Friday, April 04, 2014

Мандати

Премиерот на Р.Македонија му вети уште еден мандат на претседателот на Р. Македонија. Као, неговиот мандат е веќе решен, сигурен, па сега треба да се мисли и на идниот мандат на претседателот. И тоа сега, на само 2 месеца пред парламентарните избори. Чекајте сеа малку .... констелацијата помеѓу премиерот и претседателот на државата е државна или партиска? И, од кога нивните изборни кампањи се во меѓусебна зависност? Мандатите им се мешаат како виенска шницла, руска салата, италијански тестенини, француско вино и швајцарска чоколада. На шведска маса. Подготвено, сервирано - повелете послужете се! Но, во кулинарството некои состојки не се препорачуваат за истовремено конзумирање. Предизвикуваат нус појави. Ждригање, киселини,повраќање, гасови, дијареа и (чувај боже) труења. Лакомоста е ризична. Неупатеноста уште повеќе.

Премиерот веројатно рачуна на силниот стомак на изборниот електорат. Па, колку само афери, измами и манипулации проголтаа и сварија досега! Зошто да не и премиерските глупости?! Наместо да му ветува на народот подобар живот, повисок стандард и економска сигурност ... тој му ветува мандат на претседателот! Ех, знае тој кој ќе го бира него, чиј глас е важен. Знае кој му го даде мандатот. Гордо кажува дека истиот тој мандат го потрошил на организирање и водење на кампањи за освојување на нови мандати. Локални, парламентарни, претседателски. Плејмејкер за мандати. Каков Џаро, може вода да му носи!

И, коа веќе така великодушно дели мандати - сакам и јас еден мандат од премиерот. Ако може, мислам. Бар еден. Мандат од неколкугодишно отсувство на мандаторот кој го троши својот мандат единствено за обезбедување и ветување на нови мандати на стари мандатори (премиерска тафтологија, бре!). Мандат без него. Ќе ми обезбеди ли премиерот таков мандат?! Ма, не се сомневам во тоа. Додека го гледам како го троши својот мандат, сигурна сум во својот.
Благодарам премиере.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 21 Април, 2006 - 15:45

Коментари:
  • Батали шалабајзери! Уживај во дадениот момент! Барем него не можат да ти го земат! па макар биле натоварени со сите можни функции у ваа држава...Среќни Велигденски празници! Марјан Т. (marjantod 21 Април, 2006 - 15:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Народот е на инфузија, се одржува во живот, па така КОМИРАН, премиеров смета, нема да запримети како тој-во манир на ДЕДО МРАЗ дели мандати, места у радио-дифузна комисија, ДИК-МИК-шИК комисии и разни други функции. Дечкото како добар православец знае дека треба да се биде дарежлив, па макар тоа биле и мандати. МНОГУ ПОВЕКЕ СПОКОЈСТВО, ТИ ПОСАКУВАМ, СО ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ. СИТЕ НЕМИРИ ДА ИСЧЕЗНАТ ОД ТВОЈОТ ЖИВОТ. (POPEK 21 Април, 2006 - 19:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Марјан, ние ги баталуваме, они не баталуваат, и сите сме баталени!
    Попек, велиш ова велигденска ујдурма е на премиерот, као му дава јајце на претседателот? Можно е, можно....црвено јајце. Eye-wink
    Фала за убавите желби. Спокој и убаво расположение и за тебе. Smiling
    (oksimoron 21 Април, 2006 - 20:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • “..силниот стомак на изборниот електорат..“
    да многу силен, мислиш на тоа дека е толку силен да ги свари сите киселини добиени во стомакот од практицирањето на власта, на оваа па и на минатата гарнитура...
    (волан 21 Април, 2006 - 22:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Се надевам дека гласачите ќе ти ја исполнат желбата наскоро. (GoodBytes 21 Април, 2006 - 22:38 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Како што се ближи 5 јули се повеќе се губат во своите коментари властодршците. Ова е само старт според мое мислење, сетете се само како се изобличуваше Бучко кога беше претседателската кампања викајќи Симни ја маскааатааааа Кедевввв! (SLaCk 22 Април, 2006 - 00:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Значи, јас веќе реков дека во следните неколку (сега веќе сигурни 2,4) месеци, партиите ќе не угушат со нивните кампањи. Само и понатаму неможам да разберам до кога ќе сакаме да ги гледаме само лошите работи у живот. Па луѓе бре, нели овде се договараме да пишуваме и за убави работи. Впрочем, настанот беше теснопарттиски, луѓето си славеа, ко и сите други партии шо прават. Но дневните весници вчера имаа многу интересни написи. Земете прочитајте ги написите за овој настан во сите дневни весници од вчера (петок). Ќе видите што ти е новинарство и како се пренесува (известува од настан).(macmeto 22 Април, 2006 - 12:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Мацмето, весниците си имаат свој начин, блоговите свој. Ние не известуваме од местото на настанот,не сме репортери, само си даваме свое мислење и забелешки за одреден настан.
    А, си пишуваме и за убавите работи, де. Eye-wink Smiling Сал сеа периодот е таков, па до израз доаѓаат овие инспирирани од секојдневните политичко-општествени збиднувања. Тоа што се лоши ...не е до нас, де. Други ги прават. Кажи им нив да создаваат пријатни работи за инспирација. Eye-wink
    (oksimoron 22 Април, 2006 - 19:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • има macmeto разбирање, чак што више протежира уште еден мандат за дотичните, за наше добро. :/
    изгледа има човекот јак желудник... а можеби и нема желудник.
    нема што нема.
    (Црнориз 22 Април, 2006 - 19:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Прво од кај знае Бучко што ќе направи Бранко во наредните 3 години па да му вети мандат? Наместо да гледа да го отргне Бранко од себе и неговите структури, наместо да земат ко во секоја сериозна држава, ИЗВИНИТЕ НАРОДЕ, ве излажавме пред 4 години. Постои ли воопшто програма и начин како да се оствари таа програма. Мене уште не ми е јасно што мислеа Бранко и Бучко кога ветија дека ке ја намалат невработеноста. Како?? Со зборови?? Не знам како прво како може да бидат толку сигурни во себе кога ништо не направија 4 години. НИШТО!!! Претходникот на Бучко т.е. Xари како најголем успех го сметаше признавањето на уставното име од САД, а Бучки кандидатскиот статус. Значи најголеми успеси на претходните двајца премиери се одлуки на странски држави! Браво! Ако дај боже се случи да ја обележат северната граница, мада не верувам сигурно ке си го припишат за успех тоа што Косоварите прифатиле (T_0_D 23 Април, 2006 - 22:35 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еј ама Б.Ц го закопа со изјавата ќе се кандидирам со или без изјавата на бУЧКо, во врска со подршката на СДСМ. (nasty69 25 Април, 2006 - 21:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Уште појакоЧ Бучко: Еден пријател ми вика, абе Бучко сме пребродиле мориња, сме препловиле океани, езера, па сега само рекичка една треба да поминеме. Јас му викам... ако е рекичката само ќе ја поминеме.. И делириум тука цела универзална (T_0_D 25 Април, 2006 - 21:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, (ова второво ако го одберев ми е неубаво, а не ми е стил за неубави работи да пишувам), многу се сложувам за тоа дека не сме репортери, иако коментарот на ТоД е токму таков - од местото на настанот, туку треба да си даваме свои мислења и забелешки. Единствено на што постојано инсистирам е да се истакнуваат убавите работи - како што коментира Црне, да имаме разбирање. Да се разбереме, не дека јас не ги гледам лошите и неубави нешта, ама неќам да ги видам, ме разбираш. И не, не бегам од реалноста, само сум оптимист. (macmeto 25 Април, 2006 - 22:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Оптимистот е само лошо информиран песимист. Smiling)))
    Имам еден пост за оптимистите и песимистите, види (http://oksimoron.blog.com.mk/node/2528 )
    И додека повеќето од нас не сакаат да ги видат неубавите работи, тие ќе се случуваат наслепо и на невидено, а сепак реално. Па ти биди си пак оптимист!
    (oksimoron 25 Април, 2006 - 22:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ај сеа де. Згодна ти е забелешката, ама во самиот пост се негираш самиот себе, па при крај велиш „Не е песимистот добро информиран оптимист, туку некому се стемнило за на друг да му осамне.“ Ова вториов дел е чинам кинеска поговорка и претставува голема мудрост, читај реалност. Но јас реков дека не бегам од неа, само сакам да ја гледам убавата страна. Впрочем, дури ни во Star Trek не е се идеално, иако човештвото е прикажано како многу напредно општество. (macmeto 25 Април, 2006 - 22:22 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • Немој да ме сфатиш погрешно, ама горам од желба да видам нешто позитивно во државата. Ама како да видиш ајде кажи ми кога ги имашЧ Јавен обвинител - Александар Прчевски (појава невидена) РСС - Ленче СОфрониева Министер - Владо Димов Претседател - Бранко (Трчи-лажи) И ај да не ги набројувам, ама од овие луѓе ако постои нешто позитивно во нивната политичка кариера, јас ќе бидам најголем оптимист (T_0_D 26 Април, 2006 - 08:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • НЕМА ПОЗИТИВНО ОСВЕН КАЈГАНА И ЈОГУРТ! (GLAJHSHALTUNBAK… 28 Април, 2006 - 21:03 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment