Saturday, April 05, 2014

Г 13


По урнек на популарните самити на светските лидери, почнаа да се организираат и нашите политичари во Македонија . Започнаа средбите во кои учествуваат сите лидери на партии кои имаат свои преставници во парламентот на Р.М. По логика на управувањето со центрите за моќ (институциите) и нивната економска сила (лична), тие се најмоќните кај нас. Сеа си имаме и ние Г 8, сал кај нас е 13-ка. Не, не е Боки 13-ка. Боки е диетална лимунада за нив. Овде има концентрат од шеќер. Иницијативен.
Најпрво, во стилот на Буш и Путин (стварно незнам кој кого го глумеше) имаа средба лидерите на двете најголеми партии. Од позицијата и од опозицијата. Ги поставуваа координатите на дискусијата во која ќе учествуваат и другите, помалку важни лидери. Оти, на некои лидерството им е сал онака... фигуративно. Откако си ги нацртаа координатите и го определија правецот во кој ќе се движи кривата на дискусијата, им се придружија и фигурите. Овај... останатите лидери, де. Се комплетираа. Баксузна 13-ка. Не, не стануваше збор за глобалното затоплување, а најмалку за сиромаштијата. Не збориме ние за ситници кои се дел од секојдневието, обични нешта од нашето опкружување. Не се интересни за иницијатива. Таквите работи ги претрпуваме молчешкум. Затвораме очи и готово. Силни сме ние, можеме да издржиме и жешко и тешко. Единствено сме слаби за именување на лица во институциите на власта. Конкретно, членовите на судскиот совет. Е, за нив се дискутираше. Тие се кривата на правото во координатниот систем на лидерската средба. Као, ако се реши точно задачата, т.е. се определат кои ќе бидат тие – ќе и тргне на Македонија напред. Право во ЕУ. Тешка одговорност за новоизбраните членови на тој совет. Ја имаат на грб цела наша иднина.
Инаку, во сите други држави овие прашања се регулираат преку дискусии во парламентите. Таму народните избраници изнесуваат во јавноста аргументи „за“ и „против“ посочените предлози. И именуваат. Во име на оние кои ги избрале и чиј интерес го застапуваат. Но не и кај нас. Кај нас парламентот е само збир на тастери во рацете на лидерите на партиите. Сони Плејстејшн систем.
Слушам и преЦедателот сакал да учествува во Г 13 самитот. Нормално, и тој има удел во целата оваа каша. Иако не е лидер (бар јавно) на парламентарна партија. Тој по функција е битен додаток во готвењето. Зачин Це. Значи, ќе си имаме Г 13 Це.
Само, едно не ми е јасно.... кај е концертот пред собрание?! А?! Оти никој не организира Лајв 13? До баксузната 13-ка ли е?
Нема, нема Лајв кај нас.... 


п.с. објавено на http://oksimoron.blog.com.mk на 22 Јуни, 2007 - 20:12

Коментари:
  • Топ на Г-6. Ти си на ред. Smiling
    (Бунка 22 Јуни, 2007 - 21:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Вонпарламентарен кркамбар на „големите“ 13, абе да умреш од смеа сме. (RIBARO 22 Јуни, 2007 - 21:24 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Лошо е што ние секогаш сме изиграни со Г-3 финта, а ЛАЈВ има од време на време и во најава дури, ама лоша за уши, оние политички уши, фалш им се слуша.
    (MW 22 Јуни, 2007 - 21:57 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Рачен трекбек: Бистрење политика, vol. 1
    (Развигор 23 Јуни, 2007 - 11:19 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Bunka,
    C-6. Moj си Smiling
    Рибаро,
    кај нас или плачеме или се смееме. Од крајност у крајност. Никако да ја научиме умереноста. Eye-wink
    MW,
    Кај нас Г-3 има такво дејство зашто има премногу коњи на политичката табла. И, не е баш некоја финта, обично изигрување е Laughing out loud Sticking out tongue Smiling
    Развигор,
    постојано бистреме а се поматно ни станува од ден во ден Smiling
    (oksimoron 23 Јуни, 2007 - 13:20 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Опа, Шеш Беш! Smiling
    (Бунка 24 Јуни, 2007 - 12:47 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Еј Здраво. Баш сега ти го посетив блогот супер ти е. Поздрав од мене и ликај ме ако сакаш кон мојот блог, во план сум да ти поставам блогот на мојот фед агрегатор planet.goranandreev.name.mk. Поздрав http://blog.goranandreev.name.mk (Горан Андреев 16 Јули, 2007 - 10:50 | логирај се за да пишуваш коментари)

  • Фала Горан. Smiling
    Договорено Eye-wink
    (oksimoron 17 Јули, 2007 - 14:39 | логирај се за да пишуваш коментари)
  • No comments:

    Post a Comment