Saturday, April 05, 2014

Доживотна демократија


Вчера се одржа основачкото собрание на една нова партија. Незадоволни од начинот на кој актуелното раководство практикува политика, си заминаа од СДСМ и решија најпосле т.е. После Се, да станат Демократи.  Честитки за нив.  По долго годишниот допринос во пишувањето на историјата на СДСМ, се допишаа како П.С. Демократи.  Се надевам дека ќе им тргне како песна, со оглед на музичките афинитети на претседателот кој го избраа. Плус, ќе немаат проблем ни со внатрешни потреси, кои се неодминливи во секоја партија.  Со претседател сеизмолог, ги направија сите можни испитувања за таквите појави и воведоа превентивни заштитни мерки во својот статут – одобрување за фракционерско делување. Значи, ја отворија вратата и за други незадоволници од плурлистичкото ни општество.  Така се гради демократија. Со редефинирање на постоечките вредности. Внатрепартиски плурализам. Сега, кога ќе им дојдат и Ецко и Бучко, ќе можат да снимаат реклама – три во едно! За инает на СДСМ, кој запнале едно па едно.

Ете, у тој фазон за „единствени“ и „незаменливи“ вредности СДСМ бара воведување на нови правила. Да се бира еднаш за секогаш. Доживотни мандати.  Се гледа дека се Титови пионери. Бараат Титови мандати за јавните обвинители. Ако не се прифателе таквите измени во законот за јавни обвинители, тие немало да гласаат за истиот. Демек, ако не се доживотни, тогаш не се комуњарски обвинители и како такви  не чинат. Има некоја логика, според нивните методи за дедукција. Ете, ако немаат доживотен мандат, ако се постојано под притисок дека можат да бидат сменети, јавните обвинители нема да бидат ефикасни затоа што ќе се грижат за задржување на сопствената функција наместо за спроведување на должностите кои таа функција ја прават фунционална, со што би станале дисфункционални.  Јас би одела и понатаму во развивањето на нивната теза. Зошто да се задржиме само на јавните обвинители? Па, истите маки во однос на својата функција и нејзината функционалност ги имаат сите државни функционери. Дајте, ако тоа е проблемот – да го решиме еднаш за секогаш! Да водедеме доживотни мандати за сите. За претседателот на државата, за премиерот, за министрите, за пратениците, за директорите на јавните претпријатија (со соодветна препорака за приватните, де), за градоначалниците....  Брееј, ова може да има и силен економски ефект кој би се одразил на квалитетот на живеење на граѓаните во државава. Колку само ќе се заштеди од избегнувањето на трошоците за организирање и спроведување на избори. Ќе се наполнат државните резерви (со кои располагаат државните функционери) и ќе си бидеме богата држава. Плус, ќе си имаме релаксирани и сконцентрирани функционери кои ќе можат да ни ја „работат“ државата на раат. Доживотно. Со тоа и граѓаните ќе си го добијат својот дел од доживотноста – ќе биде тоа доживотна казна за сите.  
Демократските вредности на едно општество се во можноста за избор. Ама, очигледно тие вредности се премали за нашето демократско салдо. Високи се каматите на реизборите.... 

п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 22 Октомври, 2007 - 17:24

Коментари:
  • Ова всушност е враќање на долгот кој СДСМ мора да му го плати на лихварот, а лихварот е историјата.
    Започнат е процесот на слабеење и разградување на СДСМ онаква каква што ја знаеме, поточно на квази-левата политичка опција кои тие цело ова време ја претставуваа и не и даваа можност на нормалната-лева политичка опција да се вкорени. Тие сеуште не се СВЕСНИ колку им се ослабени позициите во државава, позициите во однос на нивната реална политичка моќ. Колку само малку труд му беше потребен на Груевски тоа да го направи, само неколку мали ИСПРАВНИ чекори во текот на оваа година владеење, а со тие МАЛИ чекори Груевски ги покри сопствените грешки.
    П.С. Ако воопшто нивното политичко делување може да се наречи лево во политички смисол, а за лево во смисол на однесување и владеење нормално дека беше! Smiling
    (Бунка 22 Октомври, 2007 - 17:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Бунка,
    ма,сосем свесни се тие за своите ослабени позиции, а тоа се огледува во нивните секојдневни очајнички обиди за дискредитација на сите активности на владата. Иначе, и јас сметам дека тие не се левичари во однос на политичката идеологија која ја промовираат, туку се сал онака леви Eye-wink Smiling
    Ревизору, ако немаш шо друго да кажеш - оди пцуј кај себе на блог.Eye-wink
    (oksimoron 22 Октомври, 2007 - 18:01 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • па пингвинот баш и не мисли дека се тие свесни колку се ослабени.. но, тоа ќе се види наскоро.. мое мислење е дека Груевски ќе ги торпедира останатите со нови избори веднаш по приемот на МКД во НАТО.. што во временска рамка би било негде догодина во август или септември..
    но, тоа можеби и не е така добар потег од причина што лично не би сакал апсолутна власт.. т.е. не би сакал да ги видам ВМРО сами на власт.. тие предвремено избори кои секако ќе ги добијат може многу да ги чинат..
    но, во политиката работите се менуваат и после една изјава.. така што..
    и те ен.. и те ен..
    ќе биде интересно
    (ХулаХопа 22 Октомври, 2007 - 18:59 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ХулаХопа,
    па, по приемот во НАТО би било добар момент за предвремени избори , ако воопшто се има намера за такво нешто. Eye-wink
    Но, сепак, (иако имам позитивно мислење за нив) неверувам дека, и покрај рејтингот, ВМРО-ДПМНЕ ќе направат толку голема разлика во освојувањето на гласовите од електоратот, за да бидат „сами“ на власт (покрај задолжителниот коалиционен партнер со албанска етничка припадност). Можеби СДСМ ќе доживее катастрофален пораз, со оглед на нивната дезориентираност и неспособноста која ја демонстрираа, ама сепак во Македонија има висок процент на лево ориентирани кои ќе си најдат фаворит за следните избори . Дали Тито или П.С. Демократите (иако декларирани како ориентирани кон центарот), дали ЛДП или пак некоја друга партија која би избила со заводлива предизборна програма... сепак ќе има разновидност, де Smiling Ние не би биле тоа што сме ако не направиме турли тава (национално јадење, нели?). Eye-wink
    Еднаш имавме пример (од 1994 до 1998) да имаме една партија „сама“ на власт, и единствената трајна вредност која ја создадоа беше лично за нив - приватизацијата. Не би сакале државата да ни се најде повторно во иста ситуација, без оглед кој е на власт. Иако, оваа влада и тогашната се неспоредливи, во корист на актуелнава.
    Ко шо рече, ќе биде интересно во секој случај. Smiling
    (oksimoron 22 Октомври, 2007 - 21:54 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • СДСМ доживува крах од проста причина што Државникот веќе не се замара со нив, а од младава постава нема некој кој ја повлекол партијата нагоре. Наместо тоа, истите зе разграбале како лакоми деца, кој на поубава фотеља да седне, ама како што тргнало, нивното пропаѓање е во почетна фаза. За новава партија ( ПСД ), да ги оставиме да видиме што ќе понудат. Се согласувам со констатациите дека СДСМ нема ни Л од левица, ама и споредба со новата партија ќе биде тешка ако се земе во предвид дека ПСД се декларираше дека ќе дејствува во центарот. (rus 28 Октомври, 2007 - 13:47 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment