Sunday, February 11, 2007

Ден потоа....

Промоцијата низ колаж од фотографии...

Почна со најавата од Трајанка Митрова, популарна тв и радио водителка во Тиквешијата.



Потоа Тамара Арсовска ја промовираше книгата и песните во неа преку прекрасна рецензија.



Следуваше мала модна ревија со креации на модната дизајнерка Лепослава Дабевска Јанакиева. Извонредни модели.

Потоа дојдов јас на ред. Што кажав?!...хм...трескав зелени...и главно се жалев од сопствената книга J)))


Генералниот покровител на книгата, Благој Кучиев многу вешто ја изрази поврзаноста на виното и поезијата.


Публиката беше прекрасна


Потоа дегустација на новите вина од винаријата „Света Елена“.....


Дечкото кој ја направи корицата со авторот и промотерот.

Екипата која стои зад оваа промоција

И секако....најважното.....моето семејство, кое ме полни со љубов, енергија и креативност. Без нив јас не би била ЈАС.

Голема благодарност за блогерската делегација која го збогати настанот со своето присувство:


Развигор, Анастас, Арвена, Герсанина, Рибаро, Хулахопа, Намерник, Волан.

Ги чекам фотките кои беа направени од Марина и Волан , па да ги вметнам во постов J





п.с. поради некои технички проблеми не бев во можност да постирам на блогерај, па го ставив постот тука. Се надевам дека за некој ден ќе се надминат проблемите и ќе можам да го ставам постов и таму.

No comments: