Friday, April 04, 2014

Еделвајс


Постојат разни видови цвеќе. Некои жиеват во поле, галени од ветрот на слободата. Други имаат своја градина, негувана и заштитена. Има и такви кои се во саксии. Го красат домот, најчесто прозорецот. Понекогаш цветовите ги чуваат и под стакло. Потоа тешко се прилагодуваат на околината. Ги ставаат во целофан. Им лепат машнички. Ги прскаат со вода. Ги има во сите форми и бои. Секој цвет е убав на посебен начин. Се штитат себе си со лисјето. Некои имаат и трње. Шират чудесен, примамлив мирис. Убавина за очите. Убавина на душата.
Има еден цвет кој по многу нешта се разликува од останатите. Живее во предели тешкодостапни за човекот. На надморска височина од 4 000 метри. Малкумина имаат можност да ја видат оваа убавина во нејзиното природно опкружување. Цути гордо во својата осаменост. И недостапност. Трофеј на најдобрите планинари. Цвет кој никогаш не овенува. Вечен копнеж. Фасцинира со својата едноставност и скромност. Има форма на ѕвезда. Ѕвезда на врвот од планината, падната од бескрајното небо на љубовта. Не секоја планина може да се пофали со него. Со Еделвајсот.
Планинарам низ таинствените предели на душевните немири. Таму, среде возвишените копнежи, далеку од изговореното, под карпите на помисленото .... сокриени се одговорите. Таму вечноста го шири својот мирис. Расцутени насмевки во сенката на погледите. Растреперени се дланките. Таму некаде е мојот цвет...

Трагам по мојот Еделвајс.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 6 Март, 2007 - 16:17

Коментари:
  • Џабе ќе трагаш тука... Нема планина повисока од 3000 метри :) (јаснесумјас 6 Март, 2007 - 17:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Планинарам
    низ таинствените предел
    на душевните немири.
    Таму,
    среде возвишените копнежи,
    далеку од изговореното,
    под карпите на помисленото ....
    сокриени се одговорите.
    Таму
    вечноста го шири својот мирис.
    Расцутени насмевки
    во сенката на погледите.
    Растреперени се дланките.
    Трагам по мојот Еделвајс.
    Ова е веќе поезија и не личи на цврстата ОКСИ ... Smiling
    Фали само една од твоите илуминаторни фотки ... Smiling
    Поздрав.
    (волан 6 Март, 2007 - 17:32 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • мммммм Smiling ме потсети на Балканот не е мртов или Магија Еделвајс.Ретко кој го знае со вториот наслов. Ти верувам не си во тие Smiling
    Leontopodium alpinium, од фамилијата Compositae. Потекнува одСибир, но по леденото доба го има само на Алпите. Многу е редок.
    (seelenluft 6 Март, 2007 - 18:00 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • јаснесумјас,
    кој рече дека тука ќе трагам?! Sticking out tongue
    Еделвајсот ко метафора за духовни вредности Eye-wink
    -----------------------------
    волан,
    искрено, прво така го постирав (ко песна), ама после го променив Smiling
    Инаку.... кревка цврстина имам - најсилна сум кога се чувствувам најслабо Eye-wink
    -----------------------------
    seelenluft,
    во Швајцарија е национален симбол, цвеќе заштитено со закон Smiling
    Магичен цвет е. Единствен цвет кој никогаш не вене Eye-wink
    (oksimoron 6 Март, 2007 - 18:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси, кај рече дека може да се најде твојата книга? Smiling
    (dr. Max 6 Март, 2007 - 18:56 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Има едни цветови еделвајс кои виреат на многу мала надморска висина. Тие од промената на средината го губат својот лик, но не и идентитет.
    Проблемот е, како да се препознаат и дали сакаат да бидат препознаени Eye-wink
    (RIBARO 6 Март, 2007 - 19:13 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • др. Макс,
    сега за сега, само во Кавадарци Smiling
    но, има опции за пласман и на други места Eye-wink
    --------------------------------------
    Рибару,
    еделвајсите цутат во душата на благородните личности. Без оглед на ликот и формата - вистинскиот трагач умее да ги препознае. Не е доволно само сетилото за вид притоа.....се вклучуваат сите сетила. Eye-wink
    (oksimoron 6 Март, 2007 - 19:29 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • многу популарна бугарска стара градска песна. Еделвайс - Там далеч, във планината в царството на вечния сняг, еделвайс цъфти усамотен (2) сред дивния вълшебен мир (2) Пътник нивга не минава, пред теб любим и нежен цвят Еделвайс, защо цъфтиш кажи (2) на никого ненужен ти (2) (bugarash 6 Март, 2007 - 20:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • можеби си ја чула, во тиквешијата е популарна, сум ја слушал во изведба на ТРИО ГРАНДЕ (bugarash 6 Март, 2007 - 20:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Има го (все още) в Балкана на височина над 1900 м. Има го и в Рила, Пирин и в Родопите. Аз лично съм брал това цвете под връх "Козята стена" в Балкана. За съжаление циганите в Троянско го берат в индустриални количества и с .... индустриални методи Sad:(Sad:(Sad
    (банскo 6 Март, 2007 - 20:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • bugarash,
    сум ја слушнала песната. Убава е Smiling
    (глеаш како знаеш македонски, бре!) Eye-wink
    -----------------------------
    банско,
    знам дека го има и на помали надморски височини, но тогаш е помал и понеоформен. Својата најубава форма ја добива кога расне на повисоко.
    Имам дома неколку цвета Еделвајс, со потекло баш од планини во Бугарија Smiling Ги чувам пресувани помеѓу страниците на една тешка, дебела книга Eye-wink
    (oksimoron 6 Март, 2007 - 22:49 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Убаво е да се трага... и потребно..постојано трагам и јас, наоѓам и не наоѓам, постојано го барам мојот еделвајс, за внатре да ми биде таман. Smiling Но тој понекогаш се менува.... бега... не знам. Sad
    Поздрав Окси!Smiling
    Екселнт! Eye-wink
    (Natka 7 Март, 2007 - 08:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • магија еделвајс
    http://pincherbarnet.blog.com.mk/node/527530
    (Pincher Barnet 7 Март, 2007 - 08:51 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Въобще нема нема такова нещо - на 4000 метра НИЩО не вирее, максималната височина на която се среща това цвете е до 3000 метра. Освен това не говорим за никакви други видове а САМО за "Leontopodium alpinum":
    http://en.wikipedia.org/wiki/Edelweiss
    (банскo 7 Март, 2007 - 09:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Натка,
    трагај мила, не се откажувај Smiling
    Пронајди го еделвајсот во себе, на врвовите од својот немир Eye-wink
    ------------------------------
    Пинчер,
    убав пост за убав цвет Smiling
    ------------------------------
    банско,
    На линкот од кој ја зедов сликата пишува дека е сликано на 4500 метри надморска височина Smiling
    (oksimoron 7 Март, 2007 - 09:16 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Да, така пише, а освен това става въпрос за Памир! И все пак дори и специализираните сайтове за ботаника твърдят, че цветето произхожда от ЕВРОПА и не вирее над 3000 м...
    http://www.aujardin.info/plantes/leontopodium-alpinum.php
    (банскo 7 Март, 2007 - 09:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Всъщност предполага се, че е дошло от Сибир в предледниковота епоха, но определено прави впечатление, че видът НЕМА подвидове, т.е. един и същ вид без разновидности се среща по високите планини на Средна Европа и Балкана.
    (банскo 7 Март, 2007 - 09:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Без никакви натамошни продлабочувања и алузии,.. молам..
    Има една убава бугарска песна, се вика Еделвајс,.. сум ја слушала по кафани, во Бугарија, миослам дека е доста стара..
    Таму далеку во планината
    Царството на вечниот снег
    Еделвајс за што тажиш кажи
    На никого ненужен ти..
    (е-lady 7 Март, 2007 - 09:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • http://pesen.hit.bg/texts/sg_edelways.html
    ама не я знам как звучи, дано не е много тъжно щото от текста на човек му се доплаква, направо се просълзих......
    (банскo 7 Март, 2007 - 10:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Банско,
    Ти благодарам.
    Многу ја сакам и мелодијата е посебна.
    (е-lady 7 Март, 2007 - 10:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Твојот ЕДЕЛВАЈС е во тебе. Не трагај...само затвори ги очите и ке го видиш. А ти тоа умееш да го направиш. И...да,се надевам дека твојот еделвајс никогаш нема да овене.(POPEK 8 Март, 2007 - 14:43 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Bansko i Lady,
    инспиративен цвет е еделвајсот. Песната ја знам и ми се допаѓа.
    -------------------
    Попек,
    планинарењето низ немирите во нас триумфира со пронаоѓањето на еделвајсот.
    Фала за убавите зборови Smiling
    (oksimoron 9 Март, 2007 - 11:14 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Барај... пробај некаде и под камењата... Сигурно ќе го најдеш некаде... Eye-wink
    (Ki 11 Март, 2007 - 17:53 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment