Во 2000та година, кога се отворија архивите и секој имаше можност да побара и добие информација дали за него се воделео досие од службите за безбедност (и да го добие истото доколку постои), имав можност да разгледам едно. Досие на личност која по професија беше лекар. Велам „беше“ зашто таа личност повеќе не е жива. Но досието сеуште го имаат неговата ќерка и внуци. Во него еден дел од имињата на информаторите беа прешкртани со црн фломастер, но еден дел беа оставени. Меѓу тие читливите, беше и името на еден негов колега лекар. Во времето кога човекот ми го покажа своето досие, „информаторот“ беше инволвиран во политичкиот живот на локално ниво. Сега е пратеник во собранието на РМ.
Деновиве
читам за
првичните резултати од работата на Државната комисија за спровдување на лустрацијата. Долго најавуваната и подготвувана лустрација, надуена како шарен балон – ја покажа својата празна внатрешност. Хелиум за создавање на смешни изјави. Од досегашното истражување, Комисијата не успеала да најде ниту еден податок за инволвираност и соработка со службите за безбедност во минатото кај голем дел од актуелните избрани функционери. Истражувањето им се базира на досиеја дадени на увид од Државниот архив и органите на Државната безбедност на РМ. Ме интересира дали досиејата кои и се на располагање на Комисијата за вршење на нивната работа се исто така со прешкртани имиња или членовите на комисијата имаат увид во оригиналните? Која е смислата на истражување доколку се работи за досиеја во кои најважниот елемент за функционаност на комисијата е под црн фломастер? Гол формализам. Бараме да не најдеме. Или ќе почекаме да се изумат ренген наочари кои гледаат напишано под фломастери.
Владата го поминала тестот. За младите избрани функционери нема сомнеж, но што со постарите? Оние кои со децении наназад биле и тоа како инволвирани во општествениот живот? Во време кога точно се знаело кој со каква дејност може да се занимава и каков бил принципот за кариера?
Чекам да заврши истражувањето во однос изјавите на пратениците. Живо ме интересира дали личноста спомената во почетокот на текстов ќе излезе „чиста“. И уште колку „чисти“ како него има, за кои не знаеме?
Затворите ни биле полни со политички затвореници, архивите полни со досиеја, општествено-политичкиот напредок „генетски кодиран“ и наследен низ генерациите…. ама кодоши нема! Освен во народните песни. Како етно елемент. Со тек на време и тие ќе се едитираат. Почнува ребрендирањето…
п.с. објавено на http://oksimoron.blog.mk на
јануари 17, 2010 16:09
Коментари:
Во врска со политиката
сега се ми е онака сатирично… )
тука во простров за коментари
така пишувам…отпролика…
ако и разговараш така како што пишуваш…
Сакаш ја да напишам пост за улошки??…со крилца!
пак… од позиција на министер за надворешни работи не умееше да го реши спорот со соседот, ама сега од позиција на експерт – се‘ знае!
хахаха, па и запршка не е грешка – ова експертите какви манџи прават, ехе!
сатирата ни го одржува духот
има еден виц за ловец и мечка… пукајќи ја промашувал а таа за казна го сексала. И тој упорно се обидувал секој ден да ја погоди, а таа го „онадуела“(троа локално изразување, де). Еден ден му рекла – „а бе, ти на лов идеш или на секс?„
така и експертиве…. колку и да ги навртуваат – пак се враќаат по уште
мило ми е што ти се допадна
во една канцеларија, под стаклото на масичката стои лист хартија на кој е испечатено:
„Во оваа просторија секој носи задоволство. Некои со своето доаѓање а други со своето заминување“
Така и ја. Некои уживаат а некои не
ами нели рамноправност, ова-она, де?!
ете, ја не замерувам – пиши ти за влошките. И со крилца и без. Самолепливи или не. И ултра тенки и ултра впивливи. Со гел или без него. Секојдневни или специјални. Со две или четири крилца. Видиш колкав избор имаш. Ајмо влошки народе!
Сепак, би ти препорачала да ги земеш во обзир и тампоните. Знаеш… современ, динамичен живот денешен. Има еден добар афоризам за нив: „кога мажите би имале менструација – би се фалеле со големината на тампонот!“
Мeсто : 40хх
Тема: Зошто писоарите се ниско поставени
Не, не дека се ниски колегите, туку многу им биле се ‘дугачки’ …
Тоа небило ништо, сега им се тооооолку дугачки сто пишкаат само ако има чучавец
тоа ти е „експертско“ н(и)во на комуникација.
велиш, поради трансформација на грото од колегите, писоарите се веќе надвор од употреба? Ќе треба да ги распишеме у следниот попис на инвентар