Saturday, April 05, 2014

Те(р)ор/етика


Постои една метафорична теорија (има и книга со ист наслов) која се обидува да даде сликовит приказ на карактерните особености и разликите помеѓу половите. Основната премиса е  дека жените се од Венера а мажите од Марс. Мене тоа едноставно не ми штима.  Црно-бел филм е. Сакам класика, ама во денешно време... покрај толку многу ефекти..... греота е да се прават така монохрони илузии. Башка, постојат празнини во таа „теорија“ кои зјапаат недоискажано. Им го ловам погледот и.... ја наоѓам рефлексијата на сокриеното. А тоа е дека и на Венера имало мажи и жени, исто како и на Марс. Жителите на Венера (и мажи и жени) биле нежни, мили, емотивни, заинтересирани за шминка и гардероба, со високо развиено чувство за естетика. Жителите на Марс (и мажи и жени) биле агресивни, груби, борбени, ловци,  со истакната потреба од докажување, освојувачи на моќ.  Но, мажите од Венера повеќе си се сакале и дружеле меѓу себе, незаинтересирани за жените. А жените од Марс си се љубеле себе си, и ги игнорирале мажите од својата планета. Така, жените од Венера кои сакаат мажи природно завршиле со мажите од Марс кои сакаат жени. И одбиваат да ги споменат  Марсовките и Венеријанците (освен во навредлив контекст). Забранета тема се. Посебно фактот дека потекнуваат од исти планети како и нив. Затоа ги нарекуваат со заедничко име - Хомосексуалци.  Јас ги почитувам.

Цело ова чудесно ми коинцидира со една друга поделба кај нас, во нашиов општествено-политички систем. Помеѓу избраните да ја уредуваат државава, постојат власт и опозиција. Не е важно кој е кој во моментов. Сите тие заедно се во највисоката институција на демократското државно уредување - парламентот. Декларираат различни идеологии и си се надополнуваат меѓусебе. Лева и десна патика кои заедно чекорат (додуша се спрепнуваат често, ама... стани-падни, се движат некако). Да го земеме за пример најспектакуларниот случај летоска. Не, не станува збор за олимпијадата во Кина. Каква Кина, може вода да ни носи. Немаат они капацитет за организација на нашиве спортски дисиплини. Петобојот - лажи, кради, апси, протестирај, аболицирај. Е сега, покрај регуларно избраните натпреварувачи - се појавија инекои други. Се нарекуваат себе си Невладини. Ама, полово-партиската припадност им е сомнителна. Демек, не се ни од едните ни од другите, ама навалуваат едните кон едните а другите кон другите. Се правдаат деканевладини не значело и непартиски. Аполитична декларација, а политичко дејствување. Хм... се прашувам кои од нив се Венеријанци а кои Марсовки?! 
Логика?!

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 11 Август, 2008 - 21:56

Коментари:
  • Баш е терор на етиката. Партиите не ги признаваат невладините како свои, а според нивното однесување очигледна е поврзаноста.
    (етика 12 Август, 2008 - 15:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас не ги почитувам Марсовките и Венеријанците, а и зошто би.Сите ние нешто почитуваме а нешто не, што е и во ред, нели разноликост на човечката свест . Не сум сретнал досега човек кој би почитувал ама баш се. Е јас тие хомосексуалци не ги почитувам, а вие нивните почитувачи вероватно веднаш ќе ме обвините за дискриминација и хомофобичност,не сваќајќи дека вие сте тие кои мене ме дискриминирате.Како тоа ги почитуваме хомосексуалците,само нив, а хетеросексуалците? Права за хомосексуалците, а права за хетеросексуалците? Кој овде дискриминира? Коинцидирачката поделба на владин и невладин сектор е само терминолошка поделба, но се разбира дека сите тие си имаат свој старател кој ги исхранува и тие невладини курви (ги почитувам),нормално си ги опслужуваат своите клиенти.Да ли старателот е владата (домашна или странска),партија,опозиција,странска или домашна служба и кој знае уште кој, тие нормално си ја заработуваат својата плата како и ние сите други. (george bush 14 Август, 2008 - 03:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • етика,
    теророт е врз теоријата дека невладините здружанија се облик на здружување заради коректив на политичките организации кои имаат моќ да дејствуваат во креирањето на општеството, а не да бидат нивни клонови.
    george bush,
    имам забележано дека жените имаат другарски однос кон Венеријанците, а Марсовките им се одбивни. Од друга страна, мажите немаат ништо против Марсовките а се згрозуваат од Венеријанците. Ова дополнително имплицира дека постои развиена толеранција на база на заедничкото потекло Smiling.
    Еве, на едната група политички партии не им смета коалицијата невладини кои паролираат со слоганот „ И јас сум Заев, уапсете ме“ ама се згрозуваат од другата чиј слоган е „И јас сум Заев, и јас сакам 8 милиони евра“. И обратно - на другата политичка групација пак првите им се одбвини, а вторите прифатливи. Значи, ако се земе дека политичкото организирање се смета за хетеросексуално, а невладиното како хомосекусално - коинциденцијата со толерантноста и одбивноста е уште поизразена.
    А за исхраната/исплатата... сосема очигледно е кој каде се храни а од кај зема плата. Иронијата е што тие две места најчесто не се поклопуваат Eye-wink Smiling
    (oksimoron 14 Август, 2008 - 17:37 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Невладините здруженија биле облик на здружување заради коректив на политичките организации... и бла,бла,бла, ајде жити се, ееееј душо тоа е бе за во учебник, зарем не си сватила досега дека учебниците се едно а реалноста друго, не прифаќај се што те учат,читај помеѓу редови,па за тоа претходно имаше еден убав пост (слободата на изборот) Со останатото се согласувам и давам предлог јас и ти да се здружиме во една невладина и право пред влада со пароли "и јас сум заев, не ме апсете" и "и јас не сакам 8 мил.евра" па да бидеме вистински коректив на нашите политички партии. (george bush 14 Август, 2008 - 21:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ми избега коментарот...џенем!
    А, и постот кај што пишував коментар го нема????
    Што се случи????
    (batadjango 19 Август, 2008 - 21:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • george bush,
    ајде Smiling
    batadjango,
    извини, ме зезаше компјутеров а и не ми се допадна како го склопив текстот, па го избришав постот. Ај, во друга прилика Eye-wink
    Поздрав Smiling
    (oksimoron 20 Август, 2008 - 16:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • комерцијалата има задача да понуди на пошироките маси занимација која ќе им понуди доволно забавни податоци околу кои ќе можат да си го “градат“ животот. така е и со венера и со марс играчките кои си ги играат нашиве квази политичари и анти-политичари...нема веќе “општо прифатено гледиште“ за ништо, дојде време се’ да се индивидуализира за да опстане...
    (glimpse 25 Август, 2008 - 12:08 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment