Saturday, April 05, 2014

Гледна точка

Последниве неколку месеци во јавноста циркулира една перфидна шпекулација за воведување на некаков нов данок. Демек, данок на неженети и немажени. Нова таргетна група „дискриминирани“. Па, засегнатите од евентуалното воведување на ваков данок се загрижија наголемо. Час плачат час се смеат. Хистерија. Ем мило ергенството/моминството, ем мили парите. Угоре високо-удолу длабоко... Смирете се малце, еј! Не дозволувајте да ве манипулираат. Вас досега спротивниот пол не успеал да ве „изманипулира“ и одведе пред матичар, зарем тука ќе потклекнете?! Некој да ве користи за свои политички шпекулации?! А бе, ај! 
Многу погрешно се интерпретираат даночните реформи кај нас. Како и по обичај, во намерата за „прилагодување“ и „усогласување“ на нашите со европските регулативи, ние само препишуваме. Ова е нешто што функционира долги години во скоро сите европски држави и никој досега не го претставил на таков начин каков што ние панично успеваме да го перцепираме. Изгледа си имаме само наша, специфична гледна точка од која изгледа дека секогаш ние сме обесправени и угнетувани. Македонска гледна точка! 
Не станува збор за даночни покачувања туку за даночни олеснувања. Никој нема да го покачи данокот на луѓето кои не се во брак. Данокот им останува ист како и досега. Но, ќе се воведат даночни ослободувања на луѓето кои СЕ во брак. И дополнителни даночни ослободувања за секое проширување на семејството со нов член. При пресметката на платата на вработените, постои одредена сума која е ослободена од персоналниот данок на приход. На неа не се пресметуваат никакви  „давачки“. Тоа е фиксна сума. Е сега, кај неженетите и немажените таа фиксна сума останува иста како и досега. Но, со стапување во брак, добивање на деца - посочената сума расте! На пример, со плата од 25 000 денари, ако ослободени од пресметка на данок се 5000 денари, кај луѓето кои стапуваат во брак таа сума ќе се покачи на 7000 денари, по добивање на прво дете на 9000, по второ дете на 10000 денари. Пари од личната плата на кои не се пресметува данок. Со самото тоа се добива повисока нето плата. Бруто платата останува иста. 
Затоа, драги мои ергени и моми, немојте да се грижите. Вас овие даночни реформи не ви менуваат ама баш ништо. Им менуваат на оние другите, оние кои ќе „рипнат во тавче“. Еден вид субвенции, т.е. стимулации. Ко оние плус 2 ден. за кг грозје, 50 ден. за кг тутун, 3 ден. за литар млеко..... со исплатата на субвенции за производителите не се обесправуваат другите граѓани во државата. 


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 8 Јануари, 2009 - 21:15

Коментари:
  • Браво Оксиморон, одлично го протолкува законот и намерата на владата да ги мотивира младите и преку даночни олеснувања да стапуваат во брак и да „работат“ на зголемување на популацијата. Во земјите од Унијата, такви даночни олеснувања постајат од поодамна. Знам за Финска, таквиот закон важи и за станарините и купувањето стан, бидејќи државата се соочува со старо население.
    (partik1 8 Јануари, 2009 - 21:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Тоа одамна го има во западно европските земји.
    Знам за Германија, пред речиси 20 години.
    Само ние сме чудо од народ, од една страна сакаме ЕУ, од друга страна кога ги пренесуваме правилата на игра на ЕУ, тогаш критикуваме. Дали е основано или не, не е битно, битно е да се напаѓа. Имало зошто немало. Па сакаме ЕУ, тоа е ЕУ. Тоа се нејзините правила на игра.
    И најжално е што тие што протестираат и дигаат галама тоа го знаат. А го прават само за потребите на дневната политика.
    (Маат 8 Јануари, 2009 - 22:09 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Браво Окси! Хе, хе... Бидејќи се дружам во друштво во кое повеќето сме од наводната таргетирана и за даночно клање подготвена маса, се изнаслушав глупости од типот ,,ајде жени/мажи се, оти државата ќе те оданочува драстично!,,. Ми е смешно, ама и трагично. Бидејќи секојден се повеќе докази околу нас, за општата полуписменост и неинформираност. Особено оние кои се ,,информираат,, од дневни весници, а го читаат само насловот од прилозите, без да се навратат на содржината на текстот. Така и со оданочувањето на немажените и неженетите... И ај после пишувај. Уште да има некој да чита. Ама, таа е... (marjantod 8 Јануари, 2009 - 23:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ако не се лажам за 2009 година личното ослободување е фиксно 7000 денари. Не знам од каде овие податоци за кој зборуваш. Не ги видов ниту во еден закон ниту пак во пресметката на бруто нето плата на сајтот целаплата калкулаторот те прашува женет неженет или деца итн.
    Во многу земји личното ослободување зависи од бројот на членови кој ги издржаваш и затоа е нелогично што кај нас оваа сумае фиксна. До сега беше околу 3200 а сега е 7000.
    поздрав
    (Андреј2008 9 Јануари, 2009 - 01:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Додека не се појави на дневен ред во собрание како предлог закон, ние може само да погодуваме што е и како е. Освен ако авторот на овај текст нема увид во предлог законот.(St Patrik 9 Јануари, 2009 - 01:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • се` е до гледната точка...
    ако гледаш се` у една точка, точката нема да се засрами и прва да трепне... Eye-wink
    ако гледаш у сијалица подолго време, извесно време потоа ќе гледаш само црна точка- проверено... Sticking out tongue
    сакам да кажам: кој по што е, тоа и ќе си гледа... Laughing out loud
    а сијалици, а жени и двете имаат крушковидна форма... Sticking out tongue
    па некој конечно и поради тоа да се жени, не значи дека гледната точка му е лоша, туку дека долго гледал во сијалица, а никако да кивне... Sticking out tongue
    епа наздравје, и нека не` има што повеќе... Smiling
    за пари колај работа... Smiling
    поздрав... Smiling
    (prezviterkozma 9 Јануари, 2009 - 01:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Партик,
    до овие сознанија дојдов преку разговори со наши луѓе кои живеат и работат во разни држави од ЕУ. Шеговито наречениот „данок за неженети“, всушност е колатерала на даночните олеснувања за семејните луѓе. Smiling
    Поздрав
    Маат,
    нашиве „законодавци“ не измислуваат топла вода. Само преземаат законски нормативи од земји каде се покажале како функционални, ги преведуваат и усогласуваат со нашите. Чудото е во индивидуалното толкување на истите од „наша“ гледна точка Eye-wink
    Марјан,
    и тебе те подбраа бабите и тетките, а? Smiling))))
    У време на светска криза, рецесија.... патриотизам се изразува со плаќање на полниот износ на данок, ами како! А не... се испожениле, испомажиле, изнараѓале еден куп деца - се со намера да ја оштетат државата, бре! Даночни затајувачи! Паразити! Smiling)))) (мала шега на сопствена сметка, де)
    Иначе, полуинформирани а целосно дезинформирани стануваат луѓето кога се определуваат само за еден извор на информации. Секогаш треба да се бара повеќе, поразновидно, па и спротивставено мислење. И на крај да се донесе личниот заклучок.
    Немој да престанеш да пишуваш. Понуди ја својата гледна точка. Па кој како сака Eye-wink Smiling
    Андреј,
    примерот кој го користам во постот за објаснување на принципот за даночни олеснувања по даден критериум е произволен. Од типот „ако Петре има 10 јаболка...“ Не е важно кој Петре, туку равенката Smiling Кај нас во мк сеуште не е воведен овој принцип, но се почесто се шпекулира за негово воведување. А личното ослободување во моментов е 7000 денари.
    Се согласувам со тебе дека е потребно скалесто покачување на „слободната“ сума според членовите во семејството (како што е и во повеќето европски држави) ама гледаш ли како се бунат ова ергените и момите?! Smiling))
    Поздрав
    St.Patrik,
    точно така. Smiling
    Презвитеркозма,
    се‘ е до гледната точка.... Smiling
    А секој сам, според сопствениот резон треба да си ја определи својата.
    Точкести дилеми во шрафти Smiling
    за арно, за убаво... поздрав
    (oksimoron 9 Јануари, 2009 - 18:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • За тебе и твоите читатели и пријатели - Покана за изложба! На денот на големиот празник Водици, утревечер во Градската галерија при Домот на културата во Кавадарци, во 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба Графики на кавадаречкиот ликовен уметник Владимир Темков. За творештвото на уметникот ќе зборува проф.д-р Кирил Темков, а со посебен осврт изложбата ќе ја отвори Директорот на Национална галерија на Македонија Маја Крстевска. Убав настан за убава празнична вечер во Кавадарци. (marjantod 18 Јануари, 2009 - 20:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Благодарам за поканите на вакви настани Марјан, се гледаме вечерва на изложбата на Шефето Eye-wink Smiling
    (oksimoron 19 Јануари, 2009 - 18:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Меѓутоа, за да нема дискриминирани, државата мора да ги признае и хомосексуалните бракови, бидејќи тие луѓе би стапиле во брак и би си ги користеле даночните олеснувања, кои вака ги немаат. На тој начин никој нема да биде дискриминиран! (RW 25 Април, 2009 - 10:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • RW,
    се согласувам и јас со тоа Smiling
    (oksimoron 26 Април, 2009 - 14:16 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment