Friday, April 04, 2014

Клучеви


Често, во разно-разни конотации го слушаме зборот „клуч“. Симболички, метафорички, буквално, преносно, односно...
Клучно прашање (или клучен одговор)
Заклучена дебата
Отклучена врата
Склучен договор
Клуч од душата
Клуч за 21 век (изборен слоган)
Европски клуч
Клуч за интеграција
Секогаш и во секоја прилика некој тврди дека го има клучот за решението на моменталната ситуација. Изгледа имаме многу брави за отклучување. Затоа се појавиле толку клучари.
Колку што знам јас, сите клучеви, од секоја просторија, секогаш ги има чистачката. По службена должност. Е сега, со оглед на изобилството клучари, изгледа имаме многу чистачи во државава. А тоа укажува на фактот дека поганиме многу. Правиме ѓубре кое некој мора да го чисти. Некој кој има клуч.
Го метат подот со нашите очекувања. Го бришат здравиот разум како прашина од површните манипулации. Ги светнуваат прозорците со сјаен популизам. Ни ги средуваат расфрланите идеи по бирото за секојдневни активности. Ја празнат корпата преполна со отпадоци згужвана недоверба и прочитани измами. Го правосмукаат рационалниот сомнеж. Го канализираат хаосот создаден од стресниот, напорен обид да се разбере суштината на залудниот труд во ова Сизифовско општество.
Отворете ги своите мисли. Само ограничениот ум има брави. Фрлете ги сите клучеви. И резервните.


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 24 Мај, 2006 - 20:08

Коментари:
  • јас ѓи фрлив..еве..не донесувам(зборам) за..клуч..ок.. (anaveno 24 Мај, 2006 - 20:17 |логирај се за да пишуваш коментари)

  • Некој ми го дрпна клучот...
    Sad Sticking out tongue
    (iacovibus 24 Мај, 2006 - 21:12 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • кој му/и го заклучи срцето..а про по срцето, многу ми е интересна изреката...ми падна камен од срцето..од што? па од срцето? а што ? па камен де? Laughing out loud))))))
    (Аrwena 24 Мај, 2006 - 21:18 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Колку што знам јас, сите клучеви, од секоја просторија, секогаш ги има чистачката. :))))))))) ме насмеа. (paradoks 24 Мај, 2006 - 21:22 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • е па има и метла..а не лета на неа.. (anaveno 24 Мај, 2006 - 21:26 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јавно признавам.КЛУЧОТ за нејзиното срце не го фрлам. Додуша прво треба да ги најдам. Клучот де. (OGI SINKO 24 Мај, 2006 - 22:10 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Клучевите имаат и друга особеност. Се ставаат на приврзок Eye-wink
    Сите кои имаат повеќе клучеви, имаат и прврзок. Обично тоа е некоја изборна програма која им помага да ги држат клучевите за сите решенија на купче.
    (oksimoron 25 Мај, 2006 - 09:48 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • ИсКЛУЧителен пост...поздраффф (Prebond 25 Мај, 2006 - 09:58 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вклучително со коментарите, Пребонд Eye-wink
    Smiling)))
    (oksimoron 25 Мај, 2006 - 16:21 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Супер пост. Каква поврзаност на работите.... Имам четири брави, а клучеви само за две од нив. Која е функцијата на една брава кога нема за неа клуч? Неможеш ниту да ја заклучиш, ниту да ја отклучиш... (Lorin 26 Мај, 2006 - 06:42 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Само ограничениот ум има брави. Си го прифаќам тој епитет на мене.. ама шо да правам кога уште од мал татко ми ме учел дека "закључено си е - закључено". И во навика ми е да си кључам.. не дека сум богат па некој ќе ми ги укради парите али ето по default... па и фабриките за клучеви треба да работат на крај краева, и таму работаат илјадници луѓе, па тие луѓе дома имаат деца за гледање... (ова последново колку малку да си се оправдам)(paradoks 26 Мај, 2006 - 06:52 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Е, кога би можела... Кога јас ќе отклучам некоја глупост која била заклучена длабоко во мојот мозок подолго време... настанува драма. (e-diary 26 Мај, 2006 - 14:03 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ја си ја заклучиф бравата и го голтнаф кључот...... Плеинг Сејф..... :) (MSV 27 Мај, 2006 - 08:34 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Ти верувам МСВ. Ама, признај...коа го стори тоа беше од другата страна на бравата, т.е. надвор од ограничената просторија Eye-wink
    (oksimoron 27 Мај, 2006 - 10:15 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Нцк.... МСВ е едно збунето детенце кое има фобија од отворен простор т.е. мрзи кога не е замотан у бодликава жица, и уште поише мрзи кога замотан со жицата не ги носи неговите лимени плочи пред очите, а највеќе од се мрзи кога така натинтран вратата која ја осигурува безбедноста на неговите четири ѕида е отклучена...... :) (MSV 27 Мај, 2006 - 11:55 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Јас не би ги фрлал така брзо клучевите. Прво да го отклучиме умот, срцето и душата, а потоа онака слободни ДА ГИ ЗАКЛУЧИМЕ овие преваранти, по двапати...се разбира. Е тогаш, клучот во Вардар, да го однесе матната, и нив и клучот. (POPEK 28 Мај, 2006 - 20:39 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Попек.....план Б, а? Smiling
    (oksimoron 29 Мај, 2006 - 00:36 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment