Saturday, April 05, 2014

Прекинувачот


Да се биде свесен, буден за се што се случува околу тебе е вештина. Да се забележат сите промени, дури и најситните (интонација, поглед, гримаса, гестикулација) е извежбаност на сетилата. Тренинг на перцептивноста. Изострување на аналитичноста. Преку обработка на сите добиени податоци од сетилата се креира мислата. Рационалните заклучоци се базирани на логичките закони. Нивното поврзување создава мрежа за проток на спознанието. Систем кој функционира на чудесен начин.
Тесла тоа би го кажал отприлика вака:
По генерирањето на восприеменото, свеста создава насочен проток од мисли кои со својата раздвиженост создаваат енергија и емитираат светлина. Идеја. Демек, му текна. Или народски кажано – му светна!
Кај секоја личност посебно, самосвеста е прекинувачот преку кој се регулира протокот на енергијата. Така се овозможува процесов да има креативен ефект и да се избегне неговата злоупотреба.
Е сега, општествениот напредок бара поврзување на сите поединечни генератори на енергија во еден заеднички систем. Заради емитирање на посилна светлина. Со самото тоа прекинувачот добива поинакво значење. Треба да се одбере дали ќе се приклучиш во системот и ќе го напојуваш со сопствената енергија (делувајќи на моменти дури и како обична батерија), или ќе останеш изолиран, задоволен со сопствената светлина која е доволна за твојот личен систем. Колективна свест или несвест. За сметка на самосвеста. Изборот не е нималку едноставен. А не е ниту комплициран. Додека се држи прекинувачот во сопствените раце.

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 23 Септември, 2007 - 14:10
Коментари:
  • Јас би кажал само, изборот е едноставен, а точно не е комплициран, но се додека прекинувачот се држи цврсто во своите раце.
    Мораш да се исклучиш од системот, затоа што тогаш стануваш најрасуден и најкреативен. А потоа повторно мораш да се приклучиш на системот, да би ја дал/пренел таа апсорбирана енергија/идеја. Понекогаш се приклучуваш на системот и за обратна употреба, да исцрпиш енергија/идеја. Нечини ако самоволно се исклучиш потполно од системот, зашто кога и да е енергијата ќе ја потрошиш, па опстанокот ти е под знак прашање. А уште понечини, ако системот те отфрли, тогаш си клинички мртов, или филмски кажано зомби.
    Е сега има и такви кои постојано мораат да бидат вклучени во системот, едни го надополнуваат со енергија, од време на време, а други само црпат енергија. Овие "црпачи" се најштетни, некогаш ако повлечат многу енергија, може и да го блокираат системот, а со самото тоа и сите што се закачени за него.
    Јас ја претпочитам првата варијанта, со цврсто стегнат прекинувач во моите раце, со кратки или подолги исклучувања од системот, но секогаш враќање во него, без разлика дали да додадам енергија или да одземам, макар и во мали количини.
    Мојот избор е едноставен Smiling
    Поздрав, добро размислување, што тера на размислување.
    (М.И. 23 Септември, 2007 - 15:35 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • М.И.,
    одлично надополнување на постот правиш Smiling
    Е сеа, у целава ситуација неопходни се и адаптери за повременото приклучување. Да ги ставиме во таа улога медиумите Eye-wink Во модерново време, очигледно тие го регулираат напонот на струите во системот Smiling
    (oksimoron 23 Септември, 2007 - 16:17 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Многу добро објаснување, системов е стварно супер сеа зимам сијалица у рака ако свети те частам шо сакаш. (Marccelo 23 Септември, 2007 - 17:23 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Сијалицата треба да ти свети во главата Marccelo
    (светло 23 Септември, 2007 - 18:25 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Marccelo,
    си доби одговор од самото светло Smiling
    Части се себе си кога ќе ти „светне“ сијаличката во главата Eye-wink
    (oksimoron 24 Септември, 2007 - 07:02 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вероника, алијас Окси одлично си разбирлива.
    Оф топик ти должам извинување, ако нешто ти значи моето извинување.
    И ТОА ГОЛЕМО ГОЛЕМО ОГРОМНО И З В И Н У В А Њ Е.
    Во мојот пост во кој има линк до твојот блог и коментар за според мене одредени промашени иницијативи на блогосферата немав намера воопшто да те посочам како блогер со неосмислен живот иако искрено според она што го напишав така изгледа. Нели? Затоа и се извинувам.
    Далеку од тоа дека можам да оквалификувам за промашен и неосмислен, живот на жена, која патем е и мајка да две возрасни и прекрасни деца.
    Се извинувам уште еднаш за мојата непланирана претенциозност.
    Многупати моите читатели грешат и во текстовите се пронаоѓаат себеси, а не треба да биде така. Мојот збор никојпат нема намера да навреди некого иако може да биде незгоден.
    Немам ништо против тебе ниту пак блогот на комуникации кои исто така е спомнат. Напротив и давата блогови ми се едни од најфејворит блогови кои редовно ги следам.
    Остани ми со здравје и се читаме.
    прелинкај се на
    www.mecetousko.wordpress.com
    (Мечето Ушко 26 Септември, 2007 - 08:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • „...Многупати моите читатели грешат и во текстовите се пронаоѓаат себеси...“
    Посебно кога се директно посочени со линк Smiling
    Во ред е, го прифаќам извинувањето Eye-wink
    п.с. честито новиот блог на wordpress, ќе те читам и таму Smiling
    (oksimoron 27 Септември, 2007 - 07:33 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Окси пријателке, да адаптерите ги заборавивме. Smiling
    Медиумите и те како влијаат и регулираат напон. Медиумот..., ај другпат на оваа тема, вреди за еден пост. Верувам дека тоа ќе го направиш ти, мене некако полесно ми е само да
    коментирам Smiling.
    Но што и да додадеме, адаптери, спојки, разводници, отпорници..., пак прекинувачот останува главна алатка стегната во нашата рака, нормално да не заборавиме само дека од време на време треба и да го употребиме Smiling
    Поздрав
    п.с. прочитав за една твоја иницијатива/мислење, светска блогерска средба, добро од твоја страна, ама би рекол и си ја зеде бељата на глава, исто како јас што отворив блог Smiling
    (М.И. 27 Септември, 2007 - 08:04 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • М.И.,
    често поради несоодветна употреба, лоши адаптери или различен принцип на функционирање, избиваат искри и постои опасност од оштетување па дури и прегорување Eye-wink Тоа е ризикот на постојаната вклученост, без да се употребува прекинувачот Smiling
    За п.с.-то... од самиот почеток, кога отворив блог, бев сосем свесна за тоа дека може да се соочам со критики и вербални напади. Не можеме сите исто да размислуваме, а и не би било ни интересно така Eye-wink Плус, ги сакам бељите, де Sticking out tongue Laughing out loud
    (oksimoron 27 Септември, 2007 - 18:34 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment