Saturday, April 05, 2014

ТИ! Да, Ти! Пази, „ бога ти“....


Порано предизборните кампањи, за да ги истакнат разликите или нагласат сличностите,  во основа ја имаа поделбата на „ние“, „вие“ и „тие“....па до „оние“.... Се бараше идентификација со одредена група, која би ги спровела идеите и заеднички би делувала во насока кон подобра иднина.  
Деновиве се изнаслушавме политички маркетинг изразен во прво лице еднина:
ЈАС ја сакам Македонија најмногу“
ЈАС го донесов кандидатскиот статус за државата“
ЈАС ќе се изборам за влез во НАТО веднаш по изборите“
ЈАС ќе донесам покана за ЕУ во рок од шест месеци“
ЈАС знам како“
ЈАС можам“
ЈАС ќе ти кажам Никола...“
ЈАС!
ЈАС!
ЈАС!

Сирота Рада, се мора сама. Па, кога ќе подразмисли човек.... еве, да се стави во нејзина ситуација.... и нема друга личност во таа партија! Бар не некој кому би можела да верува. Се само пропалици, истрошени фигури. Никој не знае, никој не може како што таа знае и може. Таа и само таа.
Во медицината има дефиниција за таквото однесување:
„ Прекумерно истакнување на сопствената личност , проценување на нештата исклучиво преку сопствената личност и став, што резултира со неспособност за објективно проценување“.
Дефиниција за егоцентричност.
Егоцентричност во женски фустан.
 
Од друга страна, лидерката на опозицијата многу често, посебно кога сака да звучи убедливо, го користи изразот „богами“. Тоа е израз со странско потекло (србизам).  Означува колнење во бога, или пандан на македонското „жими господ“.  
СДСМ се декларираат како партија со левичарска идеологија. Наследници на комунистичката партија на Македонија, која функционираше во склоп на КПЈ. Комунизмот не признава вери и цркви. Во оној 45 годишен обид за воспоставување на такво државно уредување, видовме дека највисока позиција (боговска) има претседателот на единствената дозволена партија (задолжително и претседател на државата). Е сега, левичар кој се колни во бога... создава сомнеж. Едноставно, нешто не штима. Во кој бог се колне Рада? Во оној кој не постои и не го признава, или...  во оној кој има таков третман во нејзината идеолошка перцепција? Богот  Б.Ц ?!
 
п.с. Партиите се обврзаа дека по завршувањето на изборите ќе ги отстранат сите плакати кои ќе ги залепат во времето на кампањата. Ме интересира.... дали ќе ги отстранат и блоговите кои ги отворија наменски за кампањата?!

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 21 Мај, 2008 - 19:21

Коментари:
  • Хехехе, добар пост... А за егоцентричноста незнам дали се прележува или се останува доживотен носител еднаш ако те фати...Ова и се први избори како главна, така да.......(SPACEGUN 21 Мај, 2008 - 19:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Можеби ВОЛАН знае колку изнесуваат трошоците за една ваква кампања на двете најголеми партии. За жал во целата оваа наша сиромаштија, не добивам впечаток дека кампањите се сиромашни Sad И сето тоа на наша сметка, со пари од граѓаните, земени на овој или на оној начин.
    Убав пост и ми се допаѓа забелешката БОГАМИ. Доста духовито. Голем поздрав
    (molika 21 Мај, 2008 - 20:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • нема да ги отстранат ни плакатите, а камо ли постовите по блогерајот... не се надевајте на такво нешто... се обврзале велиш... политичари... (Arschloch2 21 Мај, 2008 - 20:07 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси
    ја само да се пријавам у портирница кај тебе...
    (interpreter 21 Мај, 2008 - 21:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • хаха, добар текст Smiling
    (виолетова 21 Мај, 2008 - 21:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Spacegun,
    изглеа не се прележува егоцентричноста, туку се носи во себе и може симптомите да не се толку изразени одреден период ама во дадени моменти (зависно од условите) - се добива силен напад! Eye-wink
    молика,
    ја сепак мислам дека за парите што ги даваме (т.е. ни ги земаат), ова што го гледаме е ефтино шоу! Веќе видено! Ама, крајниот резултат ветува Eye-wink Smiling
    Иначе, вистинско освежување беше кога првпат ја слушнав во некоја изјава да го употреби изразот „богами“ - ми беше виц на денот Smiling Smiling Smiling
    Поздрав Smiling
    Arschloch2,
    па, блоговите кои „се залепија“ на блогерајов (од сите инволвирани во изборите), со сите банери, слогани, слики и говори - баш како изборни плакати се во виртуелниов простор Smiling
    И, ако ги одлепуваат во реалноста, би било ред да го зачистат и виртуелниов простор после изборниот процес, де Eye-wink Smiling
    (oksimoron 21 Мај, 2008 - 21:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • interpreter,
    пази, портирот манипулира со детекторот за метал, го вклучува намерно да свири додека минуваш (ептен е љубопитен што носиш у џепови и у ташна, а „богами“ и под алишта). SmilingSmiling Smiling
    Затоа, ако те гњави, барај помош од пријател (т.е. ЈАС) и одма ќе го средиме Eye-wink Smiling
    Виолетова,
    благодарам мила Smiling
    Поздрав Eye-wink
    (oksimoron 21 Мај, 2008 - 22:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ја овај ја,еве ништо...
    море чек да ти кажам една случка ког сме веќе на темава
    у Куманово некој шиптар паркирал колата на центар и се вратил кога гледа му го нема касетофонот.И викнал увидна да направи извештај кога на задњо седиште Калашњиков.
    А бре,а овој што е?
    Овај ја,овај...тој пушка
    Како бре пушка, па чива е?
    Моја...
    Аха,значи за касетофон ти е жал, а орушје илегално што носиш тој ништо!!! Ајт у станицу
    Тој ти се вика Stupid criminals
    (interpreter 21 Мај, 2008 - 22:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Добровечер Оксиморон,
    Ова некоја телепатија или чиста случајност на постовиве?
    Шекеринска и нејзиното “ЈАС“
    Поздрав
    З
    (zoriv 21 Мај, 2008 - 22:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ...ТАА,Да, Таа и никоја друга!...
    ...кога ќе видам како со показалецот мафта на сите страни како со мач,право да ти кажам и мене страФ ме фаќа од неа...
    ...али се наоѓа за плашење деца кога се непослушни Smiling ...
    (Virtuella 21 Мај, 2008 - 22:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Џ
    Добра е да плаши деца у градинку пред спање
    (interpreter 21 Мај, 2008 - 22:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мене ме чуди масата која е воодушевена од неа, како се поздравуваат, што се очекуваат од неа, ама прост народ силна држава...зарем еден искусен политичар може воопшто и да помисли дека друг, исто така искусен политичар, се плаши од неа?!?!? со кој ум?!?! ме посети на еден руски цртан филм “плаши се од мене ууууууу“ му велеше страшилото на едно дете, а детето се чудеше “што му е на овој“?!?!???
    (glimpse 21 Мај, 2008 - 22:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • абре воа шо го коментирате за суварката е жива вистина... а масата е платена да се воодушевува од неа... а столиците ги доби у комлет со масата... (Arschloch2 21 Мај, 2008 - 22:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси како е?
    Еееее баш тоа сакав сеа да напишам за блоговите и партииве. Па ако сервисов е бесплатен, не треба сите ретарди да отвараат блогови. Земале будала да ме прават, отвориле блог на Јанкуловска, Ѓорчев, не знам, шекеринска или кој се не.. Демек они блогираат! Народот не е толку лесен за манипулација! Тоа ти е ко сеа ја да земам и да се претставувам како друга личност и на тој начин да собирам ефтини поени. Дај нека земе Трендо да им забрише тоа покаканите блогови, ако ништо друго нека не праи будала од себе да им отстапува бесплатен рекламен простор
    (Меанџи 22 Мај, 2008 - 00:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • interpreter,
    интересна случка кумановке Smiling
    поучна Eye-wink
    ех, вие кумановци сте полни со забавни (а поучни) анегдоти
    Поздрав Smiling
    Зорив,
    телепатија или случајност.....и двајцата сме ја забележале истата работа. Пресилно изразената егоцентричност не испровоцирала слично да реагираме.
    Поздрав Smiling
    Виртуела,
    показалецот у комбинација со драмските паузи во говорот, па интонацијата.... ма, не се опишува - треба да се види тоа! Smiling Smiling Smiling
    glimpse,
    цртаниот се викаше „Три банани“ и таму змејот кој викаше „Плаши се од мене“ ( а детето одговараше „Не се плашам“) всушност сакал да биде чучулига! Чу-Чу- лига - прва лига, еј!Smiling
    Arslchoch2,
    велиш - и столиците во комплет со масата?! Кој ќе наседне - наседнал, а?! Eye-wink Smiling
    Меанџи,
    нема ништо страшно во партиските блогови, кој и да блогира во име на своите претпоставени, ама да се има троа осет, де Eye-wink
    Ко што викаш:
    „...Тоа ти е ко сеа ја да земам и да се претставувам како друга личност ....“
    Така е професоре! Ти тоа најдобро го знаеш. Eye-wink Smiling Smiling Smiling
    (oksimoron 22 Мај, 2008 - 06:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • да бе окси!! браво , никако не ми текнуваше како се вика цртанот ама ете хехе Smiling
    (glimpse 22 Мај, 2008 - 07:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Хмммм, богами човек да се подзамисли дали
    е подобро она ЈАС или ЌЕEye-wink...
    ТИЕ ќе си ја наредат (кавадаречки дијалект)
    или ќе се учипат (скопски шатровачки дијалект Eye-wink ) , НИЕ, ВИЕ и ОНИЕ (http://sssvrk.blog.com.mk/node/158237 ) што ќе правиме?
    (batadjango 22 Мај, 2008 - 08:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Одличен текст... лош избор на улоги Eye-wink
    (RIBARO 22 Мај, 2008 - 09:06 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • недостасуваш на блогерајот ... добар пост како и секогаш ...
    поздрав.
    (волан 22 Мај, 2008 - 13:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • glimpse,
    тоа е баш поучен цртан мила Eye-wink Smiling
    batadjango,
    и ти ли, бога ти..... подзамислено, одзамислено, несмислено, измислено.... ние, вие, тие, оние..... ќе праиме шо ќе праиме, ќе си ја наредиме сами работата - ако не се суредиме сами првин (коа веќе сакаш кавдаречки лаф) Eye-wink Smiling
    линкот ме наежи скроз..... дур ни туа си играме ластик со коментариве, некаде луѓето страдаат Sad Sad Sad
    Рибаро,
    фала за комплиментот (мој си е!), а за критиката - не фала (не е моја, бре - не ја сакам)
    Оти, не им ги давав јас улогите, сами си ги зедоа Smiling Сеа, лоши/арни - нека си го играат тоа што си го одбрале Eye-wink
    волан,
    ма, туа су ја Eye-wink И со мене и без мене - се е добро штом добро ќе заврши(многу глеам цртани ц,ц,ц)
    Иначе, подобро ја да фалам отколку даска у глава, де Sticking out tongue Laughing out loud
    Благодарам пријателе, поздрав и до тебе Smiling
    (oksimoron 22 Мај, 2008 - 19:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • одговор на прашањето за блоговите: нема да ги тргнат блоговите, ama ќе им бидат неактивни-До некои следни избори.
    До тогаш ќе може да дишиме Smiling
    (nadezna 25 Мај, 2008 - 00:40 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Слушај сега јас да ти објаснам некои работи. ЈАС, ЈАС, .... ако ги следиш кампањите на носителите на листите, рекламите во новините, секаде ќе го сретнеш ова ЈАС, кај секој носител на пратеничка листа во секоја изборна единица. Е сега за да ти биде сосема ЈАСНО, Груевски не вика ЈАС, него бега и се крие зад народот, НАРОДОТ ЌЕ ОДЛУЧИ НА РЕФЕРЕНДУМ, а тоа го кажа откога се врати од Букурешт. А отиде ли таму со спакувано име. Немој да кажуваш НЕ, зашто и неговите најблиски го потврдија тоа. Бегаше после Букурешт, како дете од баба рога, стиснат во ќош излезот го најде во предвремени избори, кои ги предложи крвниот непријател на ДПМНЕ. Што сакам да ти кажам, Груевски во тешките моменти бега, се крие позади народ, а Рада и останатите од СОНЦЕ викаат ЈАС, со намера да кажат дека целата одговорност ја превземаат врз нив, па макар и утре да некој ги беси на плоштад.Ја сфати ПОРАКАТА сега се надевам. Толку за тоа ЈАС.
    Егоцентричност, а како ти звучи САМОБЕНДИСАНОСТ споено со КУКАВЧУЛУК. Медицинското толкување ти го оставам тебе.
    БОГАМИ ти е типичен скопски израз, си залетала малку но простено ти е, гледам од Кавадарци си, а и Батко Џанго ти објасни.
    СДСМ се декларираат како левичарска партија, но самото тоа не значи дека се безбожници. Во светот само десничарите ли имаат ексклузивитет на Бог. Наследници на поранешна Комунистичка партија НЕ СЕ. Читај го Статутот, од каде ли го изваде ова, или по навика ќе шпекулираме. Така да добар дел од написов ти оди во аут. А за твоја едукација, како што тогаш била одвоена државата од црквата, така е и сега, по Устав.
    Оној краток коментар на Рибарот е двосмислен, го сфати ли?
    п.с. преброј колку има отворено десничарски, а колку левичарски блогови, а јас можам овде да ти обеќам тебе, а не на Рада, дека мојот наменски блог ќе биде избришан на 2 Јуни и ќе ги поздравам сите што тоа ќе го направат. Тука си во право.
    (programa 25 Мај, 2008 - 01:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • “Тоа ти е ко сеа ја да земам и да се претставувам како друга личност ...“Меанџи,а зарем не е така? (Еми 25 Мај, 2008 - 03:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Интересно резонирање на очигледното....хехе баш е така. Поздрав (MAJA 2 27 Мај, 2008 - 20:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • рада на клада калибар у влада... (StihovenKalibar 27 Мај, 2008 - 20:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ТИ! Да, Ти! Пази, „ бога ти“... Здраво, како си и како си поминуваш?
    (istokakonormalen 1 Јуни, 2008 - 14:31 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Искрено кажано, мене ми е и жал малку за Радмила сега после изборите, затоа што ја оставија сама. Таков луксуз не смее да си дозволи ни една партија за време на изборна кампања, посебно не толку голема и битна за политичката сцена партија. Sad Многу лошо!Sad
    (Natka 3 Јуни, 2008 - 09:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Никој не зборува во наша присатност
    онака како што зборува кога ние не сме таму.
    Заедницата која постои меѓи луѓето се одржува
    исклучиво на тоа взаемно лажење. Eye-wink
    (batadjango 6 Јуни, 2008 - 19:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Две работи не се точни во текстот кој е инаку супер. Комунизмот не ја исклучува религијата, дури ни во своето членство, уште пред неколку години на ТВ сум ја забечежала Шехеринска да се крсти (мислам на Божиќна прослава) Потенцирано ЈАС е нова шема на светскиот тренд во новите кампањи, на лидерските курсеви прво тоа го учат, да го заменат НИЕ со ЈАС, ние не дава одговорност, ЈАС се знае кој е. Уште нешто ’бога ми’ е термин за заколнување во бога, но е и ’узречица’... српска, баш и нема да се согласам, и српскиот како и нашиот и останатите словенски јазици има ист корен. Самиот поим ’србизам’, како и ’бугаризам, русизам’ не се соодветни за нашата група, наши се во основа и имаме апсолутно право да ги исползуваме во обликот и дух на нашиот јазик, освен ако сакаме јазикот да ни остане ’просто-непроширен’. (gordi 6 Јуни, 2008 - 19:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Егоцентричност, или „лечење“ на пубертетските комплекси.
    http://blog.com.mk/node/162938
    (albo 10 Јуни, 2008 - 21:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Егоцентричност, или „лечење“ на пубертетските комплекси.
    http://blog.com.mk/node/162938
    (albo 10 Јуни, 2008 - 21:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Па жити се што вие друго очекувавте од вашиот голем и мил ви председател, па тоа е бе нормално за него. Тоа е и најголемиот проблем кај вас, немате петли во фармата, со децении ви се колени, а пилците не се криви, немаат шанса да пораснат и станат петли, рано ги колите. Што се однесува до вашите анкети, мислам на оние не наместени, можеби има некоја реалност во нив, но за жал тоа не е некој показател, бидејќи во клучен момент лесно сте средливи типови. Најголема глупост е да се одржувал референдум за името, демек Македонскиот народ најдобро знаел па 98% би бил против промена на името, тоа е о.к. но навистина да знаевте не ќе бевте на ова дереџе. Многу често од вашите политичари слушам дека народот е паметен и најдобро знае,каква лигушана,во себе си велат какви будали. И не се далеку од вистината. Доволно е да ви се изврши јака пропаганда и готово, па сетете се бе на многу работи, како на пр.неуспешниот референдум за територијалната поделба кога ние ве заебавме, па на оној англичанецот кога ви го вртеше часовникот и др. сега да не ги набројувам сите глупости. Но јас не би бил против референдум поради овие причини, туку со кое право вие би одржувале референдум во името на генерации Македонци. Можеби за името на државата ај некако бидејќи тоа е политичка категорија,ама за идентитетот на Македонскиот народ, па тоа е несватливо бре чоеци. А вие какви што сте,ќе ве заебат, и покрај името ќе ви вметнат и нешто друго околу идентитетот(па нели нема да биде прв пат). (george bush 18 Јуни, 2008 - 01:10 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • Џорџ Буш убо викаѓ,ама има Македонци и кои не спијат со вечери за Македонија,па ако има гз и твојот Бранко,пошто тој е легитимен,па и овој нашиот Ник нека го дадат,па има и повеке што не спијат.Да живее Македонија и во овие доцни саати.Добра ти ноќ,а уште подобро утро Македонијоооооооо. (Makedonka 4 18 Јуни, 2008 - 03:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Часовникот е 1 час поназад,нави го Вероника,колку лично име. (Fenix 4 18 Јуни, 2008 - 03:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Навистина си оксиМОРОН,штом вака напаѓаш,при слатката ти партиска победа.Нели е подобро да гледаш дали Николче воопшто ќе ја исправи работава или ќе си брка уште популизам?Баш сакам да гледам СЕИР,очигледно дека за тоалет хартија не го бива,а камоли за премиер.Ми се чини дека ќе завршиме со банкрот,како Босна и Херцеговина!Поздрав за вмровчето! (MATILDA 28 Јуни, 2008 - 20:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Така е Матилда... Кој се лути има право и да губи... Па како бе не ви е срам... Ниту една позитивна работа не слушнавме од СДСМ до сега... Ајде кажи барем едно позитивно дело кое што го направија... И да покажеш повеќе почит кон премиерот, чисто од култура, ако ништо повеќе... Поздрав.
    (istokakonormalen 28 Јуни, 2008 - 21:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Било кој во парламентот е попаметен од премиерот ви.Разбра?Ќе се уверите покасно ама ќе биде доцна.А јас почит кон умноболни личности ,не покажувам.Не покажувате ни вие.Тоа што го правите се вика СТРАВОПОЧИТ. (MATILDA 28 Јуни, 2008 - 22:15 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • ај честитки Фотеља Уредничка Smiling
    (nadezna 1 Јули, 2008 - 08:44 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, CMR за насловна ќе издаваш? Eye-wink
    (batadjango 1 Јули, 2008 - 09:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • И од мене честитки - па од хонорарот ке пиеме кафе и ке јадеме сладолед во Рамацоти ... поздрав до твоите ... ти и така читаш доста од блоговите сега можам да замислам Smiling
    (волан 1 Јули, 2008 - 09:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • е оти ново урендиче? шо му фалеше на спијачот? :-( Кој те стави и за каков хонорар? Колку ќе ти даде? Кога ја ќе бидам уредниче на блог? :-( (tina8 1 Јули, 2008 - 13:01 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оксиморон,искрени честитки....од срце...
    Поздрав!
    (cOOOklOOOk 2 Јули, 2008 - 23:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Под 1. ете пофалби за новото уредништво-уредникот-честитки
    2. Мислам дека премногу простор и време им отстапуваме на овие таканречени гопоѓи господа од политичири
    3 под три искрено нема потреба да некој им ги отсрани блоговите самите по себе ке изумрат самобендисаните.
    4 туку терај си ја работава како си ја започнала многу ми се допага,
    5 Ај Леона без умилкување остај го уредников да работи...
    Поздрав
    (leonastefani 2 Јули, 2008 - 23:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Честитки и од мене, а плакатите си стојат... никако да исчезнат. (gordi 4 Јули, 2008 - 09:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Oksimoron, веќе еден час се мачам да си влезам на блогот. Имам проблем со лозинката.www.lpartikov@uahoo.com
    (Партик 6 Јули, 2008 - 22:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Партик, за тие проблеми не може да ти помеогни уредникот. барај го блогмастерот
    (RIBARO 6 Јули, 2008 - 22:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Благодарам за честитките, сите ве сакам (тастатурите у раце и пишете, пишете....) Smiling SmilingSmiling
    Патрик, јас само го правам изборот на постови кои ќе бидат објавени на насловната страна овој месец, ништо друго Smiling
    А, колку што можам да забележам, проблемот ти е поради промената на линкот на блогот со кирилично внесување (веројатно си сакал да направиш промена во насловот на блогот, а не линкот, ама ... си помешал рубрики ете) и за тоа ќе го бараш Блогмастерот. Имаш маилови за помош тука
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 6 Јули, 2008 - 22:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ОКСИ, баш ми е жал за другарка ми Матилда... Никако нема среќа кутрата... Како Бугарија е... Стално ја одбира погрешната страна...
    (istokakonormalen 6 Јули, 2008 - 22:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Немај гајле Eye-wink
    (oksimoron 6 Јули, 2008 - 22:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • oksimoron , адресата на блогот ми беше www.partik.blog.com.mk
    на самиот почеток ме заебаваше дека адресата е непозната.Некако влегов преку блогер, но не ми ја препознава лозинката. Гледам промена и на адресата на блогот, а како настанала- не знам... сега е xn--aqgrgm.blog.com.mk.
    Како дошло до тоа, не знам.
    (Партик 6 Јули, 2008 - 22:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Партик,
    појма неам што е (сал претпоставував погоре), побарај го блогмастерот (како што предложи и Рибаро) - верувам дека тој ќе знае и ќе ти помогне (супер ни е блогмастерот) Eye-wink
    И нум се нервирај, сета ќе биде Eye-wink Smiling
    (oksimoron 6 Јули, 2008 - 22:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • а некој по нов пост... Smiling
    (freestyle 8 Јули, 2008 - 19:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • жити се, каѓи ми шо да правам. отворив блог и не сака да ми отвори за нов пост. Ми вели дека немам дозвола за таа страница Сто е работата? (lejdi eVaaa braun 10 Јули, 2008 - 13:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • после зокиспијач,
    ти си вистинско уредничко освежување
    посебно у вруќиниве
    поздрав
    (Rozeta 10 Јули, 2008 - 22:45 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • розета ѓабе си го пишела коментарот, пак нема да те ставе на насловна Eye-wink
    (freestyle 12 Јули, 2008 - 12:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Тебе дете,
    особено после Уредничкиот статус,
    дефинитивно ке те пратиме во Амбасадори.
    (OGI SINKO 19 Јули, 2008 - 00:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Де бе син ми, шо ти згреши шо ја бркаш јабана? Smiling
    Јас би да си ја земам на гости Smiling
    (RIBARO 19 Јули, 2008 - 00:18 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment