Friday, April 04, 2014

Е влада или...не е?!

Колку далеку ни отиде проектот на владата. Дури до Гевгелија! Напредок е тоа. Чекор поблиску до Европската унија. До самата граница. Вака, чекор по чекор и ... Солун е наш!
Веројатно тоа сакаше да ни го демонстрира владата со својата седница во Гевгелија. Друга поента не гледам. Ако сакаа да ни покажат дека умеат да бидат мобилни – тоа одамна го знаеме. Дивидентата од телеком потврдува. А и трошоците на владата за службените мобилни телефони. Нема сомневање, ептен се мобилни. Ако сакаа да ни докажат дека не се неопходни зградата, канцелариите, обезбедувањето и ред процедури за да прават што сакаат – и тоа го знаеме. Веројатно само сакаа да им киднат на луѓето кои се почесто и помасовно протестираат пред владата на Р.М., т.е. нејзината службена локација. Ова најлогично ми звучи. Ќе си шета владата од град во град, па кој има нерви и можности нека ја следи за да протестира.
Проектот е-влада требаше да ја направи поблиска до народот. Им доделија службени лап-топи на министрите и интернет конекција за да бидат достапни во секое време за народот. Сеа секој може по електронски пат да комуницира со нив. Мислам...секој што има интернет....ако има, де! Паметни они – зар ќе дозволат секој да прави што сака без да плати за тоа?! Цената на таксените марки ја пресметуваат во цената на интернетот. И пенетрираат. Интернет пенетрација, велат. Не знам каква е, ама перверзна е. Го соголува народот.
Со нетрпение ја очекувам следната фаза од развивањето на проектот. Нема белки тука да застанат?! Сеа, вака технички опремени, ќе можат да си држат седници и без физичко присувство на истите. Лап-топот пред нив, безжична конекција и – можат да бидат било каде и да мирцаат меѓусебно за сите закони и подзакони, надзаконски! Некој дома, некој во Маврово, друг во кафеана, кој на гости у комшии, или во Охрид на свадба или ....ај да не бројам, вклучете имагинација ;) . Ептен ќе заштедат така. И на канцелариски материјали, и на мебел, и на патни трошкови, на дневници, на ручеци, на шминка и фризер, на гардероба, накит ..... ма, на се за што се трошат државните пари. Башка снимки, известувања, хонорари за новинари. Ионака, поимите економија, демократија, правна држава, пристојни плати и слични тракатанци ни се виртуелни. Бар и владата да не ја гледаме!!!
Е-влада си имаме, е-народ си немаме...

Објавено на http://oksimoron.blog.com.mk  на 3 Март, 2006 - 19:50

Коментари:
  • Да се отворат фабриките, народот да се врати! (Народ 3 Март, 2006 - 22:03 | логирај сеза да пишуваш коментари)

  • Ајде бе, а кој ти кажа тебе дека е-влада значи министри што се 24/7 на чет рум? И ако знаеш, ај кажи го ликот до румот. Smiling))))
    (бу-бу 4 Март, 2006 - 02:27 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • линкот не ликот де (бу-бу 4 Март, 2006 - 02:28 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ја мислам баш спротивно. Ако се поврзуваат преку телефон, за дваесетина такви седници, ќе го потрошат фондот предвиден за тоа. Плус, треба да се обврзат дека за време на седница нема да пуштаат Booble и слични страници на кој можат бесплтно да си го 'рчкаат. Ебем и матер лоповска... (Dictator 4 Март, 2006 - 13:53 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еееееее-влада стана ова нашево. Глеам хрвативе сметките преку сопствени читачи на платежни картици си ги плаќаат,чисто, фино, културно. Покојни Борис Т. се раскина од татлање иницијативата да заживее, ама откако бате Јани МА-КРАДЕ и ДУПИ ја фати у свои раце, онака стручно-докторски, професорски ја покака. Па луѓе бе да ни дадеа на нас блогериве до сега ке ја средевме :))) (POPEK 4 Март, 2006 - 14:05 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Трикер,а вака па мислиш не ги трошат сите предвидени и непредвидени фондови!
    Окако ни ја сјебаа реалноста, сеа сакаат да бидат е-влада. )))
    Попек, сосем коректно.
    (oksimoron 4 Март, 2006 - 14:07 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ова не била е-влада во права смила туку само повеќе види на долниот линк http://volanskopje.blogspot.com/2006/03/blog-post_114151055204157352.html (Моја Македонија 6 Март, 2006 - 23:49 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment