Saturday, April 05, 2014

Имунитет

Имунитетот е способност на организмот да ги препознае туѓите тела кои го загрозуваат и да се заштити од нив. Под туѓи тела кои штетно делуваат на нашиот организам ги вбројуваме разните бактерии, вируси и паразити. Имунолошкиот состав има улога да ги препознае, неутрализира, уништи и одстрани истите во процес кој се вика имунолошка реакција. Имунитетот функционира како механизам чија улога е воспоставување на бариера кон напаѓачите на организмот. Може да биде вроден или стекнат, активен или пасивен.  Претставува еден вид интеракција помеѓу нас и нашата околина.
Кога нашиот имунитет е слабо активен, подложни сме на разни инфекции и заболувања, а неговата хиперактивност значи предиспозиција за алергии т.е. автоимнуни болести (кога организмот реагира на сосптвеното ткиво).
Само доколку нашиот имунолошки систем функционира добро, нема да се разболиме и покрај нападите од причинителите, а нема да имаме ни алергиски реакции.
Кога отвораме весник, или менуваме низ каналите на ТВ – насекаде вести, интервјуа, дебатни емисии, партиски препукувања, експертизи кои ни го напаѓаат здравиот разум. Исти луѓе, исти теми, исти демагогии, исти флоскули, само различен медиум.  Покачена температура од вештачки одржани жешки теми,  размрсулавени ставови, изгребани грла од искашлани остри зборови, расфрлани наоколу секакви телесни секрети. Интелектуални бактерии, медиумски вируси и пропагандни паразити. Ваквата изложеност е вистински тест за нашиот имунолошки систем.  Ќе сочуваме ли здрав памет?!
 Имунитетот се јакне со здрава исхрана, редовен сон и физичка активност.
Значи, помага ако се храниме со добра литература, уметност и култура (да, она што речиси го нема во медиумите). Регенерирање со квалитетен одмор од сите медиумски препукувања, пресови, дебати и наметнати мислења за исто така наметнати прашања. И физичка активност во смисол повеќе прошетки и физички контакт наместо виртуелен, печатен или мултимедијален.
 Кога веќе нема вакцина за разумност...
Утешно - После инфекција, организмот развива способност за одбрана од идни напади на истиот причинител. 



п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 20 Декември, 2009 - 22:07

Коментари:
  • Да...добра компарација... пишував и јас слична тема денес...инаку не гледам ТВ веќе со години... нема што да се види...
    (algorit007 20 Декември, 2009 - 22:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Лекарите обично напоменуваат да се избегнува групирање.Што би рекла ти на тоа?Дали ако се дружиме со истомисленици имаме повеќе шанси да задржиме здрав памет?
    (novajlija 20 Декември, 2009 - 22:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Алгорит007,
    добар текст кој отвара многу прашања, луѓето сакаат да веруваат дека некој друг ќе им ги реши проблемите Eye-wink
    И јас подолг период апстинирам од ТВ програмите. Си гледам филмови и си слушам музика, по сопствен избор. И подобро ми е така Smiling
    Новајлија,
    групирањето е делотворен начин за брзо и лесно ширење на зарази Smiling
    истомисленици... хмм... „истомисленици“ се и заразените Smiling
    Подобро е да има разномисленици, бар ќе бидеш во надеж дека некој од нив е здрав Eye-wink
    (oksimoron 20 Декември, 2009 - 23:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ПОнекогаш се закачувам на Дискавери и БиБиСи Прајм...да видам по некој научно популарен документарец... инаку си ги гледам Стар Трек деноиве....ги симнав сите можни серии... и сега си имам занимација за цела зима Smiling
    (algorit007 21 Декември, 2009 - 00:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Одамна престанав да гледам телевизија, а ако гледам, тоа најчесто е Национална географија, Анимал планет, Историски канал, Дискавери...станав имун на медиумските вируси.
    Поздрав Smiling
    (partik1 21 Декември, 2009 - 02:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Затоа сме ние имуни, ептен, од блогот ќе да е. Smiling
    ...После инфекција, организмот развива способност за одбрана од идни напади на истиот причинител....
    И затоа ние веќе немаме гајле, ништо не не фаќа и погодува.
    Се е отрпнато и отупавено! После блог третманот. Eye-wink
    (Маат 21 Декември, 2009 - 14:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Готово, му ја скршив кичмата и на овој ден!
    Суетно ги направив сите Пет Тибетанци по 21 пати,
    а во паузите помеѓу нив, горделиво направив:
    3 пати по 12 чуч
    4 пати по 12 склек
    5 пати по 12 стомач
    2 пати по 12 пеперут
    5 пати по 6 згиб.
    Нека ми е на здравје Smiling
    Сега можам да јадам за денеска Smiling
    Поздрав за сите што вежбаат за да јадат Smiling
    Ова беше за зајакнување на физичкиот имунитет.
    За зајакнување на менталниот имунитет ич не гледам ТВ а од некни ја ислучив и можноста на мојот блог да се коментира бидејќи почнав да потпаѓам под влијание на некои психијатри кои сај нешто ме амализираат и советуваат.
    Па така, тебе ти се падна да го ставам мојот секојдневен вежбачки коментар кај тебе, оти си прва на насловна.
    (LupcoBocvarov 21 Декември, 2009 - 17:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Е ради вакви зборови те поштуем:
    „Кога отвораме весник, или менуваме низ каналите на ТВ – насекаде вести, интервјуа, дебатни емисии, партиски препукувања, експертизи кои ни го напаѓаат здравиот разум. Исти луѓе, исти теми, исти демагогии, исти флоскули, само различен медиум. Покачена температура од вештачки одржани жешки теми, размрсулавени ставови, изгребани грла од искашлани остри зборови, расфрлани наоколу секакви телесни секрети. Интелектуални бактерии, медиумски вируси и пропагандни паразити. Ваквата изложеност е вистински тест за нашиот имунолошки систем. Ќе сочуваме ли здрав памет?!“
    Не знам дали си го видела мојот текст „Страшни работи“? Аналогија слична на твојата:http://blogatash.blog.com.mk/node/248997
    П.С: Последната песна „Навременост“ ти е датирана од 7 Јануари, 2009 од 16:13.
    Тоа е цела година поетски молк. Оти така?
    Патем мене најмногу ми се свиѓа „Трговец со зборови“ (се препознавам во неа),http://venera-vk.blogspot.com/2006/01/blog-post.html
    Особено стиховите: „Внатрешен дијалог / препродаден скапо / во амбалажа на монолог“
    Колку само идеи останале „внатре“ и никој не дознал за нив, оти не можеле „скапо да се продадат“. Како што велеше еден мој бивши шеф: „за секоја паметна мисла што си ја чул од мене и поради која ми се восхитуваш, има сто глупи работи што сум бил доволно умен да не ги кажам гласно“
    (Нено Богдан 21 Декември, 2009 - 19:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Кај си бе Нено...
    И во список те ставив, и кај Маат те рчкав... Ти јок! Дан си наљутен нешо шо викет Ориѓани?
    (Роберто Беличанец 21 Декември, 2009 - 19:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Уште го бркаш Нено, а Роберто?!
    (Маат 21 Декември, 2009 - 19:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сега ќе се јави зафатен е! Одговора на коментари... Псссст. Геније ствара!
    (Роберто Беличанец 21 Декември, 2009 - 19:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси...кога веќе нема вакцина за разумност, книгите со заби ги јадам...некои и по двапати...ај поздравче (medeno 21 Декември, 2009 - 23:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Убав пост, би можело поднаслов Духовен имунитет Smiling
    (katika 22 Декември, 2009 - 00:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во ред е рецептот, Окси, ама само привремено.
    Затоа што ние сме интелектиални суштества, и имаме емоции и способност за размислување- не може да биде се како што препорачуваш ти.И не треба да биде.
    Ако нам не ни е гајле за тоа што се случува во општеството околу нас и ако не е трудиме да го промениме и реалниот-не само нашиот личен свет, тогаш како би очекувале да биде подобро, за нас и за сите околу нас?
    Со самото тоа што пишуваме на блог- даваме до знаење дека не сме имуни и сакаме нешто да промениме. А така и треба да биде.
    Не да затвориме очи-туку да се спротивставиме на тоа што сметаме дена не е во ред.
    (nadezna 22 Декември, 2009 - 01:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Алгорит007, Партик1,
    значи, си земате вие редовна доза витамини преку Дискавери, национална географија и сличните канали Eye-wink
    Добро е тоа. Од сериите, јас пред некое време му загазив на Prison Break, ги изгледав во турнус сите епизоди од сите сезони (одлична серија!) Smiling
    Маат,
    така е мила, секакви инфекции прележавме преку блоговите и во добра мера стекнавме имунитет на одредени паразити кои се обидуваат да се населат во нашите глави Eye-wink
    Боцваров,
    наздравје!
    продолжи да вежбаш Eye-wink
    Нено,
    Го имам читано твојот текст Нено (те имам во РСС), интересни компарации правиш и ми се допаѓа тоа Eye-wink
    А поетскиот молк.... хмм... изглеа поезијата чуче и се крие у секој од нас, и чека прави час (парафразиран Балашевиќ, де) Smiling
    Мислата е деловен ризик - тргувај трговецу!
    А, убаво рекол твојот бивши шеф, паметен човек некој Eye-wink
    Поздрав Нено Smiling
    Медено,
    мммм, добар апетит мила! пробај некои од книгите да ги измиксаш и испиеш ко густи сок Eye-wink
    наполнивме очи и душа некни на изложбата на Рики, ќе ни држи ситост зимоска Eye-wink
    Поздрав, се гледаме Smiling
    Катика,
    благодарам Smiling
    духовен, а може и ме(н)тален имунитет Eye-wink
    Надежна,
    се однесува само на нештата кои ни штетат на нашето ментално здравје, т.е. ни ги напаѓаат здравите резони Eye-wink
    Треба да ни е грижа за се што се случува околу нас, да бидеме во тек и да се трудиме да промениме тоа што не ни се допаѓа - но суштината е да не дозволиме да се инфицираме со пропагандни вируси, да ја избегнеме епидемијата од наметнати начини на размислувањеEye-wink Smiling
    Не имунитет во смисол да не ни е грижа, туку во смисол да не дозволиме некој друг да ни ги „моделира“ грижите Smiling
    (oksimoron 22 Декември, 2009 - 12:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Читајќи го твојот пост, добив заклучок дека насловна ја зафатил ,,кавадаречки висус,,. Наздравје! Smiling))))
    (KLIKER 23 Декември, 2009 - 16:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Oksi... Среќна Нова Годинааа
    http://www.youtube.com/watch?v=KuNR6-XE17A&feature=related
    (medeno 30 Декември, 2009 - 16:00 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment