Friday, April 04, 2014

Прашалници и извичници


Дечкото кој го знаеме како талентиран кошаркар , од неодамна натурализиран Кавадарчанец, Шанкурето - ме изненади со неколку навистина добри прашања. Знајќи дека постојано се зафркава, не очекував од него вакво нешто. Прашањава се комплексни и јас ќе се обидам да одговорам. (леле, ко на испит сум!) . Сеа, не гарантирам дека одговорите ќе бидат оние, вистинските, ама...бар се обидувам, де На мој начин и од моја гледна точка
Значи, да почнеме....по ред...
1. Koја е целната група на Политичарите?
Целна група на политичарите се сите полнолетни граѓани (т.е. сите кои имаат право на глас). Понекогаш се злоупотребуваат и децата, колку да се влијае на мислењето на нивните родители. Ама ова со закон е забрането, затоа треба внимателно
2. Од кого се плашат истите,со кого имаат проблем?(со новинари,блогери,луѓе кој се на квалитетни функции-фирми и сл.)?
Плашење....хм....иако не изгледа така, ги плашат изборите. Поточно резултатите на истите. Се плашат од секој кој е повешт оратор(читај лажго) од нив. Имаат страв и од дејностите на партиите опоненти, ама почесто(и поизразито) се плашат од сопствените сопартијци - оние кои им ја загрозуваат позицијата со сопственото напредување ( овој страв го лекуваат со посебни, подли методи). Се плашат од јавното мислење, т.е. обликувачите (медиумите) негови, ама за овој страв имаат лек. Пари. Одат у шопинг на новинари Имаат и потаен страв, од оние кои им „позајмуваат“ пари повремено. Ги плаши начинот на кој треба да враќаат. А уште повеќе начинот на кој ќе им наплатат присилно, ако не успеат да се изфитат навремено. Како се наближуваат кон врвот, така им се свртува во памет па стануваат параноични, се плашат и од сопствената сенка. Па, како израз на фрустрација од паранојата - предизвикуваат страв кај другите од нив.
3. Кој се нивните механизми за создавање на власт и добивање на власт?
Е сеа, за механизмите....а бе, многу штрафови има тука....незнам дали ке умеам концизно да одговорам...Тоа ти е како часовник - има безброј делчиња кои треба да се вклопат едно со друго на начин кој ќе функционира, т.е. ќе ги движи стрелките . Ама, треба права вештина за да биде тоа движење прецизно, да не оди напред ниту да заостанува. :) Обично, прво ги решаваат сопствените стравови (читај погоре), па потоа добиваат кративна фаза во која творат популистички методи. Градат широка база, а на неа висока пирамида. Па делуваат и у хоризонтала и у вертикала. Додека не се исплете мрежата. Лов на пеперуги, де .... на Гоцевото поле
4. Зошто не се Транспарентни и зошто зборуваат Демагогија и Ветар во Магла?
Е, тука ме погоди у нерв. Поточно, ме нанервира Транспарент ти е душо, алатка за протест. Знаеш, големо парче хартија на која испишуваш навредлива порака и му шеташ на човек под прозор (на кабинетот,де) викајќи и пцуејќи. Па, им предизвикува стрес тој збор на политичарите, сироти! Немој вака. Како после да не користат Демагогија за смирување и Ветар у Магла за релаксација?! Плус, тука има голема улога и субјективизмот - секој на различен начин ги доживува нештата и си креира сопствена слика за истите. Многу луѓе, многу настани....многу слики. Мултиплекс комплекс !
5. Зошто е општествово труло,и на кого му одговара оваа целокупна Лакрдија?
А бе, не верувам дека некому одговара, никој не ја прашува неа. Лакрдијата. А трулоста е од времето. Она неискористеното. Она, изгубеното во неврат. Кога нешто не се користи - му минува рокот на траење. Одмна ние општествово го држиме на полица, без да го распакуваме и употребиме за намената. Го чуваме за ненадејни гости, де. А тоа е застојано. Ни треба отфрлање на застареното општество и одбирање ново. Некое кое ќе го употребиме за намената. Да ни држи ситост и да ни даде енергија
6. Имам многу прашалници,и барам одговори затоа што заслужувам да ги знам!
Сосема си во право Шани. Заслужуваш да ги знаеш одговорите на прашањава. Сите ние заслужуваме. Доста одговараа политичарите на Европските прашалници, треба да почнат да одговараат на нашите. Таму можат да изнапишат што сакаат, да се прават некои други, ама овде....нема бегање. Не можат да бидат други. Ги знаеме. И чекаме одговори



п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 5 Јануари, 2007 - 20:13

Коментари:
  • Вака,целна група е 80% од целокупното население,или сивата маса на народот,на другиот процент им фака главата и не можеш да ги купиш со еден глас,(така е секаде во светот) значи племето го купуваш и тоа е неговата Целна Група.Се плашат од паметните,кој имаат мадиња,а притоа имаат и чиста мисла,а најмногу се плашат од паментните со пари.Нивните механизми се филтрираат преку нивните ПОЛТРОНЧИЊА-ПИУНЧИЊА,луѓе СМРАД-Гад,кој не прашуваат како и преку што да се газе,пиунчињата подмитуваа,полутки,ветувања работни места,пари,земјиште итн,а Глупаците веруваа и наседнуват не ефтиниот ПОПУЛИЗАМ!Не се Транспарентни затоа што им е Газот валкан,подмитен,дебел и Корумпиран,не постои демократија..или да постои, ама само колку да ги лазат Глупаците или тие 80%.Општеството е труло поради секако Глупаците,да ги држат во незнаење од било каква информација,став,или недај боже да почнат да мислат со своја глава.Значи ова е мој најкраток осврт зошто кај нас политичарите мислат на својата Идеологија а не на тоа што е битно,а тоа е Генетиката.И + затоа да не се чудите што има грди по изглед со сјеБана генетика,итн.Ај доста е. (Шанкуре Блог 5 Јануари, 2007 - 21:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • А бе, Шанкуре ... гледаш дека ги знаеш одговорите. Smiling
    Право у центар Eye-wink
    (oksimoron 5 Јануари, 2007 - 21:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ај аирлиа дизајн. Убава промена, освежуе. Целна група сме сите ние МОРОНИ, кои си ги триевме газовите по улици додека тие товареа. Ма...шо ги вртам...серковци умираат као серковци, можда само у поскуп костум и...со музика...евентуално. (POPEK 5 Јануари, 2007 - 23:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Фала Попек, мило ми е што ти се допаѓа дизајнов Smiling
    Инаку, за карактеристиките на политичарите - генерализираме,де . Секоја чест на исклучоците (ги има и такви) Eye-wink
    Поздрав
    (oksimoron 6 Јануари, 2007 - 15:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Леле колку не сакам политика...Политичарите(некогаш биле луѓе-се надевам), се отчовечиле и си нашле своја целна група која од милост си ја викаат-народна маса(со 4 столици),јавност, и обични луѓе(чувај не Господе знаат што прават).Со тек на време се плашат од себеси, од своите огромни желби,од гневот и презирот во очите на народот кој го „онадат“.А СЕ СЕ ВРАЌА И СЕ СЕ ПЛАЌА.Транспарентни се како не, ги има на секој канал,„јадат ли јадат“,само дали можеш да ги слушаш, и скраја да е да им поверуваш.Изгледа сите одат на часови по глума ама време е да го сменат учителот,не го бива.Имам и јас многу прашања само нема кој да ми ги одговори.Поздрав. (lucija 6 Јануари, 2007 - 15:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Убава тема за дискусија!Smiling
    Јас имам чувство дека политичарите секогаш се обраќаат само до оние 30-40% (колку што се сеќавам толку беа, не ме фаќајте за збор) политички неопределени полнолетни граѓани во земјата. За нив највеќе се борат! Eye-wink
    Еднаш некој ми рече ако имаш повеќе трошоци, ти треба и повеќе плата да земаш, да заработуваш. Во право е. Smiling
    Имајте убава Боќична вечер! Smiling
    (Natka 7 Јануари, 2007 - 15:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Луција,
    Во право си душо, се се враќа се се плаќа. Ама, кај некои повеќе кај некои помалку, а некои плаќаат и за другите Smiling
    А, глумата кај политичарите не е прашање на талент, туку начин на опстанување Eye-wink
    --------------------------------------
    Натка,
    Тие 30-40% неопределени предизвикуваат загриженост, ама борбата сепак, е за сите Smiling
    А за платата и трошоците...хм....има еден виц, оди вака :
    Разговараат Американец, Европјанин(сеедно од која европска држава,де) и Македонец за приходите и расходите кај себе.
    Американецот вели: „Земам 10 000 долари, 2000 давам за стан, 1000 за храна, 3000 отплаќам кредит за автомобил, 1000 трошам на гардероба и...3000 појма неам кај ми одат!“
    Европјанинот: „Јас земам 8000 евра, 1000 давам за кирија за станот, 1000 трошам на јадење, 2000 на гардероба, 2000 за патувања и...2000 појма неам кај ми одат“
    А Македонецот: „ А бе, мојата плата е 200 евра, живеам кај моите, 100 евра давам за струја и телефон, 150 за храна, 150 за гардероба, 300 евра за одмор,100 за школување на децата и...појма неам од кај ми идат тие 600 евра!“
    Smiling
    Поздрав, среќни празници и тебе Smiling
    (oksimoron 8 Јануари, 2007 - 10:56 | логирај се за да пишуваш коментари)



  • No comments:

    Post a Comment