Saturday, April 05, 2014

Приватност на интернет

Пред неколку години, поточно есента 2003, бев жртва на манијакална повреда на приватноста преку злоупотреба на интернетот. Некој мој „обожавател“ на повеќе интернет страни ставаше секс огласи во мое име. Наведуваше возраст, пол, брачна состојба,  име, град, физички опис, покана за секс средби и мој домашен телефонски број. Со напомена заинтересираните да се јавуваат во периодот од 22 часот до 5 изутрина. Почнаа повици среде ноќ полни со вулгарности а јас појма немав зошто ми се случува тоа. Еден од јавувачите беше доволно коректен да ми каже за што станува збор и ме информира за сајтот каде го видел огласот. Реагирав до администраторот на сајтот и огласот беше отстранет веднаш. Но повиците не престанаа. Секој нов повик ми кажуваше сосем друг сајт. Почнав да им објаснувам на луѓето кои се јавуваа дека не сум ставила јас оглас, дека е тоа нечија малициозна шега. Изнапишав куп мејлови до разни администратори на страни, звонев во мт.нет и он.нет... 
 
По десетина дена дон-кихотска битка, при што целото семејство ми беше вознемирено, одлучив случајот да го пријавам во полиција.  Инспекторот кој беше надлежен за пријави на вознемирувања, личност од околу 50-55 години првпат се соочуваше со ваков случај. Немал користено интернет никогаш и целата моја приказна му звучеше како заплет од некој научно-фантастичен филм. Не можеше да разбере за какво вознемирување станува збор, термините интернет, сајт, сервер, ИП адреса, провајдер беа целосно непознати за него. На бирото пред себе имаше стара машина за пишување и куп хартија. Немаше никакви познавања од користење на компјутер, но имаше добра волја. Ми дозволи самата да го составам службениот допис до мт.нет со кој МВР бара отстранување на сите огласи во кои се содржи моето име и телефонски број, како и информација за корисникот кој ги качувал огласите. По неколку дена ми се јави дека пристигнал одговор и ме повика да го видам самата. Одговорот на мт.нет содржеше информација за отстранување на огласот од дваесетина сајта кои имале нивна подршка,  време и  ИП адреса од корисникот кој ги качувал, од која се гледа  дека станува збор за корисник на интернет од он.нет па препорака за повеќе информации да се обратиме таму. Зашто, провајдерите го почитуваат правото на приватност на своите корисници. Дури и кога тоа право за приватност се користи за повреда на истото, ама кај други корисници.  Од он.нет никогаш не пристигна одговор. За среќа, и мојот „обожавател“ престана да качува огласи.
 
И тука се затвори случајот. Додуша, и да го фатеа... немаше никаква законска рамка за подигање на обвинение. Само материјал за жолтата штампа. 

Денес, по 6 години, употребата на интернетот е рапидно зголемена. Има се поголем број на корисници и станува незаменлива алатка. Интернетот наоѓа примена во се повеќе области од секојдневниот живот -  од општествено-политичката, социјалната, образовната, финансиско-економската сфера.... Со самото тоа расте и можноста од неговата злоупотреба. Се почесто сме соочени со криминални дејствија за чија реализација е исползуван интернетот. Денес и состојбата со опременоста и едуцираноста во однос на новите технологии во МВР е на солидно ниво. Креирани се услови за воспоставување на законска рамка за санкционирање на злоупотребите на интернетот. 
 
Пред две години се донесоа измени во законот за следење на комуникациитесо кои за првпат се опфатени и електронските комуникации. И добро е што е така. Сакам да се чувствувам заштитена како интернет корисник. Имаше мала скептичност околу тој закон кај одредени кругови, во поглед на доверливоста при процесирањето, но ако не им веруваме на институциите чија намена и улога е да не штитат и самите си правиме трилер филмови... тогаш сме зрели за некои други институции!  

Освен тоа, ако намерата на институциите е да се приберат информации за социјалниот живот на единките, нема потреба од цела таа силна опрема ниту закони. Доволно им е да креираат профил на фејсбук. :)

Пред 6 години институциите немаа поим како да го фатат интернет вознемирувачот но денес Антикорупција ме следи на twitter. А во антикорупцискиот лист немам наведено дека поседувам и твитер акаунт. Жива ме фатија. :)


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 30 Јули, 2009 - 19:28

Коментари:
  • Законот е толку блед, што на пр. не покрива кражба на интелектуален труд од интернет и на таа основа не можеш да го тужиш некој што те здиплил. Треба итно да се ревидира и надгради (како што се развива светот на интернет!).
    А, што се однесува до штитењето на приватноста од провајдерите, најди некој што има добар пријател вработен во некој од нив или некој што го јадел од „позајмување“ информации „случајно“ на трети лица и ќе ти стане јасно. Smiling
    (Внукот 30 Јули, 2009 - 19:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ја па не ни знам што е твитер..Прашују га сина, он вика, а бре мамо, нели знаеш и па не ми објасни
    Мене, мене, ако ме дофати Гуги, има да ми даде и интернет и твитер...Збира ми га он, само чекам кд ќе ми га истовари
    А твоја приказна, абе кожа ми се наежи
    (interpreter 30 Јули, 2009 - 20:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Можам да замислам какво вознемирување е тоа да те вади од памет телефонот во ситните саати... и тој од другата страна да се надева на `вруќ` разговор. Верувам дека искусни хакери можат едноставно да лоцираат од каде се јавува `напалениот`... и, сметам, тука би требало да има можност после пријава да се сними забеганиот и да му се стегне пријава... или некој истерувач да го начека во влез...и да му ги истера мушичките...(Sbepot 30 Јули, 2009 - 20:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Внучко,
    се согласувам со тебе дека законот треба да се надградува како што се зголемува примената и развојот на интернетот Eye-wink
    Интелектуалниот труд треба да се цени и почитува. Секое здиплување да се санкционира, по сите рабови Eye-wink
    Приватноста по се изгледа им користи само на девијантните умови. На сите други не им важи Smiling
    Интерпретер,
    а бе, твитер ти е светот во мало. Во смс пораки Eye-wink
    Пази се од Гуги, не оставај ништо зад себе - бриши ги сите докази со солна киселина Smiling
    Ех, како се ежев ја месец дена тогаш.... сопруг, деца будни и вознемирени, мајка хистерична.... а цајкан збунет Smiling
    Ѕверу,
    ма не се виновни тие што звонеа, виделе оглас и се јавиле согласно личниот резон. И инспекторот од полиција првично ја имаше таа идеја, да се побара листа на телефонски броеви кои реализирале повик кон нашиот број. Но, така би се добиле само изманипулираните читатели на огласот кој реагирале, не и тој кој го ставил.
    Со ова искуство зад себе, моето мислење за законот за следење на електронските комуникации е позитивно и поздравувачки. Ни требаше. Eye-wink
    Поздрав
    (oksimoron 30 Јули, 2009 - 20:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Интересна и актуелна тема. Мислам дека полицијата треба да поседува опрема за откривање ИП-адреси, а провајдерот треба да има разбирање и за лицето чии права за приватност се нарушени, а не да ги штити оние што некого вознемируваат. Во последните две години настана вистинска експлозија со интернет- корисниците, па секоја будала што умее да пишува може некаде да се логира, да регистрира блог или некаков друг профил, без да го прочита куќниот ред и да се изживува со некого. Би требало да се направат некакви измени, кога станува збор за користење на блогерајот. Предлагам малолетни лица да немаат пристап на блогерајот, а при регистрација да се оставаат точни податоци, кои ќе се чуваат и кои ќе им бидат достапни само на овластени лица...така да оние што го користат блогот од други побуди и повредуваат нечија приватност,да можат да бидат предупредени, демаскирани или исклучени од блогерај, а се разбира да сносат и кривична одговорност.
    Твојот „случај“ е згоден за филмско сценарио... ми се креваше косата читајќи.
    (partik1 30 Јули, 2009 - 20:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кажи која е таа црната зш ако не кажеш има ногу да ти ја расипам приватноста! Sticking out tongue
    (ИнсајдКорупшн 30 Јули, 2009 - 20:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Партик,
    многу строги правила предлагаш бре! Smiling
    Неможе да се ограничи употребата на интернет во поглед на возраст, не може да се диктираат правила за начин на употреба, но.... НО треба да може т.е. да постои законска рамка за санкционирање на сите злоупотреби на истиот. Па после, знаејќи дека може да биде откриен и казнет.... секој би размислил добро пред да превземе слични дејствија Eye-wink
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 30 Јули, 2009 - 20:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Инсајдкорупшн,
    ти кажав и на Фејсбук, не откривам информации за пријателките!
    И, фани логирај се нуму ја да те шлогирам
    БУ!
    Sticking out tongue Laughing out loud Smiling
    (oksimoron 30 Јули, 2009 - 20:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • имав еден испит кој гласеше Легални и етички аспекти на интернетот. беше голем - содржеше голем број закони за интернетот од европска унија. наспрема сите тие закони нашата државичка имаше само еден за електронска трговија. ништо не разбрав од испитот да бидам искрен - тоа беше еден огромен хаос. полагавме - решававме некакви си случаи - но и денес не знам како успеав да го положам. така да и ден денес немам појма што се случува - сето тоа се оргомни лавиринти од кој останало само нешто во мојава глава... се што знам е дека нашаваа земја е многу далеку.
    така некако
    (figment 30 Јули, 2009 - 21:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, мојот предлог беше за блогерајот, не општо за интернетот.
    (partik1 30 Јули, 2009 - 21:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не мога и да сакам да се логирам, боље вака, нон стоп различно име а ионака еднаш неделно идам наваки. Smiling
    На капча ми се падна МУДРУДЕЦ Smiling
    (ИнсајдКорупшн 30 Јули, 2009 - 21:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • тука се негде , меѓу нас
    http://antikorupcija.blog.com.mk/
    (hemicarot 30 Јули, 2009 - 22:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • заебана работа (The Crow 30 Јули, 2009 - 22:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Да го најдам тој што така ме вознемирувал мене или некој мој близок, нема да го тужам. Така ќе го излупам, да ќе може да ме тужи колку сака.
    (tomba 30 Јули, 2009 - 23:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Интересен и трнлив бил твојот интернет пат ... поздрав за тебе и твоето семејство.
    (волан 31 Јули, 2009 - 06:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Заштитата на приватноста преку интернет е многу тешка работа мора да се признае...но уште потешка е заштитата на приватноста од интернетот. Веројатно ќе се усвојат издржани закони на западов за оваа работа па ние ќе мораме експресно да ги примениме...друго нема.
    До тогаш по балкански ќе ги решаваме проблемите.
    Инаку фејсбукот е типично нудење на животот на дланка...многу луѓе кои ги знам од истите причини ги избришаа своите профили токму поради таа причина.
    Како и да е заштита мора да има...односно правила и закони мора да постојат ... колку побрзо толку подобро.
    И серверите ќе мора да соработуваат на таа основа кога се нарушува приватноста...нема тука бегање.Верувам дека денес реакцијата би била побрза.
    Поздрав
    (Meceto Usko 31 Јули, 2009 - 12:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Закони има.
    Секој ЕУ интернет провајдер е обврзан да ги чува последните 6 месеци сообраќај на секој муштерија.
    Сака да каже, ако знаеш IP адреса и време и датум, може да се дознае едресата каде е компјутерот.
    Како е тоа организирано во Македонија можам да замислам.
    Јасно ви е сеа зошто не ве пуштаат у PayPal?
    (Pero Nakov b.b. 31 Јули, 2009 - 12:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Перо не сум баш сигурен дека постои такво правило но добро би било да постои. И ај пи адресата би требало да ја најде провајдерот или евентуално серверот...зошто некој како корисник би пробувал да дојде до ај пи адреса кога и ресурсите за истото му се ограничени.
    Инаку нема врска дека затоа не е Македонија во пеј пал...причините се други...сепак бизнис е во прашање па како и се друго пеј пал си мери...приходи со расходи.
    А да заборавив прееска да и кажам на Окси.
    Smiling Секоја убава жена или девојка порано или покасно се среќава(можеби не со исти ама) со слични проблеми како твојот Smiling .
    Балканските мажи не знаат да бидат креативни Eye-wink .
    Јас мислам се работело за некој љубоморен маж ... ти што викаш.
    (Meceto Usko 31 Јули, 2009 - 13:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вамока има нешто.
    Сите телефонски разговори и SMS-и последните 6 месеци тагуѓере.
    http://wiki.gruene-jugend.de/index.php/Vorratsdatenspeicherung
    (Pero Nakov b.b. 31 Јули, 2009 - 14:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ова е посебно добро
    Mit Hilfe der anlassunabhängig über die gesamte Bevölkerung gespeicherten Daten können Bewegungsprofile erstellt, geschäftliche Kontakte rekonstruiert und Freundschaftsbeziehungen identifiziert werden.
    во превод би дошло одприлика вака.
    Со помош на информациите од остварениот сообраќај сторнирани за даденото време врз целата популација одредени профили може да бидат реконструирани и истите да бидат доставени, бизнис разговори и да се идентификува нивниот соосднос(во приватнос во каков однос се).
    НакрАТКО кој го контролира ова контролира буквално СЕ.
    Добро за телефоните е полесно не знам како стои работата во германија со интернетот. Веројатно велешкиот гаст-арбајтер Шехерезада ќе треба да се врати од одмор и да ни каже.
    (Meceto Usko 31 Јули, 2009 - 14:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Перо Наков е Шехерезада
    (Шехи 31 Јули, 2009 - 14:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Aj aj сеа ... глеј каква тема за дискусија имате...ви мајтап ќе терате...си отидов не ми се праи вака муабет...поздрав до Окси.
    (Meceto Usko 31 Јули, 2009 - 14:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оди пробај во Германија од дома да се претплатиш на некоја интернет услуга, па да се пишманиш, да се правиш на Тошо, као не бев јас, некој го направил тоа во мое име.
    Ќе те дадат на суд и Ќе си платиш како попЧе.
    Се е снимено.
    (Pero Nakov b.b. 31 Јули, 2009 - 17:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Figment,
    Неразбирливи ни се европските закони по ова прашање токму поради недефинираната законска регулатива кај нас за истото. Си ги решавал случаите следејќи ја сопствената логика Eye-wink
    А лавиринтите... по толку слепи улички во нашите закони, белки ќе успееме да го најдеме излезот Smiling
    Партик,
    И за блогерајот е тешко изводливо тоа, нема механизам за проверка на веродостојноста на податокот за возраст кој ќе се наведе (освен ако не се бара број од лична карта и потоа да има гарантирана проверка од МВР. Ама... дури и да се среди тоа - блогерајов нема да постои како ваков, ќе се претвори во виртуелен затвор на хипокризична куртоазија)
    Освен тоа, проблемите не ги прават малолетните. Супер се тие. Оние полноглав...овај, полнолетните се ризичните Eye-wink
    Инсајдкорупшн,
    Види – двапати се логира со исто име тука! И, шо фајде од нелогирањето?!
    А капча е интелигентна алатка... фаќа мудреци Smiling
    Хемичару,
    Да, бе! Од секаде не дебнат антикорупционерите. Хм... ако ги стаам во пријатели, ќе биде ли тоа обид за нивно корумпирање? ! Smiling Smiling Smiling
    The crow,
    М‘чи не лафи.... забегано заебано
    Томба,
    А бе, првиот нагон е тој! Smiling
    Ама, по што би биле различни од него тогаш?!
    Волан,
    А бе, можам мемоари да пишам Smiling Благодарам за поздравите, поздрав и до тебе и твоето семејство Eye-wink
    Мече,
    И јас верувам дека денес реакцијата би била многу побрза и поефикасна, со оглед на интернет експанзијата која се случи во меѓувреме а и вложувањето во едукација кое го направија институциите последниве 2-3 години Eye-wink
    Има некои скептици кои се против носењето на закони за регулирање на правото во сферата на интернетот, ама аргументите им се слаби. Ако сакаме да си играме цивилизирано општество, неопходно е солидно ниво на безбедност во сите сегменти од секојдневниот живот. А интернетот презема се поголем дел од него.
    А за случајов, можам само да претпоставувам кои биле причините и што сакало да се постигне. Знам само дека беше многу непријатно искуство. Се мислев одреден период дали воопшто да пишам за ова, некако преинтимно ми беше. Ама, се надевам дека ќе послужи во насока на спречување на слични дејствија кон други личности (ако некому падне на памет да прави слични „шеги“) Eye-wink
    Благодарам за доприносот кон темава со твоите дискусии. Поздрав Smiling
    Перо Наков б.б.,
    Во земјите од ЕУ (како и САД, КАНАДА, Русија,Јапонија...) одамна се согледани можностите од злоупотреби на интернетот и воведени се строги закони, како и посебни овластувања за спроведување на истражните мерки од страна на органите на прогонот. И тие закони се надградуваат перманентно, следејќи го развојот и примената на интернетот. Ние треба да ги следиме нив и да имаме широка подршка од сите интелектуални слоеви во државата при донесувањето на овие закони како и нивните подоцнежни измени, а не да си тераме дневно-политички агенди со контрење за се и сешто и развивање теории на заговор (толку типично за нас подолг период) Пеј пал одобрувањето е тесно поврзано со законските одредби по прашањето на интернет безбедноста и гаранциите за нејзино одржување во државите. Ама, поврзано е и со големината на пазарот и купувачките навики на истиот. И тука треба да поработиме исто, после уредувањето на законските регулативи Eye-wink
    (oksimoron 31 Јули, 2009 - 18:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ау каква случка Окси...
    (виолетова 1 Август, 2009 - 00:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • како ти помага законот за следење на комуникации баш ме интересира???
    (btw и без законот има решение за тој проблем)
    да не збориме што со тој закон не е опфатено делото кое ти го опишуваш.
    и конечно, таканаречениот „интелектуален труд“ се заштитува со закон за „авторски права“ или „закон за патенти“ или со закон за „трговски марки итн“ -- не мешајте баби и жаби и прочитајте по некој закон прво.
    (дамjан 1 Август, 2009 - 10:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • и уште ова „„„но ако не им веруваме на институциите чија намена и улога е да не штитат и самите си правиме трилер филмови... тогаш сме зрели за некои други институции!“““
    извини молим те,
    ама ајде наброј колку случаи на прислушкување имаше, во време кога беше со устав забрането и никој не презема одговорност за тоа, никој. Можеш да ги наброиш барем јавно познатите случаи.
    Не знам од каде ја вадиш таа доверба, ама изгледа не од искуство
    (дамjан 1 Август, 2009 - 10:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • виолетова,
    случка за поука Smiling
    дамјан,
    законот за следење на комуникациите, со дополнувањето за електронските комуникации, овозможува функционирање на правните механизми и во сферата на виртуелноста кога со нејзина злоупотреба е повредена реалната безбедност и приватност. Значи, се регулира правото за следење и откривање на девијантните дејствија кои како метод ја имаат и електронската комуникација.
    За интелектуалниот труд се согласувам со тебе, заштитен е со неколку закони, но сепак копка прашањето дали тие имаат правна моќ и при виртуелните презентации во кои се користи псевдоним а и нема печатени дела?
    А за случаите со прислушувањето кои ги имаме како примери од блиското минато, тие претставуваат злоупотреба на моќта на институцијата од страна на индивидуални кадри кои во моментот биле на позиција да го спроведат тоа НЕЗАКОНСКО дејство. Ако некој го прекрши правото и законот, не значи дека законите не чинат, туку дека има прекршители кои треба да се санкционираат согласно правните процедури. Колку што знам, за дел од случаите имаше судски процес, а главниот виновник беше аболициран. Значи - се е тоа персонална злоупотреба а не институционално правило.
    (oksimoron 1 Август, 2009 - 11:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • http://www.youtube.com/watch?v=B37wW9CGWyY Лоша вест за корисниците на Facebook.(i2009 1 Август, 2009 - 19:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Тоа па фејсбукот.Оф од каде да почнам.Комотно може некој да им направи на вашите слики save as и да си отвори нов профил со друго име а вие никогаш да не дознаете дека имате двојник.А ако дознаете па што ќе правите тогаш.поарно да незнам. (Byba 1 Август, 2009 - 19:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ја од чиста култура да не ти ја нарушувам приватноста ќе ти упатам само Smiling
    (KLIKER 1 Август, 2009 - 23:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси баш ми е драго што позитивно е решено ова, навистина секојдневно, милиони луге страдаат од вакви манијакални напади на нивнта приватност, но сепак строги правила нема...и не се решени на кој знае каков начин, драго ми е што твојот случај се решева баш вака...и како примеер за сите нас...дека се и сешто не треба да ставаме на социјалните мрежи за дружење..и сл...воопшто на нет..ЈАС КЕ СТААМ ЕДЕН ПОЗДРАВ ГОЛЕМММММММММ....до ТЕБЕ:...Smiling
    (leonastefani 2 Август, 2009 - 09:38 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment