Saturday, April 05, 2014

За малку


-Како си помина денес на училиште сине?-Ех, за малку ќе добиев петка!-Како тоа „за малку“?-Е па, доби детето што седи до мене.....

Минатата година за малку ќе влезевме во ЕУ. Влезе БугаријаГодинава пак, за малку ќе влезевме во НАТО. Влезе Албанија.Дури и денес за малку ќе се „погодеше“ да биде Петок 13-ти. Ама сабота е. За малку!Пред некој месец за малку ќе го решевме и проблемот на Грција – ни даде шанса со прекршувањето на фамозната „привремена спогодба“. Ама, пусто прекршување на светлината.... како да не беше тоа до нас.... па остана  да се преговара уште малку за малку. Нас се‘ ни е така – за малку. Не малку по малку туку баш таман „за малку“!А и колку малку ни е грижа за тоа малку.....

Сакаме европски плати, европски стандарди и права, ама не и европски обврски. Е па, драги мои, прохибицијата одамна е реалност во ЕУ, а и законите за чиста средина (вклучително со казните). За цигарите и да не зборувам, ме боли многу ова како страствен уживател во никотинот (дури и дома имам инспектор, и тоа најстрогиот- син ми!). Освен овие, постојат и други, уште поригорозни забрани во ЕУ. Ама, малку по малку.... ќе дојдат и тие кај нас. Ако го поминеме ова малкуто сега.


Кога нешто бара одреден напор од нас, најлесен избор е да се отфрли како неприфатливо и да се плука по него. Демек, револт. А всушност, страв од промени. Страв од сопствените можности за прилагодување на истите. Ќе имаме ли храброст овој пат да го направиме потешкиот избор.  Креирањето цивилизирани манири. Ние сме ти диви во душа и кога ќе не допрат барем малку таму, во нашиот див дел – дивееме! Е, само тука го нема и не важи она малкуто. А таман помислив - ќе не биде.  За малку.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 13 Септември, 2008 - 14:45

Коментари:
  • *беш ли нешто?
    -Лани за малку, оваа година нешто поретко...
    (partik1 13 Септември, 2008 - 14:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Е се сложувам, сега е ред и на нас малку да повежбаме како е со правилата во старите демократии.
    Барем како генерална проба. Оти за малку може не ќе имаме премиера.
    (Маат 13 Септември, 2008 - 15:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Зошто тогаш се ни се допага кога ке одиме ако не подалеку кај нашите ни пријатели не подалеку еве Словенија...ни се допага буквално редот, нивната организација, да не зборувам за нивните европски плати....права, обврски и манири...страв од нешто ново и непознато е нормално, но, неприфаќање на мерките што би требало да постојат во секоја барем ималку културна цивилизирана земја дефинтивно е најголемата глупост, дефинтивно сум ЗА...нивна реализација па кој сака и што сака нека каже....поздрав
    (leonastefani 13 Септември, 2008 - 15:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • За малку ќе купев Порше! Smiling
    (Бунка 13 Септември, 2008 - 17:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ама пак гледаш, многу малку ни требаше за да веруваме и сеуште да се надеваме дека за малку ќе влезевме во ЕУ,
    а и малку ни треба да се вљубиме,
    од малку се разочаруваме
    од малку се опијануваме..
    вака сензитивни нации малку ги има Smiling
    ...
    за малку ќе добиев на лото, само ливче да уплатев Sticking out tongue
    (seelenluft 13 Септември, 2008 - 18:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Партик,
    баш така... секоја година тоа за малку станува се помалку Smiling
    Маат,
    е, тука сме тенки....некако селективно си ја разбираме демократијата ние. Сакаме сал тоа што ни одговара лично нас, а за другото.... не ни чини. Ама ај, белки ќе не биде, де Eye-wink
    Леонастефани,
    кога се враќаме од европските држави, полна ни е устата со пофалби за чистотата таму, за високата свест при почитувањето на правилата. Па кукаме како е тука валкано и продолжуваме со фрлањето отпадоци кај ќе ни текне. Е па, веројатно и таму , во тие држави високата свест не им била вродена (сите сме биле диви на поцеток) туку се создала како резултат на високите казни Eye-wink Smiling
    Бунка,
    ептен за малку или сал онака „за малку“, бе?
    Пу, јаз‘к!
    Ај, следниот пат.... уште малку за малку Eye-wink
    seelenluft,
    ние сепак ќе влеземе во ЕУ, когаш-тогаш, де Smiling
    Ни нема спас. Џабе и сензитивност и селективност и сенилност и... се на се со се за се!
    После тоа за малку ќе не глочка уште малку, додека ни помине малку по малку...
    Гледаш како функционира тоа причинско-последичноста: да уплатеше ливче, ќе добиеше на лото! Не е до другото, грешката е во чекорите Eye-wink Smiling
    Поздрав мила Smiling
    (oksimoron 13 Септември, 2008 - 21:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • кај нас се` е за малку, ама само од малку не сме сиромашни, туку од многу, така што во тоа сме “за повеќе“ од другите... Eye-wink
    за малку ќе додадев уште нешто, ама ти си напишала со малку многу, па се` што е отповеќе е помалку... Smiling
    поздрав... Smiling
    (prezviterkozma 13 Септември, 2008 - 21:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • За малку. За малку и ќе не биди. Само за малку.
    (molika 14 Септември, 2008 - 19:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Prezviterkozma,
    не сме сиромашни од малку, ама богати сме „за малку“.
    Понекогаш малкуто станува многу. И не е тоа многу малку, туку баш многу од малкуто Eye-wink
    поздрав Smiling
    Молика,
    уште многу за малку и ќе не биде Eye-wink Smiling
    (oksimoron 15 Септември, 2008 - 17:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Најдобро од се е што дента кога сме зачнати не важела ваквата практика.Што ако за малку твоите или моите немале секс..Уживај,не е се така црно.. (Filipko 15 Септември, 2008 - 17:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вика му пироќанац на свое дете
    Сине, кажи драгичка...
    И дете радосно,на цел глас ДРАГИЧКА
    Тато за малце ќе ти купеше карамеле
    (interpreter 15 Септември, 2008 - 17:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Filipko,
    Smiling Smiling Smiling
    А од кај знаеш дека нашите стари за малку немале онака, редовен секс без планови за „создавање потомство“? А? За малку и ќе било така... ама еве не нас тука сега Eye-wink Smiling Laughing out loud
    интерпретер,
    а бе вицов... да не знае човек дал да се смее (а смешно е), сирото дете..... тоа „за малку“ не ремети за многу
    Поздрав кумановке Smiling
    (oksimoron 15 Септември, 2008 - 17:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас сум планско дете,за тебе не знам.. (Filipko 15 Септември, 2008 - 17:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Филипко,
    Луда Глава велеше: „јас сум дете на љубовта, а брат ми бил планиран“. Да не си ти тој?! SmilingSmiling Smiling
    Иначе, моите родители го славеле роденденот на татко ми, па се напиле малце повеќе и.... по точно 9 месеци сум стигнала јас Eye-wink Smiling За малку ќе немало последици нивното прославување..... за малку Smiling Smiling Smiling
    (oksimoron 15 Септември, 2008 - 18:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Пијана работа.. (Filipko 15 Септември, 2008 - 18:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ииииии го откривме Филипко......оксиморонке арно ти текна, да не пукнеш Smiling
    (neskova nl 15 Септември, 2008 - 18:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ех, си има тоа и свои добри страни. Имуна сум на алкохол Smiling Веројатно поради високиот % на двете инволвирани страни при создавањето. Чиста хемија, при чиста физика Eye-wink Smiling
    Нешкова,
    сам се издаде не сум ја крива, де Sticking out tongue Laughing out loud Smiling
    (oksimoron 15 Септември, 2008 - 18:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Одам кај Луда Дада за да се договориме за наредните постапки... (Filipko 15 Септември, 2008 - 18:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • "Сакаме европски плати, европски стандарди и права, ама не и европски обврски. " Не се жали на платата, мислам дека оди на подобро ... Back to normal ... (zobl 26 Септември, 2008 - 21:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • zobl,
    ехеј! па дека си ти човеку?! Smiling
    те нема, те нема, па - оп! Изненадување!
    Не, не се жалам јас од платата (после августовската, јок) Eye-wink
    За обврските беше муабетот. И стандардите. А најмногу за нашето прилагодување. Лесно се прилагодуваме на подобро, но коа станува збор за полошо (т.е. построго) - е, тука сме неприлагодливи!
    Поздрав, се слушаме Eye-wink Smiling
    (oksimoron 26 Септември, 2008 - 21:26 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment