Friday, April 04, 2014

Корупцискиот синџир на исхрана


По неколку месечно следење на состојбите, вчера МВР превзеде директна акција. На четири критични точки истовремено. Честитки за организираноста и решителноста. Уапсени се 26 полицајци, 9 цариници и 3 угостителски работници на 4 гранични премини во рок од неколку часа. За сите нив постојат (наводно) цврсти докази дека се инволвирани во коруптивни дејствија. Се најави и дека акцијата нема да заврши тука, т.е. активностите ќе продолжат и понатаму. И треба. Еднаш пишував на тема корупција, и целосно ги подржувам надлежните институции во нивната брба против оваа болест на општеството.
Е сеа, некои луѓе се скептични околу успешноста на акцијава. Као, уапсените биле ситни риби. А рибата смрдела од главата и требало прво главата да се отстрани. Чекајте малку.....главите се сменети пред неколку месеци. Со промената на власта и формирањето нова влада. Во МВР сега главата е Гордана Јанкуловска, а во Царинската управа е Ванчо Каргов. Имам впечаток дека овие глави се чисти. Дури, самиот Каргов си побара од владата покачување на платата , што претставуваше досега невидена ситуација – ниеден директор на царина не се бунел поради ниската плата, надокнадувал од „дополнителни“ приходи. Но овој директор сака да живее од плата и да ја заработи истата. Имаше негодувања тогаш поради кадровските преместувања, но тоа беа баш отстранувања на глави кои смрдат. Сега само се премина кон отстранување на крлушките. И опашките, де. Оти, колку и да е распространета мрежата на корумпирани низ скалилата на институциите, некој мора да биде на граничниот премин за да „затвори очи“ за миг (за соодветна надокнада,де). Не може „крупната риба“ да застане на граничната рампа(т.е. во плиткото) и да делува самостојно. И требаат ситните рипки во ланецот на исхрана. А, сега добар дел од нив се уловени. Покрупните без нив ќе заслабнат. Или ќе бараат нов начин. Но, затоа потоа.
Неможеме да речеме дека се отстранети сите инволвирани во коруптивни и шверцерски дејствија во овие две институции, но мораме да признаеме дека е нанесен сериозен удар. Ова е добар почеток. Преостанатите рипки сеа можат сал да си потпевнуваат „...иде маца око тебе, пази да те не огребе...“



п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 24 Февруари, 2007 - 14:40

Коментари:
  • фино... (org 24 Февруари, 2007 - 14:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оваа акција и апсења не се заебанција како што изгледа на прв поглед за некого. Точно е дека постои и висока корупција. Но оваа малата грубо кажано е во однос 8/10, од 10 државни службеници...
    Објаснувањето и разглобувањето на ситната корупција е многу покомплeксно и не е баш ситно како што вака оддалеку посматрано на некого му изгледа.
    Ај да не зборам многу... Smiling
    (Бунка 24 Февруари, 2007 - 15:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бидејќи оставив коментар кај Волан, каде се согласувам дека е фатена само ситната риба, па и овде да докоментирам.
    Со целиот респект кон личностите кои ги наведе, немаат опашки зад себе.
    Но кога говориме за ситна риба, за жал досега гледаме дека само таква се фаќа. Овие шеснаесет години, големата постојано расте и е некако недофатлива.
    Главниот шверц, крупниот, големата пара се зема онаму каде се царинат шлепери и вагони.
    Овде треба резултати.
    И уште една работа што ми падна во очи, а додадов коментар и кај Волан, ми фалат премините, Блаце, Јажинце и Ќафасан.
    Случајно или не, нема акции ваму, зошто?
    (ЧИТАЧ 24 Февруари, 2007 - 15:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • прашањето за синџирот на исхрана е многу комплексен..сложен..
    кај нас треба како во Бразил прашумите..
    се од корен...
    да изчезнат голем број на видови...
    а ние на карневал...
    (mkhere 24 Февруари, 2007 - 15:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, се надевам дека ќе ми се побие скепсата, ама досегашните искуства не ми дозволуваат ништо повеќе од тоа да си сркнам рибља чорба но без глави во неа Eye-wink
    (RIBARO 24 Февруари, 2007 - 16:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    баш така - за да се свари сутлијаш, треба прво да се истреби оризот т.е. да се одделат оштетените од здравите зрна. Потоа се прави специјалитетот Eye-wink
    ---------------------------------
    Читачу,
    Да не мешаме поими....рибите си се риби (ситни или крупни) а октоподот е нешто друго. Eye-winkАма, и нему ќе му дојде редот, неколку крака веќе му отпаднаа Smiling
    Точно е дека стоковото царинење е многу покомплексно и остава повеќе простор за манипулации, но започнатава акција ги има опфатено и внатрешните испостави на Царинската управа(каде се врши стоково царинење). Резултатите веројатно ќе следуваат покасно. Eye-wink
    Поентата на акцијава е дека покрај уловените рипки се делува „едукативно“ и на преостанатите , зашто кога знаеш дека од 6-мина во смена едниот е вметнат работник од внатрешна контрола - ќе се подзамислиш дали сакаш да си ја работиш работата и да земаш редовна плата, или ќе ризикуваш да останеш на улица.
    А споменатите гранични премини (плус Дојран, Ново Село, Стење, Блато), веројатно се контролираат и тие, но најголемата фрекфенција на стоки и патници е на посочениве, па оттука нормално е прво таму да се „удри“ Eye-wink
    --------------------------------------
    mknere,
    комплексноста се решава на многу едноставен начин - од корен до врв Smiling
    --------------------------------------
    Рибару,
    да се надеваме дека отсега ќе биде поинаку. Со нови стратегии во нови дејствија до нови искуства Eye-wink
    (oksimoron 24 Февруари, 2007 - 16:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • .. и до нови работни победи ЈУПИ!. Smiling
    Окси се зезам, знам дека ти е осетлива темава и дека си компетентна, но зборот ми е дека не треба да се прави еуфорија
    (RIBARO 24 Февруари, 2007 - 16:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Не ми се познати вестиве, пошто не ги гледам, ама нешто друго ми падна на памет кога читав: има сиромашни цариници? Smiling
    Секоја чест инаку, тешко е да се чисти некој сам себе од внатре. Им посакувам успех. Во принцип, секаде каде што се концентрира моќ, треба да се заоструваат критериумите и контролата.
    (GoodBytes 24 Февруари, 2007 - 16:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еве Рибаро, оставам да ти каже дали сите риби се исти, ја викам не.
    Октоподот е главниот, но до сега само краци му сечеме, а он се регенерира повторно.
    Протокот на Блаце ми беше главна поента, многу роба од секаков вид влегува во нашава држава.
    Како....
    А останатите премини што ги спомна, мислам се оставени намерно како простор за давање на вакви одговори. Па нели и некој од новинарите ќе се сети на ова.
    Но да не должам, се надевам, како и многумина граѓани, дека еднаш ќе дојде крајот.
    Па да каснеме и чорба од октопод, што поскоро, ама од цел.
    Поздрав
    (ЧИТАЧ 24 Февруари, 2007 - 17:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Рибару,
    не е ова еуфорија, де Smiling
    Само мое мислење за акцијава како успешна Eye-wink
    --------------------------------
    GoodBytes,
    платите во царина се движат од 12 000 до 22 000, а во полиција од 16 000 до 24 000. Не се тоа високи плати, во однос на одговорноста која ја имаат, но сепак се доволни за да не бидат сиромашни, де. Eye-wink
    А за контролата и критериумите се согласувам - неопходни се Smiling
    -------------------------------
    Читачу,
    и јас се надевам дека рибиве се само предјадење и дека после тоа ќе има и чорба од октопод. Мразам морска храна, ама...ова ќе биде специјалитет изглеа Eye-wink Smiling
    (oksimoron 24 Февруари, 2007 - 23:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси морам да те ревидирам Eye-wink
    Октоподите функционираат на подруг начин од рибиве, скоро и да нема исти планктони кои ги мезат октоподите и рибите наши. Друго е морето...
    (Бунка 24 Февруари, 2007 - 23:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    незнам кај тоа ме ревидираш?!
    И јас го кажав истото тоа погоре - да не се мешаат рибите со октоподите Smiling
    (oksimoron 25 Февруари, 2007 - 00:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ...во поврзаноста на рибите и октоподите.
    (Бунка 25 Февруари, 2007 - 00:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Дај боже вака да продолжи. Мада окси, тие главите големи никој не ги знае како големи. Во тое е суштината да бидеш голема глава - ДА те сматраат за безглавен! Smiling
    (dr. Max 25 Февруари, 2007 - 01:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Баш така излегува др.Макс - куп раце, очи, уши, јазици, образи, гримаси ..... никако целина Smiling
    Но, лека полека ќе се скопат делчињата и ќе се формира целосно Eye-wink
    (oksimoron 25 Февруари, 2007 - 17:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси што праиме со имотите кои ги стекнале сите овие цариници, коли недвижности и останато. Нема никојпат ефект ниту една акција ако не се почне со конфискација на имот. Инаку секогаш останува формулата ќе се нафатирам па ако треба ќње одлежам која година. Нели ем волкот сит ем офците на број. Мора да се почне така да се делува, не само што ќе одговара кривично туку и материјално е тука е поголемата тежина на целата работа. (Мечето Ушко 26 Февруари, 2007 - 09:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мече,
    сите цариници имаат доставено до антикорупциската комисија анкетен лист за својата имотна состојба, уште откако е донесен законот за тоа (веќе 3-4 години). Ако антикорупциска е ажурна, треба да имаат податоци за сите промени во меѓувреме. Тоа што не се реагирало досега веројатно е проблем со некоординираноста на институциите, или пак именуваните не го водат стекнатиот имот на свое име.
    Но, верувам дека се тоа ќе се промени брзо Eye-wink
    (oksimoron 26 Февруари, 2007 - 19:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мора да има почеток.
    Со вакви зеленаши многу се губеше од имиџот на државата.
    Се сеќавате до пред 6-7години во Бугарија?
    10-20марки на секој чекор.
    Мислевме кај нас тоа го нема.
    Го имало и тоа како, странците тоа најдобро го осетиле.
    Пред 2г. ме сопраа кај Д.Капија. Пребрза вожња. Мене 1000 казна, турчинот со германска регистрација 2000.
    (Spartak 26 Февруари, 2007 - 21:07 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment