер национален), бре!
    Според силните реакции, се добива впечаток дека со воведувањето на европските принципи при спроведувањето на реформите за приближување и усогласување на законите со земјите од ЕУ, ни се помати паметот. Името на државата како да е најмал проблем. За истата ли ЕУ станува збор?!
    Трезноста , а и трезвеноста, никогаш не ни биле јака страна. Eye-wink Smiling
    Алекс Букарски,
    Така е. Smiling
    Се тече, се се менува. Ама кога имаш доволна количина на алкохол со (и во) себе - и не ти е гајле баш ни за течението ни за промените! Се ти е рамно. На грбот од трите китови....
    Smiling Smiling Smiling
    Лепотанке,
    кај тебе на блог можеш да си пишеш што сакаш и за кого сакаш, но јас нема да толерирам вакви испади на мојов блог. Посебно не кога се навредуваат драги пријатели.
    И..... каква коинцидентна ситуација (согласно постов) - дрвото се здрвува! Без навреда, ама двапати мери еднаш сечи... ако ти сечи, де Eye-wink Smiling
    Кликер,
    а бе, порано се мислеше глобално а се делуваше локално... сеа и тоа се смени Smiling Smiling Smiling
    Во право си, ние во Кавадарци немаме проблем со прохибицијата. Сите имаме резерви дома. Ама, м‘чи не лафи, да не разберат и другиве, де Eye-wink Smiling
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 16 Септември, 2008 - 22:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, ако може линк до т.н. "социјалните мерки кои се правило во таа иста ЕУ?!", зашто јас несакам да се откажам од пиво пред коперација. (oggie doggie 16 Септември, 2008 - 23:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Силна поента како и секогаш. Супер отсмислено, многу ми се допаѓа. Поздрав.
    (molika 16 Септември, 2008 - 23:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ...и потоа мравката му рече на коњот:
    - Волу еден, земај виолината и удри го Пајдушко за
    да изиграме едно Жикино.
    Тој тргна преку 7 планини, преку седум реки, преку седум мориња, преку седум ливади, преку седум океани...ма што да ти
    кажувам, у пизду материну далеку оваа Европа од нас...
    Навистина бајките не се како некогаш.
    Тие што ги кажуваат се ИСТИТЕ. Eye-wink
    (batadjango 16 Септември, 2008 - 23:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • oggi doggie,
    би се откажал од името, ама од пивото пред кооперација не... никакви линкови тебе не те вадат, пријателе Smiling
    молика,
    благодарам пријателе, мило ми е што ти се допаѓа текстов Smiling
    Бата Џанго,
    Smiling Smiling Smiling Smiling Smiling
    одличен контраст! Убаво надополнување. Сенките се важен детал за тродимензионален израз во сликите Smiling
    Туку, ова другово.... не постојат ИСТИ нешта во природата. Заговараш натприродност?! Eye-wink Smiling
    (oksimoron 17 Септември, 2008 - 21:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • НЕ ДАВАМЕ ИМЕ, НЕ ДАВАМЕ АЛКОХОЛ Затоа што европа не е достојна на нашето име, а уште помалку на нашиот алкохол, а тие правила во европа демек нешто супер,да како не,немало продажба на алкохол по 19 ч.,жими таквиот,но затоа има продажба на хероин и свашта друго на секој агол од улиците,а во некои делови на европа и легално се продава тоа. Е авал да им е, тие со своите мерки го средија алкохолизмот па сега и нас ќе не трезнат, е фала им .ама јас сакам да си пијам Значи европејциве не не сакаат кај нив како Македонци и не сакаат пијаници,па нормално кога и тие самите не знаат што се- колективна безлична глупа маса и издрогиран олош од каде се не. Што ќе им сме кога не сме такви. (george bush 17 Септември, 2008 - 22:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ах окси, немој така, одма во цеваница маваш.
    Кој спомна менување име? Јас сигурно не, ниту во мој пост, ниту во коментарите кои ги имам давано.
    Сакам да видам како ве/не лажат, демек еве на пр. третиот бенчмарк е забрана на пиење пиво пред коперација.
    (oggie doggie 18 Септември, 2008 - 19:43 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment