oksimoron
Зависност од независноста
Tuesday, December 20, 2022
Меурот од сапуница Џевахир Скај Сити Скопје
Monday, June 27, 2022
Македонија - географски, политички, (не)европски
Убаво што соседите вака јавно признаваат дека поседуваат дел од Македонија.
Да го кажевме ние ова ќе беше "национал-шовинизам" со територијални претензии...вака кога тие кажуваат тоа се европски, демократски вредности...
Македонските политичари се плашат да го спомнат Букурешкиот договор од 1913 година со кој се става крај на Балканските војни и со кој договор Македонија, која како целина дотогаш била под турско ропство, е поделена на три дела помеѓу своите соседи. Вардарскиот дел и припаднал на Србија, Пиринскиот дел на Бугарија а Егејскиот дел на Грција. Поделбата на територијата била вклучително со населението кое живеело во неа.
После Балканските војни поминале и Првата и Втората светска војна, но оваа територијална поделба на географска Македонија останала. Во Егејскиот и Пиринскиот дел населението било асимилирано(милум или силум), но во Вардарскиот дел било признаено како различно со статус на засебна република во рамки на државата Југославија. Само во Вардарска Македонија Македонците биле признаени за Македонци, со сопствен јазик, култура и посебност во рамки на заедничката држава Југославија заедно со други националности, јазици и култури. Нешто слично на денешната идеја за Европска Унија. Ама во процесот на формирање на ЕУ, Југославија мораше да се распадне... затоа што големите риби ги јадат малите (но тоа е друга приказна!)
И одеднаш, со распадот на Југославија тој Вадарскиот дел од Македонија се стекна со независност!
За првпат после векови, во 1991 година Македонците добија сопствена самостојна суверена држава! Еден дел од географска Македонија станува политички ентитет. Каков шок за соседите! Географската целина која ја распарчиле и чии делови присвоиле, со еден свој дел стапува на политичката сцена како независна држава. Дали тоа значи дека ќе побараат обединување со другите делови од поранешната целина, а сега само географска област Македонија?!
Државите се раѓаат низ болка, крв и жртвување. Политичката држава Република Македонија јасно стави до знаење дека нема никакви територијални претензии, во име на мирот и добрососедство се откажа од населението во другите два дела на географска Македонија, дури го промени и знамето по барање на едната соседна држава. Букурешкиот договор стана Волдеморт за македонските политичари. Забрането за спомнување за да не се будат лошите духови. За да не се вознемируваат нашите соседи. Во обид мирно, тивко да се продолжи функционирањето на новоформираната политичка Македонија без оглед на географската. Што било поминало, го оставивме во минатото. Креираме иднина. Но тоа не беше доволно...
Се соочивме со непризнавање токму од соседните држави кои во рамки на своите територии содржат дел од географската Македонија. Одеднаш, само тие имаат право на зборовите Македонија, македонско. Само нивниот дел од Македонија е македонски. Никој не поставува прашање како се стекнале со тој дел од Македонија. И како се однесуваат со Македонците кои живеат таму. Со невидени политички притисоци по 27 години кај новоформираната независна држава издејствуваа промена на името. Географска одредница за издвојување на географска посебност во географската област со одрекување од сите историски повикувања на настани кои се случиле во овој географскиот регион. Едноставно сме паднале од небо тука и се што се случило пред нашето "паѓање" одеднаш исчезнало од нашиот дел на географска Македонија.
Против волјата на народот во оваа држава, искажана на референдум, по 27 години од осамостојувањето една генерација на политичари во Република Македонија прифати промена на името. Во име на добрососедство. Во име на демократските вредности. Во име на аспирациите за влез во ЕУ. Во име... а без име!
Залудно.
Едниот сосед не ни го признаваше името а другиот не ни го признава народот и јазикот. Мора да се уништи целосно македонизмот во овој дел кој успеал да се осамостои за да се негира постоењето и во другите два дела. Да се прешкрта историјата и се напише одново по нивна мерка. Кога веќе има спремност да се прифати промена на име, зошто да се сопре тука?!
Кога видоа дека сме спремни да се откажеме од македонското за да станеме дел од европското, апетитите на соседите пораснаа. Кога нас не ни значи македонското, тогаш тие ќе го присвојат иако го негираат. Иако никогаш нема да се нарекуваат Македонци ниту на дел од своите државјани им дозволуваат да се нарекуваат така како етнитет, иако во нивните држави не се користи македонскиот јазик ниту им дозволуваат на луѓето кои го говорат да го употребуваат официјално. Македонија не постои, ама нивна е!
Мислам дека е време македонските политичари да ги променат наративите.
Да прозбореме за Букурешкиот договор.
За одлуките на тогашните европски држави кои биле гарант на Букурешкиот договор со кој се подели Македонија, дека истите беа гарант на Преспанскиот договор со кој се промени името на државата и се забрани употребата на зборот македонско од наша страна, а сега истите се подготвуваат да бидат гарант и на следен договор со кој ќе се избришат и народот и јазикот како македонски. Со фусноти.
Со таков гарант гарантирано ни е само губењето на државата. Времињата се променија но играчите останаа исти. Истите кои еднаш ја уништија Македонија географски, сега ја докрајчуваат политички. Без војна. Со купопродажба. Затоа што сакаме да бидеме дел од тоа друштво по секоја цена. Купуваме членство во ЕУ. Распродавајќи се себе. 30 години ЕУ ни продава идно членство по цена на бришење се што е македонско како самостојно и независно. Купуваат држава а ние плаќаме со бришење на идентитет. 110 години од Букурешкиот договор, толку беше доволно за целосно спроведување на политиките на европските земји за овие простори.
Ќе бидеме генерација која сведочела и учествувала во создавањето на првата македонска независна држава и во нејзиното уништување истовремено.
Освен ако не сфатиме дека со "дипломатските" купопродажни договори преку кои тргуваат со демократските (европски) вредности ни продаваат оштетен производ, па да направиме рекламација кај гарантот со враќање на производот.
Не ни треба такво членство во таква ЕУ.
Sunday, March 13, 2022
Последната генерација која ќе остари
Да се биде млад е новото ин на денешницата. Социјалните медиуми се преполни со фотографии и видеа во кои се користат филтри за измазнување на кожата, задебелување на усните, контурирање на лицето, промена на обликот на очите, веѓите, згуснување на косата... Се почесто се случува и повеќе да не се модификувани фотографиите туку самите луѓе. Застапеноста на широк спектар од начини на модифицирање си го прави своето. Ботоксот, хијалуронот, естетските корекции денес се лесно достапни за сите. Фотографии од пред и потоа ни се насмевнуваат од платените реклами на естетските студија со поволни понуди за закажување термини. Имаме другарки, колешки, роднини кои ги користат нивните услуги. Салоните за разубавување прераснуваат од салони за шминкање во салони за естетски корекции. Она што порано беше "тајната" на познатите филмски ѕвезди станува јавен модел на грижата за својот изглед. Тоа станува толку распространето и вообичаено што луѓето почнуваат да се згрозуваат од неиспегланите брчки и побелената коса, засега кај одредени (ретки) филмски ѕвезди кои одлучиле дека сакаат да остарат и покрај можноста да го корегираат тоа. Читам бројни коментари преполни со осуда како можеле да си дозволат да изгледаат толку запуштено. Зарем денес, кога речиси секој може да си дозволи илузија на вечна младост, тие како јавни личности да бидат потсетник за биолошката реалност на стареењето? Скандалозно!
Со ваква експанзија на промовирање и употреба на методите за прикривање на староста, следните генерации ќе пораснат во општеството каде нема да може да се одреди возраста на личноста според нејзиниот изглед. Годините нема да содејствуваат со изгледот. На појавата на секоја нова брчка благовремено ќе се оди на третман, како што денес се оди кај стоматолог при појава на кариес. Сите старосни промени на кожата ќе бидат навремено санирани како одраз на грижата за својот изглед и здравје. Како што денес ни се вообичаени и допадливи блескави насмевки на порцелански коронки, така во иднина ќе ни бидат испегланите лица. Лицата со брчки ќе ни изгледаат одбивно како денес лицата со поткршени или непоправени заби. Одраз на негрижа и сиромаштија. Неиспеглани алишта може ќе се простат, ама неиспеглани лица никако!
Неминовен процес. Возраста ќе стане област на естетика. Годините етика. Староста етикета.
Не осудувам. Разбирлива ми е желбата за добар изглед. Човештвото ја носи во себе желбата за допадливост. Само критериумите се менуваат низ вековите. Но младешкиот изглед секогаш останува на врвот на листата. Денес како никогаш досега лесен за постигнување и одржување. Можеби се уште не можеме да ја избегнеме смртта, но барем староста можеме.
Додека уште имаме избор.... јас моите години ги сакам. Се радувам на секоја нова како да собирам јаболка и уживам во вкусот и мирисот додека гризам од нив. И секоја нова брчка и бело влакно ги прегрнувам, тоа за мене се траги од животот. Мојот живот. Се надевам дека ќе доживеам длабока старост и истата ќе биде видлива во длабочината на моите брчки. Не сакам да ги избришам. Можеби сме последната генерација која ќе има можност да остари природно. Пред тоа да стане недостоинствено.
Friday, June 04, 2021
Безобразно образование
"Ако сакаш да уништиш една нација, уништи и го образованието"
Толку често ја слушаме оваа мудрост!
Ја цитираат во разно разни пригоди , неизбежна е секој пат кога се коментира образованието во Македонија. Одговорноста се лоцира во законските регулативи кои го опфаќаат образованието, во квалитетот на образовниот процес преку квалитетот на учебниците и квалитетот на образовниот кадар, во опременоста на училиштата од технички аспект, во несоодветно спроведени реформи препишани од понапредни и поорганизирани држави.... слоеви и слоеви одговорност. Сите легитимни. Насекаде околу нас.
А да погледнеме малку и во нас самите?
Последниве 20 години живееме во општество со извртени вредности. Толку многу го изместивме нормалното во овие години од осамостојувањето на Македонија до денес, што остана заглавена мисла "дали бев пеперутка која сонува дека е човек или човек кој сонува дека е пеперутка". Она што некогаш беше предмет на почит денес е предмет на потсмев. Она што некогаш беше неприкосновено денес станува лесно за лажирање.
Знаењето.
И сите ние допринесовме за тоа.
Родителите станаа влијателни учесници во образовниот процес. Секојдневно јавување, ургирање за подобри оценки на нивните деца, газење врз авторитетот на професорите со преиспитување на системот на оценување, пишување домашни задачи наместо нив, расправање на родителски состаноци дека нивното дете е паметно и знае се а професорот не знае и погрешно го оценил... субјективноста на родителот започна да ја поткопува објективноста на професорот! Се користат сите расположиви методи за вршење притисок - роднински, колегијални, соседски, партиски... само за да се има Петка во свидетелството на нивното дете, не е важно дали истото поседува соодветно знаење за таа оценка. Денес родителите се толку многу опседнати со успехот на своите деца што се подготвени и да се закануваат на професорите. Длабоката партизираност во нашата држава им го овозможува тоа Па тие седат на партиски состаноци со нивните директори, тие гласале на партиски состаноци за вработување на професорот, тие може да делуваат да ја изгуби работата или во најмала случај да биде казнет затоа што "погрешно" оценил нечие дете. "Почекај, ќе ти се јави директорот" е последната стапка врз авторитетот на професорот. (Додуша, ова не изолиран случај само во образованието, ама сега темата е тоа)
Денес е многу тешко да измериш знаење според успех во образованието. Она што е на хартија со она што реално значи знаење и вештини. Дипломата не го потврдува знаењето повеќе. Беспоштедната борба за оцени на родителите доведе до ситуација деца кои имаат "одличен" успех во основно образование, "одличен" успех во средно образование, "одличен" просек на факултет (каде освен ургирањата функционира и платежено влијание) да станат "академски кадар" иако реално не знаат ни основни граматички правила. И тој кадар станува конкуренција при вработување на оние деца кои за успехот се избориле со сопствено знаење. Всушност не... пак остануваат над конкуренцијата, затоа што нивните родители кога успеале да ги донесат до тука, имаат моќ и да ги "вдомат" во некоја државна институција. Мора во државна затоа што само така може да продолжи ланецот на "влијание". Во приватниот сектор се бараат знаења и вештини. Но за пониски плати и бенефиции... бидејќи овој извртен систем дозволува експлоатација на трудот во приватниот сектор затоа што државниот го водат "влијателните"... И затоа младиот и способен кадар ни бега од државава... Ланецот е нераскинлив - или ќе се покориш на кругот на влијанието, или фаќаш магла!
За девалвација на учителската фела влијаат повеќе фактори. Една од најблагородните и со далекусежни последици професија е најниско платена на пазарот на трудот. Начинот на вработување (како и во сите други државни институции) е детерминиран од партиските прилики. Или неприлики. Со самото тоа професијата станува незаштитена од "влијанија". Значи, недоволно платена и недоволно ценета а уцената.
Затоа сме тука каде што сме. А каде ќе бидеме за 20-30 години зависи од "успехот" и "влијанието" на денешните децата и родители.
Какво образование сакаме?
Каков образуван кадар сакаме?
Каков производ од образовниот процес сакаме?
Каква Македонија сакаме?
Ако сакаме...
П.С. секоја чест на оние кои успехот го постигнале и се уште го постигнуваат со знаење. За жал, со секој изминат ден, стануваат исклучоци... и цела надеж ми е во нив!
Monday, October 28, 2019
Кога пазарот на трудот станува пазар со трудот
На пазарот на трудот во нашава држава се соочуваме и со вакви апсурдни ситуации, каде вреднувањето на одредени професии е толку ниско што го обезвреднува целиот образовен систем и вољата за образување кај младите луѓе, како и желбата да се остане и работи тука по завршувањето на образованието. Не можеме да очекуваме посветеност во професијата ниту лојалност кон државата од луѓе кои не чувствуваат дека таа држава се грижи за нив и им обезбедува фер услови за работа и егзистенција.
Постои уште едно можно објаснување (во сферата на претпоставките, де) .... Веројатно огласот за собирач на ѓубре е од јавно претпријатие каде мораат да ја објават реалната плата која ќе ја зема и на која ќе биде осигуран вработениот, додека огласот за лекар е од приватна ординација која своите вработени ги пријавува и осигурува на минималната плата (заради законска обврска, данок и слично) а врши доплата на рака до реално договорената плата (20 до 25 000, што е се уште далеку од вреднувањето на трудот, едукацијата и одговорноста на лекарот) која се договара на интервјуто за работа. Многу приватни фирми функционираат на овој принцип, што е нефер и кон државата (се избегнува данок, помалку средства во пензиски и здравствен фонд, пониска просечна плата) и кон вработениот(помала пензија, помала кредитоспособност, несигурност на побарувањето на разликата). Сегашната поставеност на обврската за минимална плата им овозможува на приватните фирми ваква злоупотреба и манипулација и со вработените и со државата. А доведува и до тоа граѓаните да го идеализираат и водат ултимативна битка за работно место во државна институција иако секаде во светот приватниот сектор е многу подобро платен од државниот. Само кај нас имаме директори на фирми, инжинери, лекари, стоматолози, сметководители, правници (и ред други професии) кои „земаат“ плата од 12 500 денари во приватниот сектор, иако тие професии во државниот сектор се барем дупло повисоки. Ако тоа се реални плати за СИТЕ професии во приватниот сектор (има апсурдни ситуации каде болничар, сестра и лекар ја земаат истата плата, онаа минималната одредена од државата), тогаш нешто навистина е многу погрешно уредено во државава.
Без оглед дали е точна претпоставкава или огласот е реален и навистина бараат лекар кој ќе работи за наведената плата во него (немерливо потценување на една ваква благородна професија), решението е во креирање на листа со загарантирана минимална плата по професија на државно ниво. На пример, учител да не може да биде осигуран под 30 000, инжинер под 35 000, лекар под 40 000.... Да имаме некаква заштита на професионалниот кадар во нашата држава. Пазарот на трудот може да ја менува висината на платата, но да има граници под кои не смее да се вреднуваат некои професии. Ова би донело повеќекратна корист првенствено за државата - задржување на кадарот, негова посветеност во дејноста, полни пензиски и здравствени фондови.
Кога минималната плата одредена од државата ќе биде градирана по професии, започнувајќи со 14 500 за општи работници па нагоре според вид на образование и професии, ќе се постигне и повисока просечна плата. И поголема мотивираност на вработените во сите професии. Да станеме држава каде вработените се вложуваат целосно во својата професија затоа што знаат дека државата го вреднува нивниот труд и го штити нивното право на достоинствен живот. Без оглед дали работат во државен или приватен сектор.
Tuesday, June 04, 2019
Ројка
- Не знам точно, нешто навредливо... што е?
- Ројка е овцата која се дели од стадото. Не биди ројка.
(другарска насмевка со благ прекор)
Си го имаме муабетот и смисолот за хумор со другар ми, можеме вака да си речеме. ;)
Продолжуваме понатаму а јас размислувам...
Thursday, June 21, 2018
Име со географска одредница
Wednesday, June 13, 2018
Кавадаречки зодијак
НЕСАЛАМ
Нему се му е заебанција. На најсериозни теми он смислува шеги. Кога сите се повлекуваат, он ризикува и тера понатаму. Може да постигне многу а и да изгубе се. Шизик на ризик, шо би се рекло. Делува несериозно, ама делува и тоа како! МОТО: И шо сеа, да го ебам?!
НЕ СУ ОД ТУА
Он ништо не знае. Он сеа дојди. Он не разбрал така. Него не го интересира тоа. Никој не му кажал. Не видел ништо. Делува нереално колку е изгубен у простор и време. А само се прави така, точно знае кај е и шо се дешава. МОТО: Не знам ја, не бев тука.
Sunday, May 08, 2016
Трансфузиологија Македонија
Friday, March 11, 2016
Tragovi od blog.com.mk
Address of subdomain: oksimoron.blog.com.mk
Open-Closed Questions
A Dysfunctional World
Feature- Officials- Operatives- Functionality
Blagodaram!
eve gi i linkovite za originalnite tekstovi - Фразеологија i Дисфункција
Saturday, April 05, 2014
Рестартирање
јули 14, 2010 13:46
Ток Шоу – Дуел со Бранко
март 17, 2010 10:17
- filip22 вели:
март 16, 2010 на 10:00 pmpartik-Ама ти си јанлаш.Погледај на ХТВ имаш секоја вечер дуели меѓу позицијата и опозицијата,на било кое ниво.Кој бега од дуел значи нешто крие или нешто ќе прави што не е во ред.Што се однесува за поларизацијат и тука си јанлаш.Вистна дека таа е строга и контролирано но,ако ги погледнеш анкетите ќе видиш дека Премиерот е далеку над сите,неговата партија е далеку нада сите напред.Само тоа навидум е така,ова се случува некаде во 4о-45% од анкетираните,останатите 55-60% се или неопределени или незнат дали ќе гласаат.Тоа значи дека неутралното гласачко тело ја определува власта.Ове е сериозен проблем за позицијата и опозицијата.Е затоа се потребни овие директни судири пред јавноста на опозицијата и позицијата.Никој никого не смее да потцени,бројките на анкетите не го кажуваат тоа,на никого местото не му е гарантирано.На секоја енкета процетот на неопределените и тие што нема да гласаат е се поголем.За тоа изгледа дека оваа влада не е свесна. - Во секоја нормална држава има телевизиски дуели помеѓу власта и опозицијата. Само кај нас власта бега од соочување.anakondor — март 17, 2010 @ 11:25
- Треба да е јасно, како бел ден, дека сите кои се залагаат да НЕМА дуел од било каков вид, се уште поголеми плачковци и пи*ки од самиот Грујо. Грујо си тера сеир, си се полни пари, а вие тука како некои будали се трудите да му го оправдате стравот.Па дури и јуначки сакате да изгледате. Жалосно.
- EPA TVOJOT MIL GRUJO ODI NA TOK SOUA, A NE SE POJAVUVA NA DUELI, POSTO NEMA DA ZNAE KOJ KRAJ DA GO FATI, NEMA ODGOVOR ZA SVOJATA LOSA POLITIKA I ZA SE STO NAMERNO MU PRAVI NA MAKEDONSKIOT NAROD, KAKO GO OSTAVA DA GLADUVA A TROSI 200 MILIONI EVRA ZA SPOMENICI I SLICNI GLUPOSTIrealnost — март 17, 2010 @ 13:46
- Diktatura ili Demokratija,granicata e tenka a Gruevski veke e dlaboko navlezen vo apsolutizmot,gi srusi site opstestveni standardi i vrednosti,neznam kako zaspiva,verojatno lesno zatoa sto zivee vo svetot na bajkite kade se e ubavo i nisto ne se slucuva dodeka negovite glasaci se prevrtuvaat vo krevet so prazni stomaci.Branko znae sto e odgovornost i e podgotven da zbori otvoreno i javno,dali Gruevski ke sobere hrabrost i da izleze na tv duel ostanuva da vidime?!karenasun — март 17, 2010 @ 13:54
- Во кое време е глаголот „ќе работиме“?
Идно време.Во кое време е глаголот „размислуваме“?
Сегашно време.Во кое време е глаголот „дебатиравме“?
ИЗГУБЕНО време.Ме заболе мене увото за дуели и муабети и мерења на кого му е поголем ораторскиот капацитет.Дела, а не зборови.На таа тема, еве мој пост „Сите дебати се потполно бескорисни“:http://blogatash.wordpress.com/2010/01/08/♦-сите-дебати-се-потполно-бескорисни/Богдан, Нено Богдан — март 17, 2010 @ 14:36 - Денеска забележав дека последните два
поста на блогот Оксиморон се полни со клевети кон мене.Во првиот
пост „Евро Македонизам“ Вероника не го спомнува експлицитно моето име,
но клевети дека „Граѓаните за Европска Македонија“ одработуваат некаква
агенда за лицето БЦ.Баш ме интересира Вероника, како лично би
… се почувствувала ако некој без никакви аргументи јавно те наклевети
дека си била изнајмена за да одработиш за нечија политичка агенда?
http://jasnesumjas.blogspot.com/2009/03/blog-post_3612.htmla so argumenti?шербет — јули 7, 2010 @ 12:22 - Напишал пост „Сите дебати се потполно бескорисни“ и оставил отворени коментари – да се дебатира околу тоа ….А околу Грујо, па он нема потреба да дебатира – има висок рејтинг.А за невработеноста нека си дебатираат невработените …….
- Шербет, овие на Милчин дружината изгледа се удрени со мокор чорап или се такви од роџење
- Пензионеров се *уработи* супер па уште на ТВ да го гледаме!
Инаку признавам дека е шоумен, докажано, ги акаше Македонците, со години, по керамиди. - шербетипашербет — декември 21, 2010 @ 17:12
Наше, а светско!
март 1, 2010 23:03
- Македонската жена ако е вработена зема најчесто африканска плата со која не може да си дозволи да оди во финска саунаБлогдан, Нено Блогдан — март 2, 2010 @ 02:21
- Нено,
башка, излегува во ирски паб а негува англиски хумор - А ако мажот и се врати пијан дома од некое грчко узо или шкотско виски, ќе го прати да спие во дворот или во гаража, и тоа на полски кревет!Нено Богдан — март 3, 2010 @ 17:07
- Eh taa pridavka …Zobl — април 24, 2010 @ 00:44
вистина…
поздрав…
епа…стај се` на USB-то и отвори со нова верзија
која е у подготовка!
п.с. да не знаев, ќе се чудев: шо пишуе ВАА?
Токму тоа е она што ни треба на сите одвреме на време.
обратни општествени науки
поздрав
…на металната планета која сјае од одсјајот
е па колега, е па шо! ВАА е на одмор
викаш, надградена и проширена верзија ќе има?! )
како на метроном… машински, роботски стил
инсистирањето на концизност ми е маана која се обидувам да ја претворам во доблест )
рестарт, до следното блокирање
или до следната надградба на системот
ми блокира системот…
Ако нема фајде од рестартот – форматирање му е мајката!