Friday, April 04, 2014

Флексибилност


Флексибилноста е заштитен знак на современото општество. Се свиваат законите, се моделираат ставовите, се истегаат дискусиите...и по цел вложен напор, за многу кратко време се се враќа во првобитната положба. Точката на почетното свивање. Како ништо да не било во меѓувреме. Дури, се добива впечаток дека можело да се свие и повеќе. Без да се скрши. Па се експериментира. Се тестираат границите на издржливост. Границите на трпеливоста. Или нетрпеливоста. Својата или туѓата. Сеедно.
Секогаш се мисли дека се може повеќе. Дека од редовниот тренинг се станува поеластичен. Дека после секое следно свивање под налет на јавното мислење се` ќе се врати повторно во првобитната состојба, без никаква штета. Всушност, не се свиваме поради притисокот на промените, туку поради неможноста да ги прифатиме како такви. Тренираме еластичност не за да промениме нешто, туку за да остане се` исто. За да се вратиме успешно во состојбата пред бранот на новите дејствија. Дека има резултати од тренингов, говори фактот од се побројните гумени луѓе во општествово. Техниката на свивање на своите ставови ја довеле до совршенство. Принципите им се растегнуваат ко ластик. Идеологијата им е игрива како гумена топка што удира од зид на зид, а ако не наидат на отпорен ѕид - се тркалаат до бесвест, додека не се најде некој да ги шутне во друг правец. Но сепак, поради еластичноста...се одбива од нив секаква критика. И најдобронамерната, најконструктивната.
Постојат точки на прекршување. Критични точки. Точки преку кои се оди на сопствена штета. И тука се заебува се. Во проценката за оддалеченост на тие точки. А кога ќе се стигне до нив, дури тогаш се прави обид за исправање. Обид за цврсти ставови. Одбрамбен зид. Но, најчесто е прекасно.
Потребно ни е тренирање стабилност наместо флексибилност. Потребно ни е тврдо, круто „свое јас“. Доста развлекувавме.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 14 Ноември, 2006 - 08:47

Коментари:
  • одлично тексче, кратко јасно ...
    фрс лиг ...
    треа малце да се застане на тврда, јака подлога,
    да се настапи цврсто, нали ...
    баб ми ќе ми речеше ... синко ко ќе стапниш, да е настапено ...
    (ХулаХопа 14 Ноември, 2006 - 09:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во животот треба да си играч и борец и треба да си махер, да ја наведуваш борбата на подрачја каде си јак. И треба да уживаш во тоа, а не да ти е напор.
    Па,.. најдобри играчи и најуспешни борци се оние, кои играјќи ја наведуваат битката на терен на кој победуваат.
    (E-Lady 14 Ноември, 2006 - 09:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Лошо е да се оди против себе. Имало моменти од што толку не ми се допаѓало каде се наоѓам, што разговарам ... што срцето го слушам како чука силно, душата колку шака мала да ја чувствувам, но сум издржала. Зошто себе се сретнувам во огледало секое утро, со себе морам го направам прво компромисот, а жескока сум спрема себе ...
    Убаво, не биди гневна, сите сме само... луѓе... Sad
    Имај убав ден! Smiling
    (Natka 14 Ноември, 2006 - 11:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • прекрасно кажано...
    но, не мислам дека било кога е предоцна за човек да си се врати на своето јас доколку во процесот на флексибилизирање се напуштил...
    тоа е сепак тука некаде и си тлее,
    битно е да се погледнеме навнатре и тоа што не ни се допаѓа да го менуваме...
    во ред е малку прилагодување, на луѓето, околината, работата, системот,
    ама не по цена на губење идентитет...
    како и да е,
    ми се допадна твојот текст,...
    со голем поздрав...
    (gersanina 14 Ноември, 2006 - 12:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • какви сме навистина?..
    еластично..
    ЕБРД: Државите од Балканот го достигнаа нивото на развој од 1989 година...
    пластично..
    (anaveno 14 Ноември, 2006 - 15:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • вклучи се,
    фала Smiling
    и, слушај ја баба ти - знаат постарите Eye-wink
    е-леди,
    сосем си во право - потребна е игривост. Насочена кон терен кој ти е познат Eye-wink Ама, треба одлучност и за непознатите терени.
    Натка,
    најлошо е кога се оди против себе. А тоа најчесто се случува кога се прават компромиси до бескрај. Затоа, добро е понекогаш да се застане против сите - да се биде на своја страна. За себе. Па...нека биде шо биде Smiling
    Герсанина,
    Мило ми е што ти се допадна текстов.
    Да, никогаш не е прекасно за да се биде свој. Всушност, сите постојано си се свои, сал понекогаш прават отстапки во име на повисоки цели и општо добро. Процесот на флексибилност е израз на толеранција и прилагодување, но тоа треба да биде определено - до кога, до кој степен и зошто. Кога не се опфатени сите параметри, кога целта не е определена... од постојаното „флексибирање“ ,ма колку еластичен да биде материјалот, се тенчи и пука. Затоа, за да се спречи тоа, потребна е добра проценка Eye-wink
    анавено,
    ни се растегнаа последниве 15 години транзиција ко ластик...идеме горе-доле, ама основата на која сеуште сме закачени е таа - едноумието. Е, коа ќе пукне ластикот... Smiling
    (oksimoron 14 Ноември, 2006 - 17:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Види,тоа е повеќе индивидуално, макар што гледано како целина- се согласувам. Ме ќефи, секоја чест. (buntewski 14 Ноември, 2006 - 19:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • или просто речено :
    Нема толку задници
    колку што има
    лижачи на истите
    (гужва позади а богами и однапред
    (Fljambur 14 Ноември, 2006 - 19:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Од мене само едно Уф-Оф...
    (Бунка 14 Ноември, 2006 - 21:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • флексибилноста не е немање на ставови, ниту пак лижење на.. флексибилноста е да ја прифатиш ситуацијата таква каква што е и промените кои ти се сервираат .. флексибилноста е различна за различни нешта а и спрема различни личности... ... а нашиот народ не е флексибилен.. туку е плашлив и се води (за жал) сеуште од поговорките: „кротко јагне од две мајки цица„ наведната глава сабја не ја сече„..жално!!! (PLACKA 14 Ноември, 2006 - 21:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • флексибилност, средина или точка од која набљудуваш и целиш. ај отвориго мозокот во сите тие димензии на размислување со разни луѓе и најди ги очекуваните рефлексии и во исто време почуствувај ја бедата на ова мала и убава полуостровска земја. Уствари, без некои посебни тормозења јас мислам дека во местово ти требаат многу пари да бидеш флексибилен. (stereo 14 Ноември, 2006 - 21:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунтески,
    глобалата е сал сплет од индивидуалности...развлечени, свиени и врзани во машничка Eye-wink
    Мило ми е што те „ќефнал“ текстов Smiling
    Фљамбур,
    во гужвата напред и назад сите се сами, а со улизнувањето се прави обид од прилепување (ко поштенски марки,де). Ама, тоа е веќе друга приказна, не е за флексибилноста како тематика Eye-wink
    Бунка,
    ух...ех... Smiling
    Плачка,
    многу добро го дефинираш проблемот. Поистоветувањето со покорноста ја прави флексибилноста неразбирлива. А колку повеќе се наведнува главата надоле....некој друг дел од телото оди нагоре Smiling
    стерео мен,
    барањето на средина(или медијана) не ни се наметнува како решение, туку како нов проблем. Медијаторство. Најрастеглив проблем Sticking out tongue Eye-wink
    (oksimoron 14 Ноември, 2006 - 22:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сеуште е рано да размислуваме за отарасување од синдромот на НОЈ...(со главата во песок де)
    Подрачјето ни е сеизмолошки индиферентно....така да сеуште постојат турбулентни завијоци на патот кон центарот...
    Или стручно кажано (од инжинерска гледна точка)....Сеуште сме на почеток од нагорнината од параболата ....
    п.с.Во секој случај МЕ БЕНДИСА ПОСТОТ
    поздрав
    Марјан
    (sting EYE 14 Ноември, 2006 - 23:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Добро е да си флексибилен, ама има и степени на флексибилност...ако ништо друго тешко се кине, па оние поради кои мора да си флексибилен си прават противуслуга-не може да те скршат! (katika 15 Ноември, 2006 - 00:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ластик или челик?
    Нема композитни материјали?
    (pepsi 15 Ноември, 2006 - 04:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Добро размислување.
    http://deejay.blog.hr
    (Диџеј 15 Ноември, 2006 - 22:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Во „пусто“ турско еден бег,или ага,ја ставил рајата(наша) една недела на леб и вода.Молк,никој не се буни.Следната-само на вода-молчат и работат.Третата недела ке ги беси-им објавил.Се развревиле,се побуниле...Се израдувал агава,луѓе биле овие си рекол, имале граница, па ги прашал да кажат што имаат.Најсмелиот од нив,со наведната глава и едвај чујно изустил „ЈАЖИЊА ДА СИ ДОНЕСЕМЕ ИЛИ ВИЕ ЌЕ НИ ДАДЕТЕ?“.Поздрав. (lucija16 Ноември, 2006 - 13:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Потребно ни е тврдо, круто „свое ,
    кое можеш и треба да го извадиш и да удриш со него по масата.
    (Opal 17 Ноември, 2006 - 23:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се согласувам со плачка, и јас мислам дека ако си флексибилен не значи дека си безкарактерен. Сите си ги имаме индивидуалните вредности, со кој донесуваме одредени одлуки.флексибилност значи доградување не на карактерот само туку и личноста во целина. Значи сум за да се зацврстуваат моралните вредности. Меѓутоа секогаш треба да има простор за флексибилност. постои можност да сме превидели некои реаботи, можност за недоразбирање. флексибилност значи и полесно приспосубување во околината и општеството но не и губење на идентитетот. (ana caricata 18 Ноември, 2006 - 16:10 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси... каде си?
    Арна ли си? Eye-wink
    (iacovibus 3 Декември, 2006 - 12:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • iacovibus,
    тука сум, арна сум. Фала што прашуваш. Smiling
    Ќе се вратам брзо Eye-wink
    (oksimoron 3 Декември, 2006 - 17:17 | логирај се за да пишуваш коментари)


  • No comments:

    Post a Comment