Friday, April 04, 2014

Левучари и деснучари



Во зависност од тоа која рака ја користат почесто и повешто, луѓето се делат на левучари и деснучари. Таа поделба, во суштина чисто физичка, често се третира и од психолошки аспект. А, следствено на тоа и идеолошки.
Деснучарите се традиционалисти. Некои непишани правила кажуваат дека правилно е да се користи десната рака. Значи, се почитуваат правилата и традиционалните вредности. Понекогаш звучи здодевно, ама барем знаеш на што си. И се е подредено на твоите потреби. Сигурно делување, постојаност, промисленост, стабилност. Исполнителност на очекувањата. Поради поголемата бројност, се делува во согласност со потребите на широките маси. Негативноста е што има голема доза на предвидливост и затвореност, скептичност за нови идеи. Тврди ставови.
Левучарите се стремат кон новини. Иноватори. Тие се индивидуалци кои сакаат да размислуваат поинаку од другите. Итаат напред, без да се свртат назад. Сакаат да импровизираат. Креативни се, но за себе. Негативностите се во себичното делување и самобендисаноста. Ги кршат правилата и создаваат свои. Сметаат дека вредат повеќе од другите. Променливо, несигурно однесување.При пренесувањето на информациите, често се служиме со различни симболични изрази. Веројатно во желба информацијата да се презентира на интересен начин. Но, некои изрази добиваат димензија на шаблони. А не е секој шаблон соодветен за секоја информација. На пример, изразот „десна рака“ - би требало да означува човек кој некому помага, некому кој има довреба во него и таа помош е успешна. Но, што ако личноста, чија „десна рака“ е именуваниот, е левучар? Да се биде „десна рака“ на левучар и не е баш за пофалба. А и обратно. Левучар да биде нечија „десна рака“. Не лепи некако. Дали тогаш информацијата преку користениот израз се трансформира во друг, посоодветене израз - информација „истресена од ракав“?!
Мене ми се допаѓаат особеностите и на деснучарите и на левучарите. Си имаат и двете свои позитивности и негативности. Си држат до себе. Ме плашат оние кои подеднакво ги користат и двете раце. И левата и десната. Се нарекуваат себе си прагматичари. Во ред е ако во секоја ситуација умеат да ги користат двете раце подеднакво, но кога ја користат де левата, де десната - според моменталната потреба, од ситуација до ситуација ... им останува сал она П од прагматичноста.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 1 Октомври, 2006 - 14:45

Коментари:
  • Многу полесен би бил животот да е црно бел. Ќе знаеш каде припаѓаш и пливај. Денеска повеќе се на цена оние во средина или сивите. Незнам каде е вистината, но многу полесно можеш да бидеш денес осуден доколку се издвоиш со став лево или десно. (kumasin 1 Октомври, 2006 - 15:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Неr mind iѕ Тiffаny-twiѕtеd, ѕhе gоt thе Меrcеdеѕ Benz
    She got a lot of pretty, pretty boys she calls friends
    How they dance in the courtyard, sweet summer sweat.
    Some dance to remember, some dance to forget
    (ххх 1 Октомври, 2006 - 19:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • kumasine,
    Не е проблемот средината. Убаво е да знае човек да балансира. Ама, притоа секогаш да држи до себе и да има сопствени ставови. Да има принципи.
    ххх,
    танцувај до крајот на денот....
    (oksimoron 1 Октомври, 2006 - 20:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • да успееш да балансираш денеска, а притоа да држиш до своите принципи не е обична реакција по инерција. вештачката самодоверба, лажниот кураж, ефтините приказни проследени со бедната неинформираност го потхрануваат денешниот модел на анимална борба за превласт. (AnKa 1 Октомври, 2006 - 20:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • цитат..
    горе..
    Левучарите се стремат кон новини. Иноватори. Тие се индивидуалци кои сакаат да размислуваат поинаку од другите..
    квиз..
    доле..
    СОЦИЈАЛИСТИЧКА и РАБОТНИЧКА..
    плус..
    го славеле големиот работнички празник Први Мај..
    одговор..?
    (anaveno 1 Октомври, 2006 - 20:30 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Интересен пост, но јас сум од тие што не се по оваа статискика..
    физички, .. родена сум како ектремен левучар кого го „силуваа“ да пишува, свири, шие.. со десна рака..
    На школо пишував со лева - дома со десна. Резултат: пишувам денес со двете, но левата ми е омилена.
    И.. да не редам.. куп такви примери !
    По ориентација сум Десничарка според ставовив, но.. имајќи во предвид какви беа обичаите и верувањата овде, би рекла.. ревуциронерно кај нас е да се биде деснуичар во оваа лева закоравеност
    (E-Lady 1 Октомври, 2006 - 23:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • На балканот не постои јасна поделба леви и десни. Тоа е затоа што на балканот никојпат и не постоеле десни сили. Од чисти монархии државите влетаа во комунистичкиот анархизам. Сега допрва се воспоставува тоа што никојпат и не било. Но после полавековно левучарење, тешко оди. Сепак сум изразит десничар но малку лев во однесувањето и во карактерот. (Мечето Ушко 2 Октомври, 2006 - 12:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Анархизам на овие простори не постоел, но може да се согласам да го има. (solza 2 Октомври, 2006 - 13:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Анархизам на овие простори не постоел, но може да се согласам да го има. (solza 2 Октомври, 2006 - 13:41 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мислам дека овде или има глупи луѓе или не читаат! Ти пишуеш за леваци и деснаци (т.е. луѓе кои воглавно ја користат левата рака и нога, за разлика од мнозинството со десна), таму некои пациент мешаат политичка определба! Убаво реков дека на некои блогоиве им се ко мирц! Инаку, јас сум левичар на кого учителката не му даваше да пишува со лева па од трето одделение пишувам со десна, но и со лева не сум лош! Пинг понг, тенис,јадење и пиење, се... со лева! И да, факт е! Левичарите се гуру мастери! Покреативни луѓе, у секој случај! Lefties rule! ;-) ...ова Lefties rule важи само са користење на екстремитетите! Имаку кога веќе рчкаат политика, десница е ЗАКОН! И овде, а богами и во светот! Паклена комбинација! Политичката десница да ја водат леваци! :-) (alek_careca 2 Октомври, 2006 - 14:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • AnKa,
    за да биде успешно, балансирањето мора да биде започне од внатре, од самиот себе си и барање рамнотежа со околината, заради самиот себе а не заради околината Eye-wink
    имроко,
    напишаното во постов е базирано на психолошките толкувања за особеностите на луѓето во зависност од тоа која рака ја користат почесто. Инаку, фактите од состојбата на теренот јасно ја демантираат секоја поврзаност на психологијата со идеологијата Eye-wink
    е-лејди,
    според твојот коментар, ти си прав пример за десно(идеолошки) ориентиран левучар(физички) Smiling
    Мечето Ушко,
    велиш, и територијалната положба делува? А бе, лево си е лево Smiling инаку, се согласувам дека во поглед на политичката идеологија, долги године сме се движеле налево, ама со полуокрет Sticking out tongue
    солзо,
    јас не се согласувам со идејата за анархизам. Не би се снашле ние во свет без правила - ќе нема што да прекршуваме, ќе се чувствуваме изгубено кога се ќе ни биде дозволено Laughing out loud
    алек,
    по обемните дискусии низ блогерајов за левите и десните идеологии, па креирање наменски блогови, сметам дека беше потребен еден ваков пост кој би се сконцентрирал на физичките карактеристики, па секој може да си направи споредба за себе. Знаеш како вели биологијата - десната страна на мозокот ја контролира левата страна на телото и обратно Eye-wink
    (oksimoron 2 Октомври, 2006 - 15:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Eye-wink Big brothеr is watching you
    (MastermindMK 2 Октомври, 2006 - 16:08 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • MastermindMK,
    ако, ако... Eye-wink Smiling
    (oksimoron 2 Октомври, 2006 - 19:11 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • одговор за квизот..
    Наци парти..
    во сите пози..
    десната..високо..зафатена..
    на 1 мај..збунувачко..
    која страна од мозокот му била активна?..
    (anaveno 2 Октомври, 2006 - 19:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • imroko,
    а бе...некоаш иде и до блокада на мозокот...коа не функционира воопшто - немаат улога тогаш страните Sticking out tongue Laughing out loud
    (oksimoron 2 Октомври, 2006 - 19:36 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Што не сме како хинду-божествата, со десетици раце? Тогаш, која би била лева, која десна, која средна?
    Laughing out loud
    Туку, јас сум растргнат меѓу двата есктрема - поинтересно ми е така... (се знае, единство на спротивности)
    (iacovibus 3 Октомври, 2006 - 19:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • iacovibus,
    единство на спротивности, а? Smiling
    Не ми мешај сеа идентитети со страни, де Sticking out tongue
    (oksimoron 3 Октомври, 2006 - 21:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • епа ОК си ....
    креацијта е суштина
    на чоечкото напредување ....
    и извира од две раце ...
    иако сум левучар
    (ХулаХопа 15 Октомври, 2006 - 20:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе, убаво е да се користат двете раце подеднакво. Ама во секоја ситуација, без оглед на околностите Eye-wink Со споменатата билогија (левата страна од мозокот за десната страна од телото и обратно) значи дека и двете страни на мозокот функционираат одлично Smiling
    Мене зборот ми беше за оние кои у зависност од околностите еднаш се декларираат ко деснучари, другпат ко левучари. Де едната половина им функционира, де другата. Збунуваат Smiling
    Левучар, а? Хм...ете од каде ти била креативноста Eye-wink
    (oksimoron 15 Октомври, 2006 - 20:46 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • лев сум .... викаше Хула ....
    на десната страна од реката ... ако глеаш север југ ...
    у ствари тоа му доаѓа лево .... ако глеаш југ север ...
    лево десно шо е битно од кај глеаш .... важно ја сум Хопа ....
    на Хула братче ....
    и ја сум левак ....
    (ХулаХопа 15 Октомври, 2006 - 21:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вклучи_се, колега левучар,
    Ти покрај поет си и компјутерџија а и свиреше нешто така ?
    Дали можеби и црташ или имаш смисол за дизјан?
    (E-Lady 15 Октомври, 2006 - 21:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Хула сака да Хопа ....
    бои и креации ....
    да Орбитира .... околу Јупитер и Европа ....
    и да лапка рипчиња ....
    (ХулаХопа 15 Октомври, 2006 - 21:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • а околу Јо и Ганимед ? Eye-wink
    (E-Lady 15 Октомври, 2006 - 21:58 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment