Friday, April 04, 2014

Дисфункција


Функција - Функционер - Функционирање - Функционалност
Наизглед сосем едноставно изведени зборови. Надоврзани еден на друг во сосем логична низа. Но дали навистина е така?
Зборот „функција“ кај нас најчесто се поврзува со одредена позиција во системот општествено уредување. Што повисока позиција тоа поголема функција. Значи и потешка. Оти тежината е определена од висината и големината (за густината не спорам оти се подразбира - кога станува збор за функции секогаш е „густо“). Чиста физика, де.
Е сеа, тешките функции бараат и тешки луѓе. Тоа се функционерите. Поради тежината на споменатиот поим, тие мораат да поседуваат и соодветни специфични карактерни особености за да бидат носители на истиот. Тешки. Функцијата сама од себе не прави ништо. Не ни може. Обична именка е. Општа. Функционерот исто така е именка, но лична т.е. сопствена. Ова сопственоста некои ја сфаќаат и буквално. Би рекла „нивен проблем“, но умеат тие своите проблеми да ги направат проблем на сите освен на нив самите. Значи, имаме функција, имаме функционер. Но, дали сето тоа функционира?! Дали имаме и глагол тука?
Да се има функција, да се биде функционер не значи по автоматизам и дека функционираш. Секоја функција со себе носи бенефиции но и одговорност. Невозможно е едното да се прифати а другото да се отфрли. Бенефициите се во служба на потикнување дејство за постигнување резултати. Функционерот е тој кој треба со дадените овластувања да ги придвиже нештата и да постигне резултати од тоа дејство. Да направи функцијата да функционира. За да самиот биде функционален. Зашто, функционалноста е придавка која именката ја заслужува со активирање на глаголот.
Немам појма зошто состојбите во државава се дефинираат како сложени, кога се користат само прости, до простопроширени реченици за нивен опис. Мора да е некаква дисфункција.



п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 22 Февруари, 2007 - 19:36

Коментари:
  • Еден краток виц во врска со функционерите ...
    Едно дете игра околу зградата на Владата на РМ ... Поминува “цајкан“ и го фаќа детето за уши ... абе што се моташ тука и му мава една чврга ... Кај работи таткоти ... го прашува оштро детето ...
    Детето одоговара исплашено ... па во Влада на РМ ... а во Влада - па што не кажеш мали бе ... сега го гали “цајанот“ детето ... а што работи таткоти во владата прашува “цајканот“ и вади бонбонче од џеп ...
    Портир ... вели детето ... а портир па што не кажеш бе мали ... пак за уши држејки го детето (истовремено го враќа бомбончето во џеп) ... “цајканот“ грубо му вели на детето - да се изгуби од пред Владата и да не му текне веќе да се игра тука ...
    Smiling
    (волан 22 Февруари, 2007 - 20:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Функција - Функционер - Функционирање - Функционалност ТОТАЛНА ДИСФУНКЦИОНАЛНОСТ...кај функционеров де... (POPEK 22 Февруари, 2007 - 20:26 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Функционалност? Зарем постои таков збор кај нас?
    (dr. Max 22 Февруари, 2007 - 21:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • матност околу функциите..
    Дефиниција: Зборот функција се користи и за "машината" и за "продуктот од машината".
    Идејата е дека
    + аргумент или независно-променлива влегува во машината,
    + се преработува, а потоа
    + излегува како функција, односно зависно-променлива....
    разбра некој?..
    (mkhere 22 Февруари, 2007 - 21:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Прво вработување - Функционер. Како тоа убаво звучи.
    Милина. Од клупа право во функционери.
    *Г-не Б.Ц. кое е вашето прво вработување?
    *Па види вака, мали... Премиер.
    *Г-не Војводо кое е вашето прво вработување?
    *Види вака, едноставно, неелиии, потпретседател на РМ.
    *Г-не Миле кое е вашето прво вработување?
    *Директор
    (кибицер 22 Февруари, 2007 - 22:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Едноставно нелиииии, ќе те задавам... Smiling убедљиво најјак лик во еднооки..
    (dr. Max 23 Февруари, 2007 - 04:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Волан,
    вицов ме потсети на еден добар расказ од Чехов(Камелеон), каде кутриот полицаец е во дилема чие е кучето кое го каснало минувачот Smiling
    ---------------------------------
    Попек,
    аналогијата ни е таа - од функции и функционери до дисфункција на функционалноста Eye-wink
    ---------------------------------
    др. Макс,
    постои, но сал како збор, де Smiling
    а еднооки се доказ дека нема потреба од функција за да се биде функционален Eye-wink
    ---------------------------------
    mkhere,
    а бе, тоа што опишуваш е фабричкиот процес за имплементирање на функционалноста кај функционерите (ти текнуе на владината фабрика пред некоја година?) - од едната страна на лентата ставаш потенцијален новинар а од другата страна излегува импотенцијален политичар Sticking out tongue Laughing out loud
    ---------------------------------
    кибицер,
    а бе, почетничка среќа Smiling
    (oksimoron 23 Февруари, 2007 - 20:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас сум творецот на Дисфункционалноста! Јас Smiling
    (Бунка 23 Февруари, 2007 - 20:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • хе..хе..
    некој барал по гугл...
    (mkhere 23 Февруари, 2007 - 20:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    некој мора да е....
    Ти си! ТИ! Eye-wink Sticking out tongue
    -----------------
    mkhere,
    нуму сеа вака....не го обвинувај, гугл појма нема за ова Eye-wink Smiling
    (oksimoron 23 Февруари, 2007 - 23:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Абе ногу су јак јас... Laughing out loud
    (Бунка 24 Февруари, 2007 - 00:10 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment